Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Економија

Искра Ветаџокоска, „Виталија“

Секоја генерација сака да остави свој печат

Покрај познатите синови што го презеле бизнисот од своите татковци, имаме и ќерки, дами, кои цврсто стојат на нозе и уште похрабро, можеби и со повеќе напор, се борат за свое место во овој машки бизнис-свет. Една од нив е косопственичката на „Виталија“, Искра Ветаџокоска. Таа, без разлика што ја имала олеснителната околност да продолжи да го шири веќе добро етаблираниот бизнис за здрава храна на своите родители, вели дека, сепак, секоја генерација сака да остави и свој печат.

„Ако тргнеме од претпоставката дека секој почеток е тежок, тогаш наследувањето веќе разработен бизнис и познат бренд би требало да претставува сериозна предност пред тие што почнуваат да дејствуваат на некое бизнис-поле. Меѓутоа, тоа е и сериозна одговорност за очекуван развој на бизнисот, посебно ако се земе предвид дека секоја генерација сака да остави свој печат и своја додадена вредност во идниот развој на компанијата. Тоа што за мене е од непроценлива вредност е искуството на мојот родител во градењето на компанијата, нешто што не може да се научи од книги и што претставува сериозна база за понатамошно надградување и развој на мојата личност и на компанијата“, истакнува во почетокот на разговорот Искра Ветаџокоска, менаџерка за маркетинг и продажба во „Виталија“.

Таа додава дека нема сомнеж оти дарбата за бизнис ја наследила од родителите, меѓутоа тоа само по себе не е доволно за успешно да се води бизнис. „За време на мојата 10-годишна академска кариера имав доволно можности да запознам повеќе теоретски елементи за водење бизнис. Но, чувствував дека постојано нешто ми недостасуваше. За тоа време семејниот бизнис растеше и во еден момент во мене се роди желбата наполно да му се посветам. Како инженер по вокација, за мене отсекогаш било предизвик да учествувам во развивање нови производи, од идеја до целосна реализација. ’Виталија‘ ми овозможи да си го остварам својот сон на најдобар можен начин. Но, со време открив и комплетно нови предизвици - како на тоа што е произведено да му се вметне додадена вредност и да се приближи до клиентите“, вели Ветаџокоска. Производното портфолио на „Виталија“ опфаќа над 200 сопствени производи што се произведени во Македонија, но во кои е вградено најсовременото светско знаење, трендови и технологија од областа ��а здравата храна. „Почнувајќи од производството според највисоки стандарди, па преку современата амбалажа, каналите за дистрибуција и продажба, се' е подредено на наполно задоволство на нашите клиенти, кои со голема доверба го пронајдоа во ’Виталија‘ својот партнер во креирањето на здрави генерации. А нам во ’Виталија‘ токму таа доверба на клиентите ни даде дополнителен мотив за освојување нови пазари. ’Виталија‘ денес е извозно ориентирана компанија и ги пласира своите производи на над 30 пазари во светот“, објаснува косопственичката на „Виталија“. „Моите заслуги секогаш ги сметам како заслуги на целокупниот тим на ’Виталија‘, затоа што кога се работи тимски, се ослободува огромна количина креативна енергија способна да помести и планина. Заедно со мојот тим, освоивме 15 нови пазари на сите континенти, воведовме над 50 нови производи... набројува Ветаџокоска.


#
Статијата е прочитана 2043 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 31.12.2010 17:45:48
Site ovie luge koj ste gi stavile vo ovaa rubrika, bez razlika sto firmite gi nasledile od svojte tatkovci, sepak gi vodat uspesno i samostalno, sto e za sekoja pofalba, za razlika od ostanatite "naslednici" koj se upropastija a opstojuvaat na grb na drzavata, protekcii.....Za zal takvi ima mnogu poveke. So sreka neka im e vo Novata Godina.
Од: Ni sram ni perde se nema!
Датум: 31.12.2010 23:24:12
Mladi, ubavi..po modelite na Wall Street i nivnite Zapadni sponzori i mentori....Nekoi navistina zasluzile...no drugi pak zasluzile nesto drugo!~
Од: Aleksandar
Датум: 02.01.2011 19:18:29
zarem ovie se uspesni? a da kazat sto sami napravile i sozdale.
Од: Bojan
Датум: 02.01.2011 21:52:57
Ne uspeavme da doznaeme sto napravile sami
Од: Trajko
Датум: 03.01.2011 03:03:52
E za ovaa firma i licnost sekoja cest a se gleda i kako zboruva za svojata firma i vrabotenite.Iako nasleden semeen biznis ama stom ne e oteto ne e prokleto.Neka im e cestito na VITALIJA.

Најди! во Утрински
Економија
Постепено навлегував во суштината на компанијата
Познато презиме значи уште поголема обврска
Мојата обука беше спартанска
Пониски камати испорача Комерцијална
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks