|
|
|
|
|
|
Нашите текстилци на црна грчка листа
Атина - Грчките текстилни компании кои имаат фабрики за производство во Македонија и грчките компании кои соработуваат со македонските од јануари 2011 ќе се соочат со проблеми бидејќи Македонија е ставена на листата на држави со кои нема соработка на грчкото министерство за економија.
Како што пренесува бизнис-весникот „Експрес“, од Асоцијацијата на текстилни и модни компании во Грција реагирале дека од први јануари 2011 со новиот даночен закон трошоците за трансакции со физички или правни лица во држава со која нема соработка не се признаваат. Од Асоцијацијата на текстилни и модни компании е испратено писмо – реакција до грчкиот министер за економија Јоргос Папаконстантину. Во реакцијата стои дека грчките компании кои имаат фабрики за производство и бизнис активности во Македонија со овој закон нема да може никако да ги оправдаат трошоците за нивното производство.
Од Асоцијацијата побарале Министерството веднаш да предложи решение за конкретниот проблем кој опфаќа голем број грчки компании, потсетувајќи дека текстилната индустрија е една од најважните гранки во Грција која од извоз на производи годишно има профит повисок од една милијарда евра. Конечно, било побарано Македонија да се смета како држава кон која важи повластен даночен режим. (М.П.) |
#
|
Статијата е прочитана 535 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: vlado |
Датум: 24.12.2010 15:44:52 |
|
Ај сега на Фуере да му го кажете да го реши новиот проблем прво со текстилците после тоа можеби и ке го слуша некој кога ке се појави на телевизија и да им објасни во Атина како треба да бидат конструктивни и да почнат да соработуваат со текстилците од ФИРОМ. Значи нема националиџам нема политика само памук конци волна свила итн. |
|
|
|
|
|
|
Од: makedonec |
Датум: 24.12.2010 20:52:55 |
|
Зошто обратно да не направиме - да ја казниме Окта? или некои слични монополи, кои не им се исплати да не работат? |
|
|
|
|
|
|
|
|