Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора с��раница

Коњановски: Прашање е на време кога ќе станеме членка на НАТО

„Ако долго време траат преговорите и нема компромис, мислам дека и нашето членство под ПЈРМ е едно од решенијата“, вели Коњановски

„Прашање на време е кога ќе победи принципиелноста над непринципиелноста и кога Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО. Се надеваме дека тој временски период ќе биде многу кус и набргу ќе бидеме дел од НАТО, затоа што ги вложуваме сите напори што се потребни да станеме членка на Алијансата. Подготвени сме како Влада и како држава да го надминеме и тој последен чекор, тој спор што ни се наметна со непризнавање на нашето уставно име од страна на Грција. Но, за добра соработка и надминување одредени спорови се потребни двајца“. Ова во интервју за МИА го изјави министерот за одбрана, Зоран Коњановски, одговарајќи на прашањето колку недобивањето покана може да биде демотивирачко и за граѓаните и за припадниците на АРМ, како лидери во исполнувањето на критериумите за членство. Коњановски во однос на самитот на НАТО во Лисабон, кој ќе се одржи за една недела, вели дека не очекува изненадувања, бидејќи Македонија покажала готовност и политичка зрелост уште на самитот во Букурешт.

„Уназадување на тој план не е можно, враќање назад не е можно. Единствено е можно НАТО принципиелно да го вреднува она што земјава го прави во однос на Алијансата. Ако од тој аспект се гледаат работите, изненадување нема да биде и ако станеме членка на НАТО“, истакнува Коњановски, кој додава дека за лисабонскиот самит не треба да бидеме ниту преголеми оптимисти, но ниту песимисти.

На прашањето какви се шансите да добиеме покана под референцата ПЈРМ, Коњановски потсетува дека одлуките на НАТО се носат со консензус, што го смета моментно како наш хендикеп. „Мислам дека НАТО и ЕУ треба да се загрижат дека тоа веќе не е билатерално прашање, туку самото прашање добива регионален карактер. И тука треба и ЕУ и НАТО и другите земји да помогнат да се реши тоа прашање. Во случај ако долго време траат преговорите и нема компромис, мислам дека и нашето членство под ПЈРМ е едно од решенијата“, вели Коњановски. На прашањето дали се согласува со позициите на амбасадорот во НАТО, Мартин Треневски, и како тие влијаат врз односите со НАТО, министерот Коњановски вели дека амбасадорот не бил добро разбран за одредени позиции што ги изнел и во него гледа силен поддржувач на владината политика. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 986 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 15.11.2010 12:04:11
Ete sega ke popustame nekade.Ke sme vlegle so PJRM vo NATO. Gubitnici i pismanadzii stanale nasite politicari i ministri. So kakov obraz sozdavaat i kreiraat javno mislewe na koe mu e seedno sto se slucuva bidejki ima povazni raboti od Eu i NATO a toa e ekonomija i bezbednost. Dobro tie se povrzani so prvite dve no sepak i bez niv mor ada gi imame.
Од: Trpe
Датум: 15.11.2010 13:03:41
da, prashanje na vreme, ama da ne se sluci Nato da se raspadne pred da ne primat ??
Од: Trenevski
Датум: 15.11.2010 13:48:10
Pocekajte,ne brzajte dodeka jas ne go reformiram NATO!
Од: Ози
Датум: 15.11.2010 13:51:21
Прашање е на време и кога ќе стигнеме до ѕвездите.
Од: Cybersex® во Земјата на Чудата
Датум: 15.11.2010 14:01:49
Се’ ми се чини дека е попрецизно да се каже дека НАТО ќе влезе во нас!
Од: јас
Датум: 15.11.2010 16:20:32
Па нели патриотчина само со името РМ ќе влегувавте во Нато и ЕУ???Додуше , ако вековите ги рачунате како време кое треба да помине , е тогаш може !!
Од: sebastian
Датум: 15.11.2010 19:49:06
да, ама колку време ...?
Од: Ѓоре
Датум: 15.11.2010 23:52:35
Па прашање на време е уште од Букурешт. Ја` 2 години ја` 20 години - и тоа е време и другото е време. Голема новина ни кажа оваа и од далеку да погледнеш, одма да ја познаеш - најинтелегентната фаца во Македонија,без конкуренција.
Од: bitola
Датум: 16.11.2010 00:50:03
За изјавата како"нашето членство под ПЈРМ" на времето ке го судевте Киро Глигоров и Бранко Црвенковски дека го продаваат името, дека го губиме идентитетот и јазикот,името ни го продадоа, и тн.Па сега за вас е можна и таа варијанта и само некако го припремате народот за тоа оти сте свесни дека нема каде понатаму.Е Зоране Зоране ,предавнику наш на цело со твојот Грујо и комплет сите ПРЕДАВНИЦИ
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 16.11.2010 08:18:06
Македонија ќе се приклучи во НАТО-век и векова-амин.

Најди! во Утрински
Втора страница
Безимени и глувонеми
Вербатим
Од ОН уверувале дека ќе се коригираат за јазикот
Црвенковски
Денот на незаборавот одбележан на Британските гробишта






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry