Бранителите од „Достоинство“ сами на избори
ТЕТОВО - Редовни или вонредни, на наредните парламентарни избори „Достоинство“ ќе учествува со свои кандидати. Членовите на Здружението на бранителите, кои подолго време најавуваа можно политичко ангажирање, сега се изјаснија поконкретно. Претседателот на Здружението, Стојанчо Ангелов, соопшти во Тетово дека мнозинството членови на централно собрание биле со став „Достоинство“ на наредните избори да излезе со свои кандидати.
Но, наспроти информациите дека ова здружение ќе биде дел од поширок десничарски пакт против ВМРО-ДПМНЕ, од „Достоинство“ велат дека нивна определба е „доколку излеземе на избори, тоа да биде самостојно без приклучување на која било политичка партија“. „Не можам да одлучувам поинаку од мнозинството“, рече Ангелов. (Г.Е.) |