Скопјанец и велешанка во притвор за измама
Едномесечен притвор им е одреден на С.Н.(23) од Велес и на Е.С.(43) од Скопје, а ќе одговараат поради измама, додека против Е.С. е поднесена пријава и за исправа со невистинита содржина. Според МВР, пред неколку дена тие, по барање на двајца сопственици на Агенцијата за недвижен имот „Тим селект“, лажно се претставиле дека се брачни другари и ја довеле во заблуда Агенцијата за недвижен имот „Флокс КМ“ дека продаваат плац со куќа во Скопје. Тие приложиле документација за имотот и лажна лична карта. Според договорот, откако имотот ќе бил продаден, С.Н. и Е.С. требало да добијат процент. |