О’Нил против Фелпс, Серена и Де ла Хоја
Центарот на Кливленд смисли оригинален начин да се забавува на АБЦ телевизијата. Серијалот под името „Шек VS“ тргува во етер на осми август, а легендарниот кошаркар ќе има можност во гости да ги има и да ги предизвика најпознатите имиња од различни спортови.
Во првата епизода некогашниот ас на Орландо и на ЛА Лејкерси ќе се натпреварува против сопственикот на осум златни медали од Олимписките игри во Пекинг Мајкл Фелпс, се разбира во базен. До крајот на серијата Шек го очекува многу работа, а ќе мора да боксува против некогашниот светски првак Оскар де ла Хоја, да игра тенис против Серена Вилијамс и да разменува пасови со квотербекот на Питзбург Бен Ретлисбергер.
Врв на приказната ќе биде акцијата на Шек на песок кога ќе игра одбојка против олимписките првенки Кери Волш и Мисти Меј Тејлор, а Шек (37 години) ќе има по една недела време за подготовки за одреден спорт. |