Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Лекарски плати - земи од еден, дај на друг

Новиот систем за плаќање според ефект е промашен, сметаат докторите

Јасмина Јовановска



Новиот систем за плаќање според ефект е промашен, реагираат лекарите. Оние што работат, место да добијат поголеми плати, со новиот модел биле оштетени. „Не излегов од операциона сала и на крај зедов над 10 отсто помала плата од претходната, а колегата што само прегледува зеде поголема плата од мене“, реагира една докторка од Градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, која е една од трите пилот-установи каде што стартува новиот систем на плаќање.

Во оваа болница, од вкупно 47 лекари, половината зеле намалена плата. Ноемвриските плати на некои лекари, кои се и првите исплатени плати според ефект, се намалени и до 100 евра. На Клиниката за максилофацијална хирургија само тројца лекари успеале да земат 100 отсто плата, иста како пред да стартува системот.

Лекарите ја гледаат вината во тоа што во практиката се пушта неподготвен систем, а можни се и злоупотреби. Оставено е на честа на лекарот во системот сам да внесува колку сработил, без да има контрола. „Од работа не стасувам да кликам на системот, а оној што има време може да внесува и услуги што не ги сработил, па ќе зема поголема плата од мене“, објаснува еден лекар анестезиолог. Во услови на ограничени буџети, лекарите велат дека системот според ефект е неприменлив. „Се земаат пари од еден лекар за да се дадат на друг“, велат лекарите, кои сметаат дека на овој начин дирекно се нарушуваат меѓучовечките и колегијалните односи и нема конкуренција, туку само нетрпеливост. Уште поголем раздор и револт кај лекарите се јавува што со системот не е опфатена администрацијата и немедицинскиот кадар. Доколку не се измени нешто, лекарите предупредуваат на нов бран одлив на лекарски кадар.

Системот за вреднување на лекарскиот труд повторно не е реален. „Се случува еден ушен преглед да е поскап од една хируршка операција. Или, пак, оној што правел коронографии да земе многу поголема плата од оној што правел ехопрегледи“, објаснуваат лекарите.

Поради многубројните пропусти и неприменливоста на системот во практиката, Лекарската комора вчера побара плаќањето според ефект на лекарите да се одложи или стопира додека не се доработи. „Наградувањето се прави според одлука на комисии во кои главната одлука ја имаат директорите. Докторите се револтирани и поради фактот што и така ниските плати им се намалуваат“, вели претседателот на Лекарската комора, Владимир Борозанов. Според Борозанов, наградување според придонес значи и одредување норми и критериуми, зашто тоа не е обична комерцијална услуга.

Лекарската комора учествувала во подготовките на овој проект, но потоа, кога требало да стартува, била оставена малку настрана. Без да се направи евалуација на системот со конкретни бројки, не може да продолжи системот, кој од јануари се планира да се прошири во клиничките болници во Тетово, Битола и во Штип, а од март во сите здравствени установи.

Доколку власта нема разбирање за нивното барање, што ќе преземе Комората, ќе се одлучи на 20 јануари, кога е закажано Собрание. Притоа, од Комората не исклучуваат плаќањето според ефект да биде дадено на Уставен суд.

Дали ќе го одложат или стопираат системот, од Министерството за здравство не одговорија, туку дека за сите нејаснотии и недоразбирања околу плаќањето според ефект се отворени за дијалог.

Проект првенствено е осмислен да овозможи дополнителни стимулации и наградување на лекарите и медицинскиот персонал, а евентуалните пропусти за Министерството за здравство се технички грешки. Со оглед дека е пилот-проект, од Министерството ветија дека целосна имплементација во сите јавни здравствени установи во земјава ќе почне дури откако ќе се констатира дека се надминати системските слабости и по неговото усогласување со Лекарската комора, македонското Лекарско друштво и другите еснафски здруженија од областа на здравството.


#
Статијата е прочитана 862 пати.

Испрати коментар

Од: dr. dulitl
Датум: 28.12.2010 12:28:01
ne e loso ministerceto osmanco(izguben vo svemirot) da predlozi na vlada i direktorite na industriskite zoni da zemaat po ucinok. ili ekonomskite promotori. lili nikoj ne go esapi za ziv nego. da zivee misniterot za zdravstvo grujo III. da ne im si vo kozata na pacientite.
Од: bingo
Датум: 28.12.2010 14:22:32
Bravo za noviot minister za zdravstvo gIII. Seto toa lici na lakrdija koja vo drugi zemji ke bi napravila krs. No faktne deka golem broj na lekaritetamu ne rabotat dovolno, pa nikojnema petle nesto da vikne i da promeni. Ke si tera toa taka dolgo, se e od glavite neli..Of lele za pacientite.
Од: marika cair
Датум: 28.12.2010 16:12:34
nese lekarite za zalenje tuka penzionerite ,nevrabotenite i onie sto rabotat za 100-200evra....pozvavam licno naJMALKU 20LEKARI VO SKOPJEsite imat kuci,stanovi,dobri koli,odat na letovanje,skijanje,marka obleka na nivnite deca......................
Од: TOTALNO PROMASENO
Датум: 28.12.2010 16:44:42
TOTALNO PROMASENO RESENIE!!!!!!! Tesko na lekarite, no uste potesko na pacientite. Sega kje se odi samo na kvantitet, a nikako na kvalitet. bDoduse za kvalitetot vekje e mislena imenka, zatoa sto bolnicite se vo ocajna sostojba vo sekoj pogled.
Од: lekar
Датум: 28.12.2010 18:55:14
zosto ednostavno ne gi ukinete lekarite vo ovaa drzava pa site pari dajte gi na sudiite Eden sudija ima plata kako trojca lekari Ne postoi vo svetot drzava kade sto lekarot e poponizen od ovde
Од: mimi
Датум: 28.12.2010 22:32:16
Se zalat lekarite a ako nemas pari mrtov si sekoj lek se kupuva na privatno inekciite si gi plakas ako te kasne insekt ili zmija treba da odis u apteka da si kupis inekciija haossss

Најди! во Утрински
Политика
Само Ахмети кани странци да ни го решаваат името
СДСМ и натаму ќе притиска за предвремени избори
Бранителите од „Достоинство“ сами на избори
Иницијатива за кривично гонење на Спасеновски
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks