Пониски камати испорача Комерцијална
Комерцијална банка о�� 1 јануари ги намалува каматите за кредитите од 0,5 до 1 отсто и на депозитите од 0,2 до 1 процент.
Намалувањето доаѓа како резултат на движењата во макроекономската сфера и намалувањето на каматната стапка на благајничките записи од страна на Народна банка на Македонија. „За 0,5 процентни поени се намалуваат кредитите за одредени најбонитетни правни лица што исполнуваат одредени критериуми за промет и обезбедување и за останати правни лица прифатливи за кредитирање од страна на банката. Од 0,5 до 1 процентен поен се намалуваат каматите на потрошувачките кредити врз основа на меница, тип-топ потрошувачките кредити, наменските потрошувачки кредити преку трговци и на туристичкиот кредит, а за 1 процентен поен се намалуваат и каматите на минусните салда на тековни сметки на население, како и на кредитните картички за физички и правни лица“, велат од Комерцијална банка.
Ќе паднат каматите и за штедните влогови од 0,1 до 0,5 процентни поени. (Ек.Р.) |