Шпаркасе - партнер на Маврово
За развојот на зимскиот спорт во Македонија, Шпаркасе банка оствари соработка со скијачкиот центар Маврово. Преку ова партнерство ќе се вложува во развојот, функционалноста и изгледот на центарот по примерот на светските скијачки центри. Како банка која потекнува од земјата на Алпите и земја со долга традиција во зимските спортови, Шпаркасе банка одлучи да стане официјален партнер на скијачкиот центар Маврово и на тој начин да овозможи многу снежни забави и изненадувања за посетителите. Во текот на целата година, Шпаркасе ќе овозможи разновидна забава за посетителите и промоции на своите производи и новитети. (Ек.Р.) |