Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

„Арапска ноќ“ за јубилејот на Турски театар

Премиерата на Слободан Унковски ќе се одигра со измени што беа направени во последен момент, без музика и со една асистентка на режијата

Невена Поповска

Турскиот театар, 60 годишнината од своето постоење ќе ја заокружи со премиерата на претставата „Арапска ноќ“ која ќе се игра в сабота во 19,30 часот, но со измени кои се случија во последен момент. Имено, откако вчера директоро�� на Театарот, Атила Клинче, режисерот Слободан Унковски и дел од актерската екипа одржаа средба со новинарите, на која покрај деталите за претставата беше најавено дека по прес-конференцијата ќе продолжат со пробите за „Арапска ноќ“, стигна известување дека на претпладневната проба е одлучено претставата да се игра без музика, така што музичарот Јордан Костов е избришан од списокот на авторите, како и асистентката на режија, Александра Кардалевска.

Турскиот театар во текот на 2010 година, со неколку премиери, го одбележа шеесетгодишниот јубилеј, а за заокружување ја одбра токму претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфенинг, во режија на Слободан Унковски. На премиерата организаторот очекува да присуствува највисокиот политички врв, како и истакнати претставници на културниот живот во земјава, на кои ќе им бидат врачени плакети и монографија за Турскиот театар.

Директорот на театарот, Атила Клинче, задоволен од досегашната соработка со Слободан Унковски, истакна дека со големо задоволство би работеле и во иднина.

„Роланд Шимелпениг е еден од водечките германски автори, кој истовремено е посебен и специфичен, со поинаква естетика, поинаков јазик и структура“, рече режисерот Слободан Унковски. „Текстот за ’Арапска ноќ‘ е напишан во 2001/2002 година. Тој е интересен по тоа што се бави со осаменост, со луѓе во голем град и со мултикултурни пристапи. Има пет лика кои ги играат десет актери. Се обидовме во таа структура да направиме посебен начин на игра, пристап кој е малку поинаков од она што сме го гледале до сега кај нас“.

Претставата е статична и актерите работеле на големи емоции и промена на расположение. Во претставата има пет судбини, пет луѓе кои се движат паралелно и скоро да нема директен дијалог меѓу ликовите. Унковски рече дека му било задоволство што работел со млада група актери кои вложиле голема енергија и напор за да ги совладаат неговите различни барања. Според него, по претставата никој нема да остане рамнодушен и таа е автентичен производ на Турскиот театар и на неговиот начин на мислење. „Претставата се вика ’Арапска ноќ‘ не затоа што се случува во некоја арапска земја, туку се случува во голема зграда во Германија каде живеат и Арапи, Германци и други, каде судбините меѓу минатото, сегашноста и соништата се мешаат и создаваат една друга реалност. Ова е една од ретките драми каде драмското време е растегнато“, рече Унковски. На прашањето, како се одлучил за текст од Роланд Шимелфенинг, Унковски рече: „Тешко е да се најде добра драма. Текстот на претставата „Арапска ноќ“ артикулира енергија која кореспондира со овој простор. Допира различни состојби на луѓе и одговара на ансамблот со кој сакав да ја работам претставата“.

Актерската екипа ја сочинуваат: Танер Сулејман, Осман Али, Зубејде Селимовска, Несрин Таир, Сузан Акбелге. Билјана Јовановска, Селпин Керим, Неат Али, Ерман Шабан и Аксел Мехмет.

Преводот на турски јазик е на Ѓул Беновенли, сценографијата и костимографијата се на Александар Ношпал, а асистент на режија е Билјана Радиноска.


#
Статијата е прочитана 376 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Претставата е важна, таа се памети
Прочуениот Лондонски оркестар вечерва во Скопје
Нови книги
Сашо Тасевски објави нови драми во „Култура“
„Алиса во земјата на чудата“ со ученици од гимназијата „Нова“
Годишната изложба на ДЛУМ со 140 автори
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach