Број 3043  четврток, 23 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Работнички ќе го урива Крусејдерс со тројца напаѓачи

УЕФА го суспендира тренерот Стратев на еден меч и го казни со 1.000 евра поради црвениот картон во Белфаст

Сашко Ѓ. Димовски

Работнички најавува офанзивна игра, формација со тројца напаѓачи, и порачува дека нема намера да го брани ремито од Белфаст (1:1) и на тој начин да обезбеди двомеч со Одензе во третото квалификациско коло за Лига Европа туку ќе оди на победа во денешниот реванш меч со Крусејдерс на „Филип Втори“ во 17 часот. Тренерот Зоран Стратев признава дека неговиот состав е поблиску до Одензе од нивниот северноирски противник, но истовремено, заедно со претседателот на клубот Драган Поповски, упатуваат на претпазливост.

„Мечот со Крусејдерс е од големо значење за рејтингот што го ужива Работнички во Европа со резултатите во последните неколку сезони, за рејтингот на македонскиот фудбал и на крајот на краиштата тука е финансискиот аспект. Затоа имаме максимално сериозен пристап“, вели првиот човек на „романтичарите“, Драган Поповски.

Стратев е оневозможен да ја води екипата од клупата. Ќе биде човек повеќе на Јужна поради казната на УЕФА за добиениот црвен картон во Белфаст. УЕФА изрече еден меч пауза и за голманот Кристијан Наумовски кој исто така предвреме го заврши првиот меч со Крусејдерс. За пречекорувањето на просторот предвиден за движење на тренерите, Стратев е суспендиран на еден натпревар и парично казнет со 1.000 евра. Но, вели тоа нема да биде хендикеп.

„Од горе поубаво се гледа и координира“, во шега прокоментира популарниот Жути и продолжи:

„Бевме резервирани пред првиот меч бидејќи не го знаевме противникот. Сега е поинаку. Но, претпоставките за Крусејдерс се остварија. Освен екипите од Премиерлигата што ни се добро познати и играат европски фудбал, останатите клубови од тој дел на Европа негуваат типичен островски фудбал. Морам да признам дека имаме поквалитетен тим од противникот, дека ќе биде вистинска катастрофа ако не минеме во третото коло, меѓутоа сето тоа треба да го оправдаме на теренот. Во првиот меч Крусејдерс одигра над своите можности, даде 100 отсто и на крајот се радуваше на реми. Ние не одигравме така добро како што знаеме, се надевам дека тоа ќе го сториме денеска“.

Фудбалерите со нетрпение го очекуваат првиот судиски свиреж, а атмосферата меѓу нив и очекувањата ги изнесе интернационалецот од Србија, Раденко Бојовиќ.

„Утрешниот меч со Крусејдерс ќе биде сосема поинаков од првиот во Белфаст. Единствен проблем таму ни беше што не знаевме ништо за противникот, па затоа одевме на резултат и успеавме да ја исполниме целта. Крусејдерс таму наметна англиски стил на игра, ние овде ќе наметнеме балкански. Се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на крајот и ќе успееме да опстанеме во Европа што е можно подолго“, рече Бојовиќ.

Во последен момент дојде до промена на судискиот колегиум за денешниот меч. УЕФА првично делегира судии од Данска, но раководството на нашиот клуб реагираше на таквата одлука и побара нивно изземање поради тоа што подобриот од двомечот меѓу Работнички и Крусејдерс во следната фаза ќе се соочи со данскиот прволигаш Одензе. Во Нион ја прифатија забелешката, па за денеска во Скопје испратија судии од Чешка. Главен арбитар ќе биде Радек Прихода, ќе му асистираат Емил Убиас и Јири Јирик.



Промовираната новата спортска опрема и химна на РаботниЧки



Вчерашната прес-конференција управата на Работнички ја искористи и за промоција на новата спортска опрема и новата химна на клубот. Опремата е од брендот „Јома“ каков што носат голем број фудбалски гиганти во Европа. Со шпанскиот производител на спортска опрема претседателот на Работнички, Драган Поповски, потпиша тригодишен договор. Но, тука не застанува соработката меѓу двете страни. „Јома“ изрази волја за комплетно спонзорство на пет фудбалери на Работнички за одреден период. Тие ќе бидат одбрани лично од нејзини претставници.

Прес конференција беше накратко прекината и за промоција на новата клупска химна, “Работнички шампионе“. Нумерата е во изведба на Влатко Илиевски, текстот е на Весна Малинова, а аранжманот на Владимир Дојчиновски.


Статијата е прочитана 284 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
За Астралоза 16. етапа, без промени на врвот
О’Нил против Фелпс, Серена и Де ла Хоја
Заврши европската приказна за Македонија ЃП
Милано на „излет“ во Копривица
Фудбалски вести