Сашо Тасевски објави нови драми во „Култура“
Книгоиздателството „Култура“ вчера ја промовира најновата книга на Сашо Тасевски, под наслов „Аеродромци“. Станува збор за збирка драми, кои на саркастичен и ироничен начин, специфичен за Тасевски, говори за животот во Скопје, особено во населбата Аеродром, навиките на луѓето, начинот на живеење, политиката... сето она што станало секојдневје во текот на сите години на транзицијата.
Книгата е насловена според првата драма „Аеродромци“, а по неа следуваат: „Житие по Ице“, „Кец у кец“, „Кокошарник“ и „Македонска одисеја 2101“. (Н.П.) |