Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Во Гостивар се веат знамиња на непостоечки празник

Гостиварци се чудат на знамињата и не знаат што празнуваат

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Знамето на Република Македонија и знамето на албанската заедница, односно на Република Албанија, од завчера вечер се развиорени низ гостиварските улици. Истовремено се поставени и транспаренти на албански со слоганот "Паднатите за народот никогаш не умираат". Наредбата за поставување на знамињата ја издал гостиварскиот градоначалник, Руфи Османи.

На гостивараци не им е јасно зошто има знамиња и прашуваа кој празник треба да го празнуваат. "Деветти јули е ден за почит на трагично загинатите од бруталната и незаконската интервенција на државата врз своите граѓани. Овој ден секогаш ќе биде одбележан како општински ден и затоа секогаш ќе се поставуваат знамиња во почит на загинатите", изјави за "Утрински весник", Руфи Османи. И неговите претходници на челното место во локалната самоуправа го одбележуваа овој ден, но не на ваков начин.

Инаку, на 9 јули 1997 година, два часа по полноќ, спроведувајќи судска одлука, од јарболите пред опшгтинската зграда во Гостивар полицијата ги симна незаконски поставените знамиња на Република Албанија и на Република Турција. По ова, Албанците од градот и селата, организирано протестираа, а имаше истрели од оружја. Имаше директен судир со полицијата. Немирите траеја речиси цел ден, при што од залутани куршуми загинаа тројца Албанци.

Гостиварскиот градоначалник и пред 13 години беше на првата општинска функција. Руфи Османи, за непочитување и неспроведување на одлуката на Уставниот суд - да ги симне знамињата на туѓи држави, беше осуден на неколкугодишен затвор, а по две години беше амнестиран.

Од СВР Тетово побаравме одговор дали че поднесат пријави за ова незаконско поставување знамиња низ Гостивар. Во одговорот стои дека Зконот за употреба на знамињата и Законот за празници, се изготвени од Министерството за правда, кое е надлежно за нивно спроведување во практика. Со тоа, Министерството за внатрешни работи не е надлежно да ги толкува и да постапува по законите. Но, во Министерството за правда мислат поинаку.

Портпаролката Мирјана Илиева изјави дека Министерството за правда ги носи законите, но не ги спроведува. "И овој закон МВР е должно да го спроведува и да поднесува прекршочни и други пријави. Министерството за правда нема инструменти за спроведување на законите", објасни Илиева.

Градоначалникот Руфи Османи со неговите привраници ги посети гробовите на трите жртви од немилите настани од 9 јули 1997 година и два гроба на лица кои загинаа во конфликтната 2001. Си��оќа требаше да се одржи академија посветена на загинатите од деветојулските настани на кои меѓудругите се поканети и амбасадорите во нашата држава од Албанија и Косово.


#
Статијата е прочитана 965 пати.

Испрати коментар

Од: stoholm
Датум: 10.07.2010 00:17:56
ve molam da mi kazete dali gostivar seuste se naodja vo makedonia???
Од: Silvester, SIdnej
Датум: 10.07.2010 04:15:17
Toa se ostatoci od mentalitot i kulturata nasledeni od plemenskite zaednici od Gegite. Sekoe selo - drzava. Vrodeno. Taka si znaat lugeto. Osmani i drugite demonstriraat kako se miluva trdicijata, i nisto drugo. A toa sto Makedoncite i drugite sto ziveat vo Gostivar se osekjaat nevazni i precekoreni, e toa e sudbina.
Од: TETOVCANIN
Датум: 10.07.2010 05:53:00
GOSTIVAR i cela zapadna makedonija se naogaat pod albanska OKUPACIJA i celiot HRISTIJANSKI NAROD VO OVIE KRAISTA se albanski ZATOCENICI .A pro BUGARSKITE VLASTI vo skopje za ovoj narod vo opste i ne gi interesira zasto ovoj narod go smetaat za pro SRPSKI I PRO YUGOSLOVENSKI .OVA JE TOCNO I OD OVA NEMA BEGANE.
Од: mkd
Датум: 10.07.2010 09:41:28
Ok i sega sto??? Samo ke komentirate ili ovaa drzava ima nadlezni institucii koi ke podnesat prijavi.Neka platat debela kazna pa neka povelat pak. Samo so komentari ke gi osokolite da napravat i pogolemi raboti.Pamet vo glava. Ima vreme za diplomatija i vreme za upotreba na sila.
Од: jetmir
Датум: 10.07.2010 09:52:13
ako sakas da znaes dali e gostivar vo FYROM dojdi da ne posetis,
Од: Cair
Датум: 10.07.2010 14:49:20
Za zal ko ovie tetovcanin i jetmin sto se izrazuvaat na vakov nacin, go prestavuvaat albanskoto malcinstvo mnolgu loso. Vaka ne trebi da e, nie site ziveeme zaedno vo Makedonia i morame da gledame za nasava sopstvena drzava bez razlika od nasata etnicka pripadnost .. da ima pocituvajne i razbirajne.

Најди! во Утрински
Македонија
Негрижата урна даб стар 700 години
За нуркачите 300.000 денари
За слепите нема социјален стан
„Бубренорфин“ и на државна сметка
Вицепремиерот Адеми дели лекции за албанскиот јазик
ЕУ може да и' помогне на Македонија
Јавни опомени за советници
Прилеп се подготвува за „Пиво фест“