Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Јавни опомени за советници

Јавни опомени поради истовремено извршување на две функции изрече Антикорупциската комисија за двајца велешки советници. Судир на интереси е констатиран кај членовите на Советот на општина Велес, Асен Прличков и Панче Иванов, кои се и директори на училишта. Прличков е директор на општинското основно училиште „Васил Главинов”, а Иванов на општинското средно училиште „Јовче Тесличков”.

Државната комисија за спречување корупција им дава рок од 15 дена на советниците, кои се и директори, доброволно да се откажат од извршувањето на една од двете функции за да излезат од состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

„Асен Прличков и Панче Иванов не постапија по барањето и затоа е донесена одлука за изрекување јавна опомена“, објаснуваат антикорупционерите. Доколку Прличков и Иванов се оглушат на барањето, тогаш државната комисија до градоначалникот на општина Велес ќе поведе иницијатива за престанок на вршењето на јавните овластувања или должности.

Државната комисија констатирала судир на интереси и за Тони Ефремоски и за Илза Мислими поради истовремено извршување на функцијата членови на Советот на општина Гостивар и функцијата директор на средното економско општинско училиште „Гостивар“, односно на јавната установа за деца, детска градинка „Детска радост“. (К.Ч.) 


#
Статијата е прочитана 365 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 10.07.2010 00:34:27
Бети Кузмановска, советник во Општина Кочани, е директор на детска градинка во Кочани. Исправно ли е ова? Дали Антикорупциска гледа селективно? ( http://otpor.log.ph )
Од: kris
Датум: 10.07.2010 11:35:30
pa, dobro be so pravi toj goran petorv od vmro vo veles. pa seuste site direktori od sds se na funkcii. koja politika toj ja sproveduva na vmro ili sds. ajde skopje vkluci se malku
Од: mitra
Датум: 10.07.2010 15:45:35
Ta ne se sade tie ta ne se sade tuka. Poveke se. Na site treba. Ako imaa doblest trebase sami da go storat toa -da se otkazat od ednata funkcija, no so ogled na toa deka nemaat doblest treba vaka javno da se prozivaat, jer majmun radi sto majmun vidi, setete se na pratenicite so plata i penzija. Dali ima kraj.

Најди! во Утрински
Македонија
Негрижата урна даб стар 700 години
Во Гостивар се веат знамиња на непостоечки празник
За нуркачите 300.000 денари
За слепите нема социјален стан
„Бубренорфин“ и на државна сметка
Вицепремиерот Адеми дели лекции за албанскиот јазик
ЕУ може да и' помогне на Македонија
Прилеп се подготвува за „Пиво фест“