Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Економија

Сашо Давитковски - „Скопски пазар“

Мојата обука беше спартанска

„Да се остане на патеката што ја оделе претходно успешните е навистина многу голем предизвик, а особено за децата чии татковци го правеле тоа“, вели Сашо Давитковски, прв човек на познатиот синџир маркети на „Скопски пазар“. Пресудно да влезе во раководниот тим на СП било претходно стекнатото практично работно искуство во фирмата каде што ја научил азбуката за водење на бизнисот. „Покрај практичната обука, се стекнав и со диплома на Економскиот факултет во Скопје, што особено ми го олесни процесот на приспособување во новата работна средина. Од особено голема помош ми беше мојот татко, со кого, пред се', изградивме професионален однос, а приватните разговори ги водевме во домашна атмосфера. Да се биде член на фамилијата ’Скопски пазар‘ е исклучително одговорна работа, без разлика на која позиција е членот и каква функција извршува. Нашиот директор го негуваше принципот на градење семејна фирма, не само за своето семејство, туку и за сите вработени во ’Скопски пазар‘. Во тој дух бевме воспитани и мојот постар брат и јас. Покрај практичната обука, која повеќе личеше на спартанска, го продолжив мојот образовен процес и за време на моето работење во ’Скопски пазар‘ се стекнав и со титула магистер на економски науки“, нагласува Давитковски. Тој вели дека многу научил од својот татко, меѓутоа и ден-денес има чувство дека не било доволно тоа.

„Процесот на учење, за да се биде добар и успешен стопанственик, не може да се собере во еден определен временски интервал. Но, можам да кажам дека мудроста која мојот татко, сега покоен, се трудеше и ми ја пренесе е најголемото богатство кое го носам со себе и ќе направам обид да го пренесам и на своите деца“, вели Давитковски. Што направил тој лично сам во ширењето на бизнисот? „На ова многу провокативно прашање секој што е и малку скромен и реален нема да може да ви го даде вистинскиот одговор. Меѓутоа, тоа што мене ме издвојува како раководител на друштвото, е што цврсто останав на линијата за зачувување на принципите за водење бизнис, која ја поставија минатите генерации. Како што вели една стара еврејска поговорка - не е лесно да се биде успешен, но најтешко е да се одржи успехот на минатите генерации“, вели Давитковски.


#
Статијата е прочитана 2271 пати.

Испрати коментар

Од: vanco
Датум: 31.12.2010 13:19:13
lesno e da bides biznismen,ako bez pari gi prezedovte site pazari vo skopje,a pri toa zimate ogromna suma mesecna kirija od dukani tezgi itn,a pri toa nisto da ne vlozuvate vo vo istite,
Од: Milena
Датум: 01.01.2011 08:59:49
Ne mi se jasni novinarite koi go stavile covekov vo vesnik (demek e uspesen biznismen) bez pri toa da proverat kolku navistina e USPESEN? Vo vremeto na tatko mu rabotnicite koi rabotea vo SP bea zadovolni, a odete i prasajte gi sega! Kakva "uspesna prikazna" ima otvaranjeto i zatvaranjeto na marketi niz drzavata (Kumanovo, Bitola, Prilep, Struga, Ohrid, itn.)?
Од: mene
Датум: 01.01.2011 13:46:55
Sepak mislam deka treba mnogu poveke da se grizite za dobroto na lugeto koi sto rabotat za vas
Од: EKS
Датум: 01.01.2011 23:59:52
Fakt e deka SP od bonitetna kompanija stana prosecna vo poslednive godini, no toa ne e zaradi noviot Generalen dir., toa e zaradi neznaenjeto na menadzerskiot tim na SP da vodi edna taka golema kompanija. Najgolemata greska e sto vo SP sega na investiranjeto vo covekoviot resurs se gleda kako na luksuz, a pred nekolku god. SP bese edna od retkite kompanii koi ne gledaa taka na chovekovite resursi. Zatvaranjeto na marketite e mnogu losha poraka za akcionerite i biznis partnerite!
Од: Jovica
Датум: 02.01.2011 11:03:31
Samo napred,rakovodete gi uspesno firmite,a ovie komentatori neka "filozofiraat".Pozdrav
Од: Ekonomist
Датум: 02.01.2011 16:56:13
Kriminalnata privatizacija, namesto biznismeni i menadzeri, izrodi rentieri, manipulanti, sverceri i slicni maheri koi gi gledaat isklucitelno svoite licni interesi! Za niv ne se bitni ni narodot, ni drzavata, ni opstestvoto! Neviden egoizam na tranziciskite profiteri, koj koga togas ke im se vrati kako bumerang!
Од: t26
Датум: 03.01.2011 07:21:52
do komentarot od jovica---najlesno e da vodis firma koja ja privatizirala tvojata familija za bespari od drzavata -i da ti e podari kako nasledstvo---ovie menadzercinja nemaat nikakov napredok so nivnite frmi osven lazna transformacija od socijalzimot

Најди! во Утрински
Економија
Постепено навлегував во суштината на компанијата
Познато презиме значи уште поголема обврска
Секоја генерација сака да остави свој печат
Пониски камати испорача Комерцијална
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks