„Бубренорфин“ и на државна сметка
Освен со метадон на товар на државата, наркозависниците ќе се лекуваат и со „бубренорфин“, лек со кој болеста побрзо се става под контрола, а поретки се и наркокризите. Од понеделник на Клиниката за токсикологија стартува државната програма за третман со „бубренорфин“, за што Владата одобри 150.000 евра за до крајот на годинава. Со програмата дел од наркозависниците веќе нема да мораат да го купуваат лекот, кој за еден месец терапија чини околу 6.000 денари. „На товар на државата со овој лек ќе може да се лекуваат 100 наркозависници. За тоа ќе одлучува посебна комисија што е формирана на клиниката. Предност ќе имаат оние лица што веќе ја минале детоксикацијата и кои ’бубренорфин‘ купуваат приватно“, вели директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Андон Чибишев. (Ј.Ј.)
|