Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Вицепремиерот Адеми дели лекции за албанскиот јазик

Вицепремиерот Абдулаким Адеми, кој на завчерашното доделување решенија за работа на 30 студенти ги покани сите медиуми, говореше само на албански јазик. Тој не најде за потребно да ги удостои македонските новинари и да им се обрати и на официјалниот македонски јазик, туку наместо тоа, им порача да го научат албанскиот јазик или да си носат со себе преведувач.

„Ова покажува дека медиумите на македонски јазик, односно новинарите, би требало да почнат да учат албански јазик. Доколку не учат, тогаш нека вработат по еден Албанец да им преведува“, рече Адеми. Вчера вицепремиерот Адеми не беше достапен да одговори која му била идејата за ваквиот настап. За вицепремиерот не претставуваше никаков проблем ниту тоа што не беше обезбеден превод на македонски јазик.

Експертите сметаат дека во настапот на Адеми нема никаква политичка порака, туку се користи прилика за добивање дневнополитички поени.Дали Адеми најавува дека во иднина и нема да говори на македонски јазик и со тоа ја повлекува линијата на федерална употреба на официјалниот јазик?

Од ДУИ велат дека ова, всушност, е негов одговор, кој е целосно во согласност со одредбите и придобивките од Рамковниот договор и не е во колизија со ниту една уставна или законска норма. „Постојано велиме дека познавањето на јазикот помага во градењето доверба и етничка кохезија затоа тоа мора да биде двострано. Таа посветеност време е да се покаже на дело од двете заедници“, одговараат од партијата на Али Ахмети.

Од Кабинетот на претседателот на Владата вчера изостана реакција, иако побаравме одговор на прашањето дали ќе реагираат на однесувањето на вицепремиерот.

Политикологот Владимир Божиновски оценува дека ова е само еден „излет“ на вицепремиерот Адеми, кој не очекува дека ќе се повтори во иднина. Главниот проблем, вели тој, е што партиите на Албанците се базираат на етнички концепт и никако не успеваат да се трансформираат во граѓански.

„Ова е само еден инцидент кој има дневнополитичка употреба и е за локална употреба, за кога ќе излезат на митинзи да имаат што да кажуваат пред гласачите. Но, ова е застарен модел и граѓаните повеќе ги интересира како економски да опстанат. Од друга страна, со ова непотребно се иритираат и македонските политички партии и дел од македонските граѓани. Со вакви ситни излети се обидуваат да се прикажат како омилени политичари со таа етничка компонента затоа што не знаат поинаку да се претстават“, истакнува Божиновски.

Тој додава дека иако не гледа никаква политичка порака, сепак, не смее да се пренебрегне фактот дека таквиот скандал се случува од висок функционер во Владата на Македонија. (Св.У.)

 


#
Статијата е прочитана 456 пати.

Испрати коментар

Од: Silvester, Sidnej
Датум: 10.07.2010 04:08:07
Kutriot Ademi da bese nekoj foneticen jazik mozebi ke podnaucev nekoj zbor. Ne mi e ic, ama ic simpaticen. Nekako mnogu nasila sevo ova...

Најди! во Утрински
Македонија
Негрижата урна даб стар 700 години
Во Гостивар се веат знамиња на непостоечки празник
За нуркачите 300.000 денари
За слепите нема социјален стан
„Бубренорфин“ и на државна сметка
ЕУ може да и' помогне на Македонија
Јавни опомени за советници
Прилеп се подготвува за „Пиво фест“