Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора страница

Црвенковски: Око не ми трепнува за „Надеж“

Експретседателот Бранко Црвенковски вели дека воопшто не е загрижен за случајот „Надеж“, бидејќи, според него, одлуката за ангажирање на словенечките експерти е законски чиста.

„Не ми паѓа на памет моите односи, релации, разговори, било со премиерот Борут Пахор, било со претседателот Данило Тирк, или со кој било друг политичар од Словенија или од друга земја, да дозволам да станат дел од оваа македонска машина за валкање имиња. Воопшто не е важно кој ми ги препорачал словенечките експерти, дури не е ни важно кој формално го потпишал договорот за нивниот ангажман. Одлуката ја донесов јас и зад неа стојам. Таа одлука законски е чиста и од тој аспект око не ми трепнува за сето ова што се случува. Бидејќи Антикорупциска комисија веќе ја заврши својата задача што и' беше доделена, не сите, меѓутоа претседателот и неколку членови. Уште еднаш ја користам оваа прилика да упатам порака до Обвинителството и од судството: не влегувајте во политички сценарија, не подлегнувајте на притисоци, погледајте го Законот и постапувајте според него. Тоа е единствен начин да не згрешите и да не понесете одговорност“, порача Црвенковски.

На ваквиот настап на лидерот на СДСМ вчера возврати ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи го дека со аферата „Надеж“ предизвикува меѓународен скандал и го урива угледот на државата. „За што не ви трепнува око, господине Црвенковски? За 340.000 евра непотребно и незаконски потрошени пари на граѓаните. Се однесувате како да станува збор за 34 денари, а не за 340.000 евра“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на вчерашниот прес. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 1752 пати.

Испрати коментар

Од: tihi
Датум: 15.11.2010 12:08:30
Najdobar komentar za AMON RA vo makedonskata politika e NO KOMENT.
Од: marko
Датум: 15.11.2010 12:15:54
Samo ti taka prodolzi, so tebe na chelo ovcive ke ne strizat uste sto godini!
Од: Goce
Датум: 15.11.2010 14:16:12
Ne mi se veruva deka onie sto trosat 200 MILIONI na spomenici imaat obraz da izlezat i da zboruvaat za "bedni" 300-400 iljadi
Од: Реган
Датум: 15.11.2010 14:29:54
Појавата на б.ц. нз политичката сцена е најголемата несреќа на Македонија во постјугословенската историја.Лефтерно троши народни пари за лични цели и *око не му трепнува*!Бре!
Од: RAMPO,PRILEP
Датум: 15.11.2010 15:01:32
Бранко,не биди наивен,ДОНЕСИ ВО Скопје врвни СТРУЧНИ ЕКСПЕРТИ ЗА ИЗРАБОТКА НА СПОМЕНИЦИ и пред телевизиските камери во Скопје нека кажат колку РЕАЛНИ пари ЧИНАТ ОНИЕ СТРУПОВИ ШТО ГИ ПЛАТИ СО ТЕШКИ МИЛИОНИ ЕВРА ГРУЕВСКИ.Нека слушне и нека ВИДИ МАКЕДОНСКАТА јавност колку пари имаат ИСПРАНО ВМРО - овците.
Од: Perica
Датум: 15.11.2010 15:14:41
Branko,se samounistuvas so vakvi izjavi. Ne me razbiraj pogresno,mene mi e jasna celatakonstrukcija sto ja pravat ovie, Jasni i od mene podrzani i razbrani se tvoite stavovi, samo si zaboravildeka jasi ti nacukavme po 50 godini i nasite ideali za covecnost i modelot na prav sizik u maalo za zal nisto ne im znacat vise na denesnive kopiljaci.
Од: DEVSTVENOST
Датум: 15.11.2010 15:15:20
Naracatelot na strategija za valkanje na iminja ne sakal da vleguva vo masina za valkanje. Kakva DEVSTVENOST sto bi rekol pokojniot Kljusev? I taka devstveno go brani politickiot pritisok vrz komisijata so napad vrz navoden politicki pritisok vrz eden od sedumte izvestiteli no koj ocigledno e od sarenata krava. I kako sto Frckoski napravi diverzija od (predadenata)borba za imeto vo borba za identitetot(znaete na vremeto koga bese proglasen nedostatok na kafe, pocnaa da go kupuvaat i tie sto ne bea slusnale za kafe, pa taka ako nekoj sam se bori za toa sto go ima za bitkata da ima smisla toa i navistina go snemuva, bidejki "vie toa go baravte") i ovaa bitka e na pragot da navleze vo dilemata licna ili komandna odgovornost ako veke eden naredil a drug potpisal.
Од: Dance
Датум: 15.11.2010 15:19:13
ic da ne Vi trepnuva Batko rane, cisto Vi e i okoto i obrazot, a niv bogami im pottreperuva glasot koga Ve obvinuvaat. neka gi ke im tereperat i racete i snagata koga so lisici vo race ke zavrsat vo Idrizovo. Sran da im e tie ja oplackaa cela drzava pa ke zborat za 350 ooo evra.
Од: Буш до:Реган
Датум: 15.11.2010 15:23:25
Провери со чии пари се градат надрибарокот и кичерајот од лудиот проект „Скопје-паланка до 2014“!Каква „среќа“ за постјугословенската историја!
Од: e moj goce
Датум: 15.11.2010 15:42:13
200 milona za kulturata, umetnosta, za makedonija za skopje za idninata no i za pochit kon minatoto. 200 mil. na tender so minimum 3 pomudi. a bednite 300-400 iljadi, se potrosheni za NISHTO drugo tuku za lichno bogatenje na drzavna smetka! bez tender so dogovor vo 4 ochi...ili ke mi kazes deka se potrosheni za dobroto ( a dobroto e on lichno BC) na makedonija?
Од: Dimitri
Датум: 15.11.2010 16:38:19
Do Regan: da ne bea B.C i K.G ke nemavme drzava, kako so nemame sega so ovie "eksperti" na vlast. B.C pocna so buget od 7 milioni marki, koga MK stana nezavisna i bidna drzava.
Од: Трпе
Датум: 15.11.2010 17:20:47
Хехеехееее,ако ова блада извршила притисок врз партиската корупциска комисија и дека експретседателот Црвенковски,потрошил ненаменски 340 илјади евра .Каква одговорност треба да снози мистер мр Рејтинг за неговото ненаменско трошење,милионски суми народни пари.
Од: До„Реган„
Датум: 15.11.2010 21:01:59
Види си го името.Чисто наше.
Од: ?!
Датум: 15.11.2010 22:53:34
Кога ќе престанат со меѓусебно расправење нашиве кои практицираат политика и власт.Мислат ли дека сеуште имаат време да и се препуштат на играта,додека другите однадвор иако не подкаруваат,ни ја чуваат државава.Заради трансот во играта,нема ни да забележат кога и како ќе бидат заменети со нови дечки кои не ќе знаат ни да си играат играчка плачка.Поминаа старите добри времиња на самосебечување.Нашата од бога дадена позиција,на бројот "е",веќе е загрозена.

Најди! во Утрински
Втора страница
Безимени и глувонеми
Коњановски
Вербатим
Од ОН уверувале дека ќе се коригираат за јазикот
Денот на незаборавот одбележан на Британските гробишта
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial