|
|
|
|
|
|
Само Ахмети кани странци да ни го решаваат името
Коалициските партнери на ДУИ како да не се заинтересирани за идејата спорот со Грција да се решава со засилен меѓународен ангажман
Светлана Унковска
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не ја напушта идејата проблемот со името да се решава со поголем ангажман на меѓународни посредници од САД, ЕУ и од НАТО. Но, се чини, Ахмети со ваков предлог настапува само пред својот електорат, но не и пред коалицискиот партнер. Но, тоа што тој го изнесе во јавност, меѓу граѓаните на Липково и на уште некои други населени места, досега не наиде на поголемо внимание ниту кај претставници од опозицијата, кои, главно, оценуваат дека лидерот на ДУИ го користи проблемот со името за популизам.
„Решавањето на проблемот со името е клучен предизвик пред Македонија, а за тоа е потребен поголем ангажман на САД, ЕУ и на НАТО. Мислам дека и двете страни влегле во емотивна ситуација и тие имаат комплекси од минатото дека се можни територијални претензии. Овие комплекси страните ќе ги отстранат затоа што сонот за голема Грција или за голема Македонија нема да успее, нема такви соништа“, рече Ахмети.
Зборовите на челникот на ДУИ останаа да лебдат меѓу граѓаните на местата што тој ги посети викендов. Но, остана непознато дали за предлогот за поголем ангажман на меѓународната заедница тој разговарал и со својот коалициски партнер, премиерот Никола Груевски. Владиниот портпарол, Мартин Мартиновски, вели дека нема информации дека Ахмети и Груевски воопшто се сретнале за да разговараат за ваквата идеја.
Опозициските партии, пак, на ваквиот предлог гледаат само како на можност Ахмети да излезе со некаква идеја пред граѓаните, како на евтин популизам и сметаат дека и самиот не очекува дека тоа би можело да има некаков одек. Од СДСМ велат дека се' уште не го виделе официјално предлогот, но, генерално, го сметаат за неприфатлив.
„Таквиот предлог не е прифатлив за нас. Со таков пристап ќе покажеме политичка незрелост на целото македонското општество, бидејќи политичките партии во оваа 2010 година не можат да остварат ниту елементарна комуникација и да изградат консензус за најважните прашања за иднината на земјата“, велат од СДСМ.
Со сличен став се и либералдемократите, кои сметаат дека прво и основно е да се постигне консензус меѓу сите фактори на политичката сцена во Македонија. „Мислам дека предлогот само ќе и' нанесе штета на Македонија, затоа што ќе покаже дека ние не сме подготвени сами да го решиме проблемот. Со тоа само ќе испратиме лоша порака. Ние прво мораме внатре да го решиме проблемот со тоа што ќе постигнеме консензус меѓу сите партии по ова прашање. Не гледам како проблемот би се решил побрзо со посредништво, а тоа да не биде на штета на Македонија“, оценува Роза Топузова-Каревска од ЛДП.
Во Нова демократија сметаат дека политичките субјекти, кои се на власт и се коалициони партнери, треба да имаат посериозен пристап кон ова прашање. „Би било посоодветно и попаметно Ахмети да не дава само изјави, туку да седне на маса со својот партнер, премиерот Груевски, и да најдат решение што ќе биде погодно за Македонија, но и прифатливо за двете страни. Она што е амбиција на сите граѓани, а тоа е нашето евроатлантското интегрирање, подразбира и смелост во носењето одлуки. Сето тоа изостанува кај оваа владејачка гарнитура и јасно е дека овие тактизирања се само евтин популизам“, истакнува Флора Кадриу од Нова демократија. |
#
|
Статијата е прочитана 869 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola,Vlav vo Germanija |
Датум: 28.12.2010 12:59:52 |
|
Znaci nekompetentnosta i nekreativnosta se najistaknatite "aduti" na MK-Politicarite."Predlogot" na DUI duri bi narekol i neviden bezobrazluk!Spored moite licni analizi vo posledno vreme bi predlozil MK vo sporot so GR okolu ustavnoto ime da ostane TVRDA(!),bidejki se blizuva denot koga EU ke ja kani MK zosto se raboti za dolgorocnata stabilnost na Balkanot i "zabeleskite" na bankrotiranata GR nema da se zemat vo predvid.Clenstvoto na GR,BG,RO i AL vo NATO-EU baziraat na politicki odluki i ne korespondirat nikako so nekakvi kriteriumi,tuku na licnite procenkite na Briselskite Birokrati.MK e opkolena od zemii-clenki vo navedenite organizacii,taka da i MK e clenka na EU/NATO,iako ne formalno.Svajcarija ne clenuva vo EU-NATO,pa sto i fali?Sakam da recam,treba TRPENIE!A domasnite zadaci treba MK sama da gi absolvira bez stranska pomos.Predlogot na Ahmeti moze da bide i zamka,bidejki ne isklucuvam ALcite da nametnuvaat nivnoto "resenie" za imeto,a kakvo bi bilo toa,sami mozete da procenite! |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonce od skopje |
Датум: 28.12.2010 13:42:29 |
|
lesno e da se komentira od germanija
dojdi be vlavce vamu pa de te vidam kako ke zivees so 200evra,a so nad 2000evra lakse se dise
mnogu ste silni od nadvor,dojdi vamu vo bedava pa da te vidam. |
|
|
|
|
|
|
Од: do Makedonce od Skopje |
Датум: 28.12.2010 15:24:03 |
|
i dali si siguren deka po "resavanjeto - menuvanjeto" na imetonarodot ke ima pogolemi plati i ke zivee poubavo? |
|
|
|
|
|
|
Од: Влав од тука |
Датум: 28.12.2010 16:39:15 |
|
А, бе влавче, имаш право!Треба само трпение и се ќе се реши во наша корист.Кој ја шиша банкротираната Грција во однос на економскиот гигант Македонија?!Трпение,за едно седумстотини милијарди години ,ние победуваме! |
|
|
|
|
|
|
Од: do vlav |
Датум: 28.12.2010 16:50:05 |
|
da i Milosevic povikuvase na jadenje korenja , taka i nasite golemi patrioti ne kanat da ne pregovarame tuku da cekame, no tie ne jadat korenja , poglednete go Milenko kolkav mu e stomakot, najgolemite "patrioti" po kaefani se reklamiraat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Pande |
Датум: 28.12.2010 22:19:56 |
|
Makedonce od Skopje.Dojdi ti vo Germania pa da te vidam dali cel den ce stois do Kompjuterot ili ce trebit malku da go ispotis. |
|
|
|
|
|
|
|
|