Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

НБМ нема да печати пари за повеќе кредити

На сите оние чии очи годинава постојано им беа свртени кон НБМ, Гошев им порача сега да се завртат кон инвестиции и извоз

Соња Маџовска


Народна банка на Македонија нема намера да печати пари за да има повеќе кредити. Гувернерот Петар Гошев вчера беше дециден и на сите оние што годинава очите постојано им беа свртени кон централната банка и повикуваа дека е таа најодговорна за слабото кредитирање, им порача дека сега треба да се завртат кон инвестиции и извоз, бидејќи само така може да се оствари поголем кредитен и економски раст. „Монетарната политика може да влијае врз растот, но доминантни се други две групи фактори. Мој совет за оние чии очи постојано се свртени кон монетарната политика, барајќи печатење повеќе пари, е да бидат завртени спрема две други групи фактори, бидејќи оттука може да дојде вистинскиот потенцијал за раст на економијата. Кај интерните фактори тоа се инвестициите, и алокацијата каде одат тие, приоритет треба да биде извозниот сектор, и зголемување на продуктивноста на економијата што бара структурни реформи, индустриска политика. А ние, како мала економија, зависиме и од надворешните фактори“, истакна вчера Гошев. На прашањето на кого конкретно мисли гувернерот, Гошев вели дека тоа се сите оние што постојано бараат безусловен раст на кредитите, без да водат сметка за фундаментите на економијата. Според него, нема многу простор ниту за натамошен пад на каматата на благајничките записи, бидејќи таа е сведена на историски најниско ниво од четири отсто, па сега се' е во рацете на банките и на бизнисот. Тој нема намера да го менува сегашниот модел на одржување аукции на благајнички записи и смета дека тие пари, и да не се врзуваат за овој инструмент, нема да одат за кредити.

Процените на НБМ велат дека годинава ќе ја завршиме со кредитен раст од 8 отсто, иако, според претходните проекции, тој требаше да стигне до 10 проценти. Слабиот кредитен раст, според НБМ, се должи на растот на лошите пласмани што годинава во септември изнесуваа 10,6 отсто, а во ноември се благо паднати на 10,15 отсто. Најголема ризичност има кај корпоративните кредити, и тоа оние одобрени кон индустријата и градежништвото. Сите овие фактори влијаеле банките да остварат и послаб профит и тоа за 30 отсто во однос на лани, а осум банки бележат и загуби. Дел од причините за слабиот раст на кредитирањето се и трката по штедачи, која годинава посебно беше изразена, при што депозитите пораснаа за 12 отсто. „Банките плаќаат повеќе од солидни камати на депозитите, а тоа влијае на висината на активните каматни стапки“, смета Гошев. Според него, главната причина зошто банките не ги спуштиле каматите на кредитите е затоа што не сакале да ги изгубат штедачите.

За 2011 година се очекува кредитниот раст да се искачи до 12 проценти, а тоа ќе зависи од подобрувањето на перформансите од работењето на банките и натамошно усогласување на банкарската регулатива со постојните и новите стандарди во оваа сфера. „Банките, сепак, одржуваат висока и стабилна солвентна позиција“, вели Гошев. Адекватноста на капиталот, како основна мерка на стабилноста на банките, е двојно повисока од законскиот минимум и изнесува 16,4 отсто.

Според Гошев, иако од сегашна гледна точка има простор за релаксирање на монетарната политика в година, затоа што повеќето факто��и изгледаат позитивни, сепак, тој смета дека има ризици. Сепак, неговите очекувања за 2011 се дека се задржани поволните услови за водење монетарна политика, во согласност со надворешна позиција и економскиот раст што се очекува да биде остварен со три отсто. „Следната година очекуваме забрзување на економскиот раст, кој треба да биде меѓу два и три проценти, но повеќе до 3 отсто. Ризиците се присутни, но, како и секогаш, тие редовно ќе се следат и на нив навреме ќе се реагира. Политиката на стабилен девизен курс останува“, потенцираше гувернерот на вчерашната завршна прес-конференција на која ги соопшти процените за оваа и за наредната година. Основно за монетарната политика во 2011 година се надворешната позиција и девизните резерви, кои наредната година се очекува да се зголемат за 180 милиони евра. На крајот на оваа година тие изнесуваат 1,69 милијарди евра.


#
Статијата е прочитана 411 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 24.12.2010 12:38:42
Bankarskiot sektor kaj nas e mnogu "sarenolik",pa ako sobereme kupus i meso ke dobieme sarma, sto so drugi zborovi nema vrska so realnosta. Taka e i so bankite.Ima banki koj se sposobni da kreditiraat,da garantiraat i da rabotat po kakvi-takvi svetski standardi.Na drugata strana imame"virtuelni"banki koj se odrzuvaat so sila,pa neretko se prikazuvaat i lazni podatoci samo i samo da ne se otkrie deka nekoja banka e veke propadnata.Ima banki kade sto dnevno ne vleguvaat ni 50 luge,pa jasno e sto banka e toa, a sepak postoi.Sekade vo svet kade sto banka so 200 vraboteni ima samo 50 "posetiteli" dnevno, za rok od dva-tri dena propaga.Ovde ke ne ubeduvaat deka bile "solventni".Ako samo dve-tri firmi od tie"50 klienti"si gi povlecat parite,prasanje e taa banka dali ke ima veke pari.Neretko tie dva-tri klienti se vsusnost drzavni/javni firmi na koj im e nalozeno da "ja odrzuvaat"taa banka.Proverete samo kade i kolku pari ELEM i MEPSO "doniraat".

Најди! во Утрински
Економија
Нема лабаво за пушењето
Пешевски со новогодишна желба за „Чебрен“ и „Галиште“
Шпаркасе - партнер на Маврово
Шест милиона евра за седум мали ХЕЦ
Истекувањето информации, закана за компаниите
Нашите текстилци на црна грчка листа
БДП пораснал за 1,3 отсто, нема шанси да стигнеме до 2 отсто
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks