Разбојништво во салон за забава
ГОСТИВАР- Две маскирани лица, вчераутро, извршиле разбојништво во гостиварскиот салон за забавни игри „Аристократ“. Едниот од нив со качулка на главата, лицето го покрил со шал и со репетиран пиштол во раката се упатил на шанкот каде што се наоѓал дваесет и тригодишниот Б.Ѓ. од Гостивар. Вториот разбојник, пак, останал пред влезната врата. Маскираниот, неколку пати го удрил вработениот со тупаници, кој успеал да скокне преку шанкот и да избега од салонот. Во меѓувреме, разбојникот насила отворил една од фиоките на шанкот и одзел околу 130.000 денари. Потоа, двајцата разбојници избегале во непознат правец. СВР-Тетово презема активности за откривање на крадците. (К.К.) |