Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Економија

Сашо Наумоски-„Витаминка“

Познато презиме значи уште поголема обврска

Сашо Наумоски е на чело на познатата „Витаминка“, една од фабриките која го одржува жив Прилепскиот регион. Тој храбро чекори по патеките на својот татко Симон Наумоски, што е голема одговорност за него, но и предизвик да се докажува повторно и повторно.

„Да се води ’Витаминка‘ е голема чест и обврска, но наедно и голема одговорност. Станува збор за компанија со традиција, со голем препознатлив квалитет. Познато презиме?! Тоа значи уште поголема обврска, а најмалку е олеснителна околност“, вели Наумоски.

Тој дообјаснува дека дополнителна подготовка за водење на бизнисот не му била потребна, а негов избор бил тој постојано да се надградува со цел да биде во тек со иновациите во прехранбената индустрија.

„Буквално израснав со приказната на ’Витаминка‘. Живеев со неа и се' уште живеам, практично 24 часа на ден. Претходно имав свој приватен бизнис, но некако за мене беше природно да продолжам по патот на татко ми. Потајно чекав тој да ми даде шанса да станам дел од тимот на компанијата, па кога ми беше понудено, со радост прифатив да бидам комерцијалист за теренот во Скопје. Да се биде дел од таква приказна за мене беше предизвик. Верувам дека не го разочарав татко ми и дека се движам по патеката која одамна ја зацртал. Сакам да ја продолжам приказната и ’Витаминка‘ да стане лидер во регионот“, објаснува овој успешен човек.

Сашо Наумоски вели дека од својот татко научил многу. „И се' уште учам. Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи. Да се добие доверба кај човек каков што е мојот татко, верувајте, е тешка работа, посебно кога станува збор за негово дете. Одговорноста е голема, а ризиците се уште поголеми ако не се направи вистинскиот избор. Дали повеќе знам од мојот татко? Верувам - не, но знам дека имам желба, знаење и способност да се справам со предизвиците и да го надградам она што тој го изградил, во периодот што следува. Плановите се големи, а со вистинските луѓе кои се дел од нашиот тим, верувајте, и невозможното е возможно“, нагласува Наумоски, кој се труди во движењето на фабриката напред постојано да внесува иновации.

„Што сметам како заслуга за ширењето на бизнисот? Постојаната примена на новини. Иновацијата во новите начини на пласирање на производите. Идеи за нов тип производи. Благодарение на тимот што работи долги години со мене, направивме вистинска основа за се', и се надеваме на голем развој“, вели Наумоски, кој најавува новини во работењето заради проширување на бизнисот, со цел и натаму да останат препознатливи на пазарот.

„’Витаминка‘ е компанија која како лидер во Македонија има одговорност во многу работи да биде прва. Така и ќе остане понатаму. Нема простор за импровизации, само за вистински чекори, а тоа покажавме дека можеме да го правиме на вистински начин“, заклучува Наумоски. Тој годинава што изминува ја оценува како тешка, но верува дека оваа новава 2011 ќе биде година на закрепнување на македонската економија.


#
Статијата е прочитана 2194 пати.

Испрати коментар

Од: maja
Датум: 01.01.2011 03:25:18
Me interesira dali Vitaminka bese licna sopstvenost na Naumoski senior pa sto mu ja ostavi vo nasledstvo na Naumoski junior.
Од: od mene
Датум: 01.01.2011 15:16:37
mene prezimevo ne mi e poznato???!!!!
Од: Jovica
Датум: 02.01.2011 10:56:00
Saso,na prav pat si,samo prodolzi hrabro i beskompromisno.Uspesni domasni kompanii vo Makedonija se brojat na prsti.Na onie koi mislat deka e lesno da se menadzira golem proizvodstven kapacitet ne im obrnuvaj vnimanie.Pozdrav
Од: od jas
Датум: 02.01.2011 20:08:04
Sigurno tatkoto ja nasledil od dedoti a toj od dedomu ili pak ja kupil kako sto kupija mnogu drugi od dzepot na tie sto ja izgradija (da recam rabotnicite) koi sega sedat doma bez rabota. Mnogu raboti mirisaat na korupcija.
Од: vlatce
Датум: 02.01.2011 23:32:41
znaci vistina e deka golem del od Makedoncite spijat veke 20-tina godini i cekaat da se vrati socijalizmot pa NEKOJ i niv da im dade nekoja kompanija ili biznivce da rakovodat.Podobro da se razbudite i da pocnite da stvorate i vie samite nekoj biznis za da im ostavite na idnite vasi generacii,a ne samo da kukate i plukate po ne golemiot broj nasi kompanii koi voopsto rabotat i na toj nacin i pomagaat na MAKEDONIA.

Најди! во Утрински
Економија
Постепено навлегував во суштината на компанијата
Мојата обука беше спартанска
Секоја генерација сака да остави свој печат
Пониски камати испорача Комерцијална
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks