Број 3329  сабота, 10 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Прилеп се подготвува за „Пиво фест“

ПРИЛЕП - Од 15 до 18 јули во Прилеп ќе се одржи осмиот „Пиво фестивал“. На 30 локации, или на повеќе од 4.000 квадрати, ќе има штандови со пиво и скара, што е двојно повеќе од лани. Годинава, покрај на булеварот, ќе ги има и на плоштадот „Методија Андонов - Ченто“, како и кај Домот на културата „Марко Цепенков“. Посетителите ќе дегустираат 18 различни видови пиво, а ќе се мезат со прилепска и лесковачка скара.

В среда целиот сообраќај во центарот на Прилеп ќе биде пренасочен.

Се очекуваат близу 300.000 посетители од земјава и од странство. Сите сместувачки капацитети ќе бидат ставени на располагање, а најавата е дека голем број ќе бидат сместени и во Крушево.

„Наредниот викенд Прилеп ќе биде туристичка мека. Има што да понуди. Културни знаменитости и многу забава за време на фестивалот“, уверен е прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.

Тој најавува специјални линии на железницата од Скопје за Прилеп за време на фестивалот, паркинзи на влезовите во градот и кампинг-простор за шатори во Паркот на револуцијата за сите кои нема да најдат сместување.

На свеченото отворање на фестивалот в четврток ќе настапат пејачите Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Даниела Враниќ, Жаре Бербер и групата „Суперхикс“. В петок се предвидени Сузана Спасовска, Слаткар и групата „Ареа“. За доброто расположение в сабота ќе се погрижат Есма Реџепова, Влатко Илиевски, оркестарот „Гуча“, „Трета димензија“, а в недела посетителите ќе имаат можност да го проследат 90-минутниот настап на српската и балканска фолк-ѕвезда Светлана Ражњатовиќ - Цеца. Од локалната самоуправа не сакаат да откријат детали за тоа колку ќе чини ангажманот на гостите и музичките ѕвезди на фестивалот, оти тоа, велат, е работа на пиварниците кои се спонзори.

Минатата година на „Пиво фест“ имало околу 200.000 гости, се испиле 110 тони пиво и се изеле 60 тони скара. (МИА)


#
Статијата е прочитана 419 пати.

Испрати коментар

Од: marjan.pp
Датум: 10.07.2010 07:26:39
od 15-18 treba vo prilep da se proglasat za ne rabotni dena-ke dojdat skopjanistava na gosti sto velat ohrigjani

Најди! во Утрински
Македонија
Негрижата урна даб стар 700 години
Во Гостивар се веат знамиња на непостоечки празник
За нуркачите 300.000 денари
За слепите нема социјален стан
„Бубренорфин“ и на државна сметка
Вицепремиерот Адеми дели лекции за албанскиот јазик
ЕУ може да и' помогне на Македонија
Јавни опомени за советници