Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

На магарешка клупа во Советот на Европа

Тамара Грнчароска

Може да станеме првата земја во историјата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) која од постмониторинг-фаза може повторно да биде вратена на мониторинг од страна на Советот.

Ова пред два дена ни го порача ад-хок постизборната комисија на ПССЕ, која два дена слушаше објаснувања и ставови од сите релевантни политички чинители во земјава за политичката состојба по изборите, работата на парламентот, меѓуетничкиот и, пред се', меѓупартискиот дијалог, и донесе заклучок: „Ќе ја разгледаме можноста за отворање постизборен мониторинг, односно на механизам на постизборен мониторинг, што значи дека се идентификувани одредени проблеми, поточно одреден дефицит во однос на демократијата, владеењето на правото и човековите права, кои се основните вредности врз кои се темели Советот на Европа“.

По се' изгледа, двата члена на мисијата на Советот на Европа не биле фасцинирани од средбите и приложеното на нив онолку колку што беа импресионирани македонските политичари кои со „позитивни впечатоци и чувства“ излегуваа од средбите со Мевлут Чавушоглу и Андреас Грос. Ад хок комисијата на ПССЕ, пак, дипломатски ни најави да се поправиме или да се подготвиме да влеземе во европската историја како негативен пример на повторувач. „Се' уште сме во фаза на анализирање и ќе ја разгледаме оваа можност која можеби ќе биде предложена на Бирото на Парламентарното собрание во септември“, беше ставот на Чавушоглу.

На двочлената комисија испратена во земјава за да ја скенира состојбата во земјава по „проблематичните избори“ и како се спроведуваат препораките кои тогаш ни беа дадени, една од забелешките се однесува на работењето на Собранието з�� кое тие ќе предложат Советот на Европа да му помогне да го смени својот деловник.

Сепак, една од главните забелешки на Чавушоглу и Грос била на сметка на политичкиот дијалог, особено бојкотот на парламентот, кое станува вообичаена пракса на опозиционите партии, пред се од албанскиот блок. По неколкумесечниот бојкот од страна на ДУИ во претходниот собраниски состав, најавениот нов бојкот, од страна на сега опозициската ДПА, не ги одушеви претставниците на Советот на Европа, кои тоа го оценија како не зрело однесување. „Им порачуваме да го сопрат бојкотот, бидејќи нив ги избрале граѓаните и тие ним им должат да бидат во Собранието“, беше пораката од претставниците на ПССЕ.

Ако на таквата состојба се додаде и однесувањето на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој во интерес својата партија и суета, а не на Македонија, одби да се сретне со претставниците на ПССЕ кои го цртаат профилот на земјава за надвор, станува повеќе од јасно каква слика за демократија и демократско однесување, пред се политичка култура, испраќаме од дома. И Али Ахмети не помогна многу во таа насока. Тој иако беше поконструктивен за соработка со ПССЕ, од позиција на власт, за меѓупартискиот дијалог остана затворен во сопствениот партиски свет. На прашањето дали би се сретнал со Тачи тој само кратко одговори: „Ќе покаже времето“.

Партиските и политичките лидери во земјава никако да сфатат дека времето, иако е релативна категорија, на Македонија во поглед на Европа и европските стандарди, се повеќе конкретно и недостига.

Несигурното „можеби“ од страна на Чавушоглу и Грос за предлогот за обновување на мониторингот врз нашата земја, две и пол години откако беше укинат, ни е единствената надеж дека имаме уште малку време да се поправиме и да ја избегнеме магарешката клупа за повторувачите, од која ќе треба да го избришеме правот за да седнеме.


Статијата е прочитана 894 пати.

Испрати коментар

Од: ЗСС - Скопје
Датум: 18.07.2008 07:38:57
И ова утро ја гледам тупаницата на левата рака на г. Груевски на изборните плакати. на што ли Боже ми асоцира ова? Се потсетувам: некој изнесе дека Македонија е во пред демократско општество, а еден уважен професор по право дека Македонија е илјада светлосни години далеку од важењето на правото. Се порашувам - кога некој се декларира дека сака странски инвестиции, сака европски норми на правото и демократија, дали барем малку не се посемнева дека јас му верувам? Ќе трпам и по натаму, оти другите не мислат како мене. Има ли граница на моето трпение или јас не доволно правам за да другите ги согледаат работите? Се тешам - сепак.мислам, дека осиромашувањето на повеќето од нас ќе ни ги разјасни работите.
Од: gimce
Датум: 18.07.2008 09:06:32
Bez navredi za zivotnite Ve molam poseben vid sme, ne znam kade ni e mestoto Neka ni e gospod na ispomos
Од: Стариот Бате
Датум: 18.07.2008 09:33:50
Значи сепак имаме место за седење, а јас мислев дека сме избришани од местата. Но, сепак портокаловата препородба продолжува. Ние си градиме сопствен имиџ и рејтинг на силни политичари, а државата само по себе ќе биде во ЕУ и НАТО. Иронија невидена, а мисли зелени.
Од: d-dorf
Датум: 18.07.2008 11:26:58
Realno, iskreno, i pravedno! Nema nisto izmisleno ocenkata na komisijata od PSSE, e na mesto sto bi rekle srbite " TO TI JE TO" A , magareskata klupa im e navika na MK. Politicari.. nee veke nikakvo cudo, Gledajki ja realnata sosotojba na MK. vo site tabeli-redovi, ke se zabelezi deka se nanazad i nanazat odime, po navika si sedime na MAGARESKATA KLUPA... vidikot e najdobar ??? Sekoj iskren covek i bez skeniranje na sostojbata vo zemjata moze da ja sogleda POLITIKATA vo MK. osobeno Albanskite Partii se prikazna za sebe,Vo kolku ne se vo Vladata vednas bojkotirat si pravat .. burleski !! A za opozicijata da ne zboruvame(ako voopsto moze da se narece???)Tokmu politickiot dijalog e najgolemiot problem vo MK. So omraza i nekoja tvrdoglavost, ( cesto kako deca se odnesuvaat )nepoznavajki gi pravila na DIPLPMATIJATA ?deka SAMO preku dijalog mozat ,site prasanja da se resat.Resavanjeto na problemite vnatre vo zemjata ne mozat so sila i oruzje , i bojkoti ,da se resavat sekoj pat???
Од: A. Nikolov
Датум: 18.07.2008 14:41:46
Chestitki za uspesite na diktatorot Nikolaj i 500 iljadi glasachi za napredokot na Makedonija.So planiranjeto za voveduvanje nabluduvachi od sovetot na evropa.makedonija se vraka 8 godini nazad a jas velam so ovoj nachin na vladeenje na policiska drzava i kriminal posebno od vlasta se vrakame 60 godini nazad.Toa e prerodbata nadogradena na Nikolaj.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Уапсен Зоран Заев, опозицијата го напушти парламентот
Претходен број
Судот се сомнева дека новинарот Владо Танески е убиен!
Драмата на Егејците (17)
Александар Кан
Бурекот е странски, а „дорина“ домашен производ!
На Груевски нема кој да му каже
Дијалог
Јован Вангеловски - нов ��ретседател на Врховниот суд
Доцнат ли големите ветени странски инвестиции?
Verbatim
Млекарниците ја симнаа цената за откуп на млекото
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе