Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести


Менаџерот на Камерунецот, Месалес, ги договори условите за петгодишниот договор на својот клиент Ето

Интер и Ето го договорија трансферот

Само неколку часа откако италијанските медиуми објавија дека Ето наместо во Интер ќе оди во Милан, менаџерот на Камерунецот, Месалес, ги договори условите за петгодишниот договор на својот клиент, сепак, со шампионот на Италија. Месалес замина во Барселона со договор за петгодишен престој на Ето во Интер, за време на кој напаѓачот ќе заработи 50 милиони евра плус бонуси.

Барселона и Интер од поодамна ја договорија размената на играчи, со 40 милиони евра отштета кои Барса ќе треба да ги уплати на сметката на „нероаѕурите“. Откако Ибрахимовиќ ќе пристигне на „Ноу камп“ како позајмен играч на една година на „Сан Сиро“ треба да стигне Александар Хлеб.

Инаку, Интер во моментов се наоѓа на турнеја во САД, а во последниот меч загуби од Челзи со 0:2. Головите за лондончаните ги постигнаа Дрогба во 11 и Лампард во 52 минута од пенал. Златан Ибрахимовиќ влезе во игра во 59 минута. Овој пораз е капак на лошите игри на Интер во подготвителниот период. По ремито со студентите од УКЛА колеџот, следеше пораз од Америка, осмопласираниот тим во Мекиско. Три меча без победа се многу за Мурињо, кој реши да не се појави ниту на прес-конференција по мечот со Челзи.

Насри jа скрши ногата на тренинг



Фудбалерот на Арсенал Самир Насри ја скрши фибулата и нема да биде во состојба да игра во наредните три месеци, соопштија од клубот. Насри тешката повреда ја заработи на тренингот во Австрија, каде тимот се подготвува за наредната сезона. Францускиот репрезентативец во солзи веднаш бил префрлен во болницата во Хартберг. „Ова е тежок удар за нас. Насри е еден од клучните фудбалери во нашиот тим. Ќе мора без нег�� да ја почнеме сезоната“, изјави менаџерот Арсен Венгер.

Свен Јеран Ериксон оди во наjстариот клуб на планетата



Сензационална вест стигна од Англија. Шведскиот фудбалски стручњак Свен Јеран Ериксон (61) ја прифати понудата за должноста спортски директор од англискиот четвртолигаш Нотс Каунти, најстариот фудбалски клуб во светот, формиран далечната 1862 година.

Како што е познато, Ериксон во 20001 година стана првиот странски селектор на англиската репрезентација. Таа функција ја извршуваше пет години, а потоа го водеше Манчестер сити во сезоната 2007/2008. Неговиот последен ангажман беше селектор на Мексико. Поради лошите резултати во квалификациите за СП беше сменет.

„Ме привлече идејата за изградба на клубот на долги патеки. Својата кариера ја започнав во клуб од низок ранг во Шведска, кого успеав да го поведам на патот кон првата лига. Ова е шанса повторно да се обидам да го направам тоа, но сега со најстариот тим во светот“, изјави Ериксон.

Инаку, Нотс Каунти заедно со уште 11 клуба беше коосновач на „Фудбал лиг“ во 1888 година. Во 1894 го освои ФА купот, што и до денеска е единствениот голем клупски трофеј. Последен пат Нотс Каунти беше дел од англиската клупска елита во 1992 година.

Реал М. jа купи Ѕвездата на Гетафе



Реал Мадрид купи уште еден играч, но за разлика од спектакуларните досегашни засилувања, новиот играч е Шпанец и чини само четири милиони евра. Станува збор за Естебан Гранер (22) од Гетафе, кој практично се враќа во Реал, каде ја почна кариерата, а во 2007 година беше продаден на Гетафе за 2,5 милиони евра. При продажбата мадриѓаните, сепак, го осигураа правото на купување, па немаше опасност да се вклучи некој друг клуб.

Фергусон: Тевез не вреди 28 милиони евра



Менаџерот на Манчестер јунајтед Алекс Фергусон смета дека играч како Тевез нема шанси да вреди 28 милиони евра. „Причината што тој не остана е едноставна. Тој не вреди 28 милиони и затоа не го задржавме. Сити ги прифати тие услови и го купи. Да, тој беше популарен кај навивачите. Тие секогаш имаат свои херои. Бев за тоа со него да се потпише договор што ќе одговара на неговите квалитети, но овој тоа не беше“, порача Фергусон.


Статијата е прочитана 724 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
За Астралоза 16. етапа, без промени на врвот
О’Нил против Фелпс, Серена и Де ла Хоја
Работнички ќе го урива Крусејдерс со тројца напаѓачи
Заврши европската приказна за Македонија ЃП
Милано на „излет“ во Копривица