Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Пешевски со новогодишна желба за „Чебрен“ и „Галиште“

Можно е новиот тендер за двете хидроцентрали да биде распишан следната недела

Маја Томиќ



„Мојата новогодишна желба е успешна реализација на проектите ХЕЦ ’Чебрен‘ и ’Галиште‘. Во изминатите години за нив е потрошено многу време и енергија, а она што е сработено во Министерството за економија е со висок квалитет. Се надевам дека пред Нова година ќе излезе новиот повик за претквалификација и очекувам во наредната година успешна реализација на овие проекти“, изјави вчера вицепремиерот Владимир Пешевски.

Од големиот број на веќе започнати енергетски проекти, Пешевски е оптимист дека добар дел од нив ќе почнат да се реализираат в година. Тој информира дека првиот енергетски проект што ќе стартува следната година ќе биде приватната термоцентрала „Те-то“ во Скопје, која е во завршна фаза и треба наскоро да биде вклучена во мрежа. Работите околу овој проект малку се пролонгирале, поради тоа што, како што објасни Пешевски, станува збор за приватен тип објект, каков што досега не е граден во земјава и биле потребни повеќе координации меѓу МЕПСО, ЕЛЕМ, Регулаторна комисија за енергетика и Министерство за економија, како и некои законски измени и дополнувања.

Следниот проект што треба да се реализира кон крајот на првата половина од идната година, е ХЕЦ „Света Петка“. Пешевски е оптимист дека централата тогаш ќе биде ставена во функција, а досегашниот застој на овој проект бил поради извесни технички проблеми. „Во наредната година се очекува завршување на постапката за избор на концесионер за Коридорот 8, проект што надминува вредност од милијарда евра. Во скоро време треба да се изработи еколошката студија за него, а кога ќе биде тоа готово, само прашање на време е кога ќе се реализира проектот од страна на концесионерот. Во наредната година се очекува и целосно заокружување на Коридорот 10, на потегот од Демир Капија до Смоквица, со потпишување на договори за финансирање. Овој проект е тежок 300 милиони евра“, истакна Пешевски и додаде дека годинава што ни претстои ќе започнеле подготвителни активности за ХЕЦ „Бошков Мост“ и ХЕЦ „Луково Поле“.

За учество во бугарската нуклеарка „Белене“, Владата се' уште нема одлука.

„Кога ќе се донесе решението, тогаш ќе ја соопштиме одлуката. Ние не сме под притисок да брзаме и нема да биде ништо спектакуларно изгубено ако се задоцни. Од една страна, постојат индиции дека треба да се прифати нашето учество, а од друга страна, има спротивни параметри“, изјави Пешевски, додавајќи дека Владата ќе ги прави анализите за „Белене“ заедно со МАНУ.

Од сите очекувани и најавени странски инвестиции за в година, вицепремиерот, како што веќе има изјавено, е речиси сигурен за доаѓањето на турски „Шишеџам“. Тој се надева и дека барем една странска компанија, која во минатата година најави влез во земјава, ќе донесе позитивна одлука за инвестирање.


#
Статијата е прочитана 318 пати.

Испрати коментар

Од: igraorec
Датум: 24.12.2010 17:40:23
Pozdrav do SISEDZAM so " Zemjo tursko ropstvo Makedonijoooo ..."

Најди! во Утрински
Економија
Нема лабаво за пушењето
Шпаркасе - партнер на Маврово
НБМ нема да печати пари за повеќе кредити
Шест милиона евра за седум мали ХЕЦ
Истекувањето информации, закана за компаниите
Нашите текстилци на црна грчка листа
БДП пораснал за 1,3 отсто, нема шанси да стигнеме до 2 отсто
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks