Тинејџери се степале со нож за девојка
Четворица тинејџери од Зелениково и од Батинци се степале поради девојка, по што еден од нив бил прободен со нож во грбот. Инцидентот се случил во четвртокот вечерта кај Железничката станица во Скопје кога Е.Ф. (18) и неговиот роднина со исти иницијали Е.Ф. (15) од Зелениково се степале со Б.П. (18) и Ш.П. (17) од Батинци, информираат од МВР. Во тепачката, едно од момчињата извадило нож и го проболо Б.П. во грбот. Повреденото момче било пренесено во Градската болница, каде што му се санирани повредите. Полицијата најави пријави за учесниците во тепачката. (Г.А.) |