Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Култура

Претставата е важна, таа се памети

„Кога ја продаваш душата, настанува криза на идентитетот“, вели режисерот Срѓан Јаниќиевиќ

Тина Иванова

Завчера во преполниот Македонски народен театар се одржа премиерата на претставата „Немој ти мене Фауст“ по текст и режија на Срѓан Јаниќијевиќ, чиј оригинален наслов на англиски „Don’t you Faust me“, е директна асоцијација или алузија на паролата „Don’t you FYROM me“, под чие име своевремено се одржа кампања за зачувување на името на државата. Но, тоа е само асоцијација. И текстот, и покрај додавката на името Фауст во насловот, не е само инспирација од истоимената трагедија на Гете, иако, продавањето на душата на ѓаволот, или продавањето на сопствениот идентитет е една од темите, како поттекст со која се занимава оваа претстава на Јаниќијевиќ.

Режисерот вели дека насловот на претставата е идеја на актерката Нина Деан, која ја толкува улогата на Маргарета, и дека е точен, прецизен. Вели, кога имаш потреба некому да му кажеш „немој ти мене...“ со извичник на крај, одговараш емотивно. „Проблемите емотивно, многу тешко и скоро секогаш на погрешен начин се решаваат. Претставата на тоа предупредува“, истакнува Јаниќијевиќ.

За инспирацијата од „Фауст“ на Гете, вели дека претставата „Немој ти мене Фауст“ е толку колку што Гетеовата трагедија има врска со „Фауст“ на Марлоу и со останатите „фаустовски“ приказни и легенди за продавање на душата на ѓаволот. „Во претставата има цитати и од Гете, но и од ’Мајсторот и Маргарета‘, па и од ’Диво Месо‘ на Горан Стефановски“, вели Јаниќијевиќ.

„Немој ти мене Фауст“ всушност, ја наоѓа инспирацијата од општественото опкружување, од сите оние сатанизирачки нешта што во последно време ни се случуваат. Срѓан прашува, кога ја продаваш душата, што останува од твојот идентитет? Вели, токму од таму е и кризата на идентитетот и лудилото.

Текстот, режијата, сценографијата, музиката, се во новата претстава е на Јаниќијевиќ. На прашањето, зошто се одлучува на варијантата „one man show“, дали можеби не верува во колективната работа, Јаниќијевиќ вели: „Напротив. Секогаш сум верувал во синергија на екипата. Тоа е како рокенрол бенд. Понекогаш таквиот пристап е тежок и зависи од многу работи, но во овој случај бескрајно сум и благодарен на екипата. Толку чиста и јасна мисла и енергија кај сите актери подеднакво, одамна не сум почувствувал. Целата техника и сите што се вклучени во претставата дишеа како еден организам во текот на целиот процес“.

За општата состојба во театарот денес, за најавата на никнување на неколку нови независни театарски куќи, а од кои се уште нема никакво ехо, за скромниот репертоар на националните театарски куќи поради намалениот буџет, Јаниќијевиќ вели: „Независните театри, како и било кои други, секогаш имаат проблем со пари. Мислам дека од многу жалење и плачење фајде нема. Сум го поминал тој процес на правење независни проекти. Конечно, следниот проект кој го работам, ’Шехерезада 1001 минута‘ со Висар Вишка и Ѓорѓи Јолевски, е независен. Заклучокот е дека претставата е таа која важна. Тоа се памети“.


#
Статијата е прочитана 620 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Прочуениот Лондонски оркестар вечерва во Скопје
Нови книги
„Арапска ноќ“ за јубилејот на Турски театар
Сашо Тасевски објави нови драми во „Култура“
„Алиса во земјата на чудата“ со ученици од гимназијата „Нова“
Годишната изложба на ДЛУМ со 140 автори
 

Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud
End of Croatia's EU accession talks within reach