Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Во Ниш син ја убил мајка си оти му забранувала да игра видеоигри

Игор Станковиќ (19) осум дена го криел нејзиното тело дома и правел забави

Игор Станковиќ (19) од Ниш е уапсен затоа што на 15 декември годинава ја убил мајка си Драгана (50), бидејќи му забранила да игра видеоигри, по што нејзиното тело осум дена го криел во станот. Според белградски „Прес“, Станковиќ по убиството секоја вечер во станот со мртвата мајка правел забави. Мајка си ја убил откако се искарале, бидејќи цела ноќ минал пред компјутер, а таа му префрлала дека мора да оди на факултет. Во шест часот наутро го зел пиштолот со придушувач, го вперил во мајка си и ја убил, а потоа продолжил со видеоигрите. Истата вечер во станот ја повикал девојката, бидејќи мајка му, наводно, отпатувала во Германија.

„Вратата од собата каде било телото ја забарикадирал со кревет. Секоја вечер правел забави. Иако девојката и другарите му приговарале дека нешто смрди, тој им велел дека мирисот доаѓа однадвор. На роднините и на колегите од мајката им тврдел дека отпатувала на лечење од рак. Роднините се посомневале и на 23 декември го пријавиле нејзиното исчезнување“, пишува „Прес“, повикувајќи се на свои извори.

Откако полицијата почнала да се распрашува, Игор го спакувал телото од мајка си во вреќи, го завиткал со церада и го однел на таванот од семејната викендичка во село крај Ниш. Ги тргнал трагите од убиството, а парите и оружјето ги однел кај другар. Упорно се држел до својата приказна, но кога полицијата го пронашла оружјето и крвавиот мебел, го признал убиството и кажал каде го скрил телото. Уапсен бил и неговиот пријател И.М. (19), кој му помогнал. Мајката Драгана била професор на Медицинскиот факултет во Ниш и помошник-директор во Институтот за јавно здравство. (24 сата.хр)

 


Статијата е прочитана 1338 пати.

Испрати коментар

Од: angela
Датум: 27.12.2008 17:30:15
kak ne moj sram na toa dete.izglede trebe da go nosat u ludnica
Од: Maja
Датум: 27.12.2008 17:47:21
Boze zlaten kaj li e krajot:(.. Sto nema po svetov. Porano ova samo na filmovi go imase.. A za zal ne smao vo Amerika sto go ima dojde i kaj nas na Balkanot! Katastrofaa! Se umno pormeteno!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Убијците на полицаецот кај Танушевци уапсени во Нови Сад?
Гостивар избра полициски командир без квалификации
Скопјанец и велешанка во притвор за измама
Тинејџери се степале со нож за девојка
Приведени шест пејачки во Теарце
Разбојништво во салон за забава