Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Втора с��раница

Од ОН уверувале дека ќе се коригираат за јазикот

„Во врска со случајот во ОН, преземени се сите дипломатски активности за корекција на грчката саботажа во именикот на ОН. Добиени се уверувања од кабинетот на генералниот секретар, Бан Ки Мун, дека ќе следува корекција и повторно впишување на македонскиот јазик во личната карта на Македонија како земја-членка. Нема да им успее на грчките дипломати да го избришат македонскиот народ и јазик - само ќе направат за нас повеќе да се дознае и во ОН“, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи.

Членот на дипломатскиот совет на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, пак ја обвини Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека ја загубила битката за националниот идентитет и за јазикот. „Во текот на мандатот на сите влади досега во независна Македонија, од Кљусев до Бучковски преку Георгиевски и откако Македонија е во членство на меѓународните организации, таа го имаше правото да го користи атрибутот ’македонски’ за својот јазик и за својот народ. Но, оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ го загрози тоа. Слабата и празна реторика на оваа Влада, првпат во историјата на независна Македонија, директно ги загрозува нашите идентитетски позиции во странство и меѓународните организации. На тој начин поради нејзината непостојна политика за одбрана на националните интереси, директно им помага на нашите противници“, рече Фрчкоски.

Тој тврди дека има начин да се реши спорот со името, кој е единствена блокада кон евроатланските организации. „Основата за решението е следна: проблемот може да се реши без допирање на националниот идентитет и без промена на македонскиот Устав. Тоа е возможно, тоа е основата за решение. Тоа е доволно добро“, изјави Фрчкоски. (П.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 1879 пати.

Испрати коментар

Од: Profesor na praven fakultet
Датум: 15.11.2010 12:57:38
Frchkoski nee vo pravo. Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!!
Од: До професорот на правен факултет и слично
Датум: 15.11.2010 13:46:22
Аман,направи го тоа што о пишуваш,не не заморувај постојано со истиот глупав текст!Зар не си здодеа сам на себе?
Од: do prof. na praven
Датум: 15.11.2010 14:19:48
Браво професоре. Леле, ама ке ги исплашиме. Се плашам дури да не умрат од страв. Што професор си ти да мислиш дека светот се врти околу нас. НЕ! Тој граби напред и не се занимава со вакви глупости како ти и тие околу тебе. Секој паметен, со било каков проблем седнува на маса и го решава! До крај! А не вака, лае наоколу и мисли дека многу убаволае!
Од: borce
Датум: 15.11.2010 14:20:12
Nechto koga e obedineto treba za site da e isto a ne za edni majka za drugi macea.Neka objasnat prvo zochto go napravile toa,
Од: Жан
Датум: 15.11.2010 14:54:23
Македонија мора да инсистира слободно да го употребва своето легитимно име и својот наследен идентитет и име на јазик, насекаде, на спортски маинфестации олимпијади, така и на евровизии, за експорт итн, бидеќи во спротивно Македонија конкурира од пониско ниво со други земји, инвестции се отежнати поради нерамноправност и слободниот развој спречен. Тоа е дискриминација. Привременото име беше за процедурално примање во ОН на Македонија, но не за употреба насекаде, а посебно не за разгвори на измена на Македонски идентитет. Оние кои го употребваат привременото се информирани дека ПЈРМ е името и затоа го користат. Македонија треба со ОН, преку јасен став на ОН, зад грб да информира насекаде дека името е Р.Македонија, идентитетот Македонски, а грција смее да го користи приврменото се до конечен договор. А решение за грчкиот проблем не може да биде друго освен второ прифатливо име само за грчка употреба.
Од: јас
Датум: 15.11.2010 16:24:00
Те јазикот , ни го снема во ЕУ , па потоа и во ОН..Па , благодарение на овчаров и неговиот магарешки инает и поимање на работите ЌЕ ЈА ИЗГУБИМЕ И ТЕРИТОТИЈАТА НА ДРЖАВАВА!!!
Од: Za problemot vo OON so recnikot...
Датум: 15.11.2010 17:45:05
Prasanjeto okolu brisenjeto na jazikot i nacionalnosta vo protokolarniot recnik na OON (tokmu toa e recnik za obrakanje megju misiite) go analizirav i veruvajte resenijata se lesni i ednostavni. Samo ako vidite kako Republika Nepal so dopis do sluzbata gi informira deka i pokraj toa sto imeto im e Republiika Nepal, za potrebite na sednici i javni nastani da se upotrebuva samo NEPAL; ili pak Italija informira deka za Spanskoto podracje imeto ke ostane isto, a za Angliskoto da se smeni vo Republic of Italy,, pa Crna Gora gi informira deka od "denes ke en vikate samo Montenegro, pa kaj niv jazik nema a nacionalnost ima...do "vcera" dodeka bea Srbija i Crna Gora" stoese Srpski za jazik, a sega kaj Srbija ima Srpski no kaj Crna Gora jazik nema...Bosna ima jazik Bosanski t.n.tn.t.nSamo procepkajte ja bankata na recnikot i ke vidite celi cirkuzi za koi nikoj ne pisuva po vesnicite! Ako ima vo New York i vo Skopje odgovorni Makedonci se ke bide kako treba preku nokj...za zal koalicii vlade
Од: iskren pozdrav do KOLE MANEV
Датум: 15.11.2010 20:16:39
"Овие од Европа, мислам на тие од EU, како прво воопшто не се демократи, тие само глумат демократија! Како второ, склони се на корупција, бирократите од Брисел и од Унијата би ја продале за пари или за каква било друга корист и како трето тие се едни лигуши на кратко речено тие се за никаде! Има и четврто, тие се склони и на подлости! За срам и да не зборуваме, таква работа во нивните глави и образи немало и нема да има до крајот на веков.,,,Овие Европејците кога доаѓаат кај нас нели гледаат дека има „македонски“!,,,Рекламни паноа напишани на англиски, турски, албански и некаде во ќошот на македонски!До скоро јас не знаев дека „Бимилк“ ти значело битолско млеко!Европејците ќе паднат во кома ако решат да отворат некој „македонски“ ТВ-канал или радио во кои врие од промоушен, продакшн, стеиџ, шоу, декс, мекс.,,,да не случајно тој „македонски“ јазик сме токму ние кои го негираме и не го почитуваме!?А, јас во ова писание тие од Европа ги нареков со секакви погрдни зборови!!??!!"
Од: Marija Vodenska od Boston
Датум: 16.11.2010 00:08:17
Samo se vrtime odokolu, naokolu,a stignuvame do NIKADE. Toa sto treba da se napravi i sekoj neka znae, eve ZAN go kazuva jasno i glasno. Za kogo vazi(BJRM za Grcija), neka vazi i dogovorot za geografska dodavka) a za site sto nas veke ne priznale pod Ustavnosta, nema da ima promena, pa makar i so inaet da bide.Redno e da go zasenime grckiot inaet.
Од: makedonija
Датум: 16.11.2010 04:22:37
Vo Grafata za Nacionalnost uste stoi - (the former yugoslav Republic of Macedonia) ova znaci deka ne postoime kako makedonci po nacionalnost no samo deka sme gradjani na the former yugoslav Republic of Macedonia... Tie sto ziveat nadvor od republikata nemaat pravo taja da im bide Tatkovina.... Sramno za ON... Pozdrav i odma da se vrati Nacionalnost - Macedonian, Language - Macedonian... I imeto da Bide Republika Makedonija...

Најди! во Утрински
Втора страница
Безимени и глувонеми
Коњановски
Вербатим
Црвенковски
Денот на незаборавот одбележан на Британските гробишта






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry