За нуркачите 300.000 денари
„Истражувањето на подводната пештера Врело во Матка може да биде од исклучително значење за развој на еден нов вид алтернативен туризам во Македонија, екстремниот, а пештерата може да стане нов туристички бисер во земјава“, истакна вчера министерот за економија, Фатмир Бесими, при потпишувањето спогодба за соработка со спелеонуркачкиот клуб „Врело“. Министерството ќе издвои 300.000 денари како поддршка на клубот за подобро да ги организира најновите истражувања на „Врело“.
Бесими изрази благодарност до странските спелеонуркачи за нивниот ангажман во промоција на природните богатства на Македонија, но и до клубот „Врело“ кои, како што рече, ентузијастички започнаа проект од исклучително значење за Македонија. Тој потенцира дека Владата ќе пристапи кон изработка на посебна програма за развој на пештерскиот туризам во земјава, а ќе се изработи и посебна Интернет-страница за пештерите во земјава. (Б.А.) |