Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Си велам...

На Груевски нема кој да му каже

Ерол Ризаов

Најзначајната мерка на успешноста на една политика е крајниот резултат

Никола Груевски се определи да влезе во историјата како прв македонски премиер кој ги отворил јавно најболните прашања во односите со соседна Грција - правата на македонското малцинство и за имотите. Груевски брзо ќе се увери дека многу е полесно тие прашања да се отворат отколку да се затворат во интерес на Македонија. Писмото до премиерот Караманлис драматично ја оддалечи Македонија од стратегиските интереси. Со тоа се остварува не нашата, туку главната стратегиска цел на Грција - Македонија никогаш да не биде членка на Европската унија и на НАТО.

Граѓаните на Македонија може да добијат за кратко мала доза на гордост и достоинство со отворањето на прашањата за правата на Македонците во Грција и за имотите на Егејците, но тоа е само привидно, бидејќи со ваквата политика се загрозуваат уште повеќе правата на македонското малцинство во Грција и на можноста за враќање на имотите или за добивање двојно грчко-македонско државјанство. По писмото на Груевски до Караманлис, сега е уште потешко да се биде Македонец во Грција. А по најавениот одговор на Караманлис грчките милитанти и шовинисти, најголеми во Европа, ќе се охрабрат за слободна тортура врз македонското малцинство.

Повеќемина јавни личности во Македонија се' погласно прашуваат дали од блиската околина на Груевски има некој храброст да му каже на премиерот што е најважно во политиката. На домашните, дури и најдобронамерни критичари, тој не им верува, ги нарекува грчки платеници. На опозицијата уште помалку. На пријателите во светот, исто така. Ќе мора Груевски да се соочи и со некој на кого му верува, кој не му е полтрон и медиумски мегафон. Ќе мора на Груевски некој близок, ако има три чисти, да му каже која е вистинската мерка за успешноста на една власт и една политика. Дали е тоа само висок рејтинг и голема доверба која како што доаѓа, така и си оди, или во способноста да се покренат позитивни општествени политички промени, навреме да се насетат глобалните неминовни историски процеси и со реформи тие да се забрзаат. Груевски мора да дознае дека оцената за успешна политика е во квалитетот на животот на граѓаните, благосостојбата и среќата. Македонија без Европа не може да стигне до таа цел. И поблиската и подалечната историја на Европа е преполна со примери на популарни владетели кои имале огромна поддршка во јавноста, победувале на избори со огромно мнозинство,нивни слики се носеле на митинзите и им се пееле оди, а ги довеле своите земји на работ на пропаста и својот народ во голема сиромаштија и изолација. И обратно, политичари кои ја загубиле власта како тврди легалисти, нехаризматични дури и омразени, а кои подоцна историјата ги ставила на пиедесталот на најзаслужните државници за својата земја. Само примерите од нашата поблиска околина на Милошевиќ и на Туѓман јасно кажуваат како еден српски лидер со огромна поддршка заврши трагично во Хаг и како еден не баш сакан претседател како Туѓман создаде стабилна Хрватска и и' ги отвори европските перспективи. Науката и светските политички теоретичари, по одредена историска дистанца мошне прецизно одговориле на прашањата што е најважно во политиката и што е тоа успешна политика.

Според сите нив , речиси без исклучок, најзначајната мерка за успешноста на една политика е скорот, односно крајниот резултат, кој мора да ги содржи главните елементи на среќен живот на граѓаните: мир, стабилност, развој и демократија. Само овие клучни предуслови овозможуваат благосостојба, економски напредок, висок личен и општествен стандард, правна држава. Македонија не може да ги оствари овие цели без членство во ЕУ и во НАТО, како што тоа не можеа ни Грција, ни Словенија, ни Бугарија, ни Романија, а како што не можат ни Хрватска, ни Србија, ни БиХ, ни Црна Гора...

Сегашните историски околности и реални односи на силите, колку и да е тоа неправедно и болно, јасно укажуваат дека оваа генерација македонски политичари не може да се избори Македонија да влезе во Европската унија и во НАТО со уставното име. Можеме вината оправдано да ја префрлуваме на Грција која е нашата најголема пречка и кочничар на патот кон евроатлантските интеграции, можеме да и' се лутиме на Бугарија за сличната византиска политика и лажна солидарност, можеме да им се лутиме на Европската унија и на администрацијата во Брисел, и на Америка и на Џорџ Буш и да докажуваме дека не се искрени во намерите да и' се помогне на една онеправдана земја на чија страна е и меѓународното право и правдата, но од сето тоа нема никакво фајде. Успешноста на една политика е и во тоа да се убедат центрите на моќ, големите сили, Европската унија и Брисел, и Вашингтон, и сите наши пријатели дека Македонија е подготвена за достоинствен компромис и толеранција и дека во оваа фаза од нејзиниот развој во интерес на сопствената иднина може да отиде до една како што веќе нашите политичари ја нарекоа црвена линија под која не се може. Сите соседни земји и земји со кои во едно време живеевме во заедничка држава: Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, па и Албанија, особено Бугарија, Романија и Грција, во своите политички активности на патот до Европската унија и НАТО успеале да го привлечат интересот на големите сили и успеале да најдат свои заштитници и свои промотори, пред се' во Германија, Англија, Франција, Америка, но не помалку и во Русија, во Кина, во Јапонија и во Канада. Без цврста поддршка на овие големи земји нема остварување на македонските евроинтеграции. Македонија мора да најде свој силен партнер кој цврсто ќе застане зад неа.

Македонските политичари, за жал, за целиот период на оваа транзиција работеа многу бавно, а често и погрешно. Не успеаја да пробудат решителен интерес ниту кај големите сили, ниту кај нашите соседи. Вината е и кај нас. Не може само друг да биде виновен што Македонија не ги реализира сопствените стратегиски цели.

Премиерот Никола Груевски со својот нов мандат и значајна поддршка има извонредна шанса уште во првата година од својот мандат да ги реши најгорливите и најтешките прашања од македонските стратегиски интереси. Меѓутоа, со пор��ките што ги праќа до соседите и до Европската унија и до Америка само ја оддалечува Македонија од тој пат. Колку сме подалеку од НАТО и од Европската унија, Груевски е толку популарен во Македонија. Набргу Македонија, по оваа логика, ќе почне да се оддалечува и од Америка или, поверојатно, Америка ќе не' заборави, бидејќи последните вести што доаѓаат од Белата куќа, по писмото на Груевски до Караманлис, се лоши за Македонија и понаклонети на Грција. Шпекулативни се вестите дека Џорџ Буш во септември ќе направи спектакуларен обид да ги реши одеднаш блискоисточното, кипарското и македонското прашање. Поверојатно е дека Џорџ Буш од септември ќе почне со пакување на своите куфери за заминување на својот ранч.

Македонија изгледа станува се' поосамена.

А, можеби тоа е и крајната цел. Груевски инсталира по „револуционерен“ пат, како комунистите по Втората светска војна, нова политичка и бизнис-елита, како типична конзервативна десница. Членството во НАТО и преговорите со ЕУ можат сериозно да го спречат тој процес кој не е еволутивен, туку насилен. Затоа на Груевски му е потребна изолација уште еден период и апсолутна власт. Покрај парламентот, Груевски ги сака под контрола и институцијата претседател на државата, Врховниот суд, Уставниот суд, целата судска власт, монетарната власт, медиумите, локалната власт. Во тоа успева, бидејќи малкумина кои му се спротивставуваат лесно ги отстранува. Европа гледа и засега молчи. Опозицијата е во кома. Во парламентот заседава само власта. Груевски одлучува сам.

Македонија од кадифена преминува во стабилна диктатура.


Статијата е прочитана 2784 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 18.07.2008 00:13:50
Odlicna analiza ama sto ti vredi bre brate! Mozam vednas da gi rezimiram komentarite sto ce se pojavat: Komunjar. Komunjarite sekogas bile ujdisani so grckite fasisti i truliot Zapad .... Posle prvi juni nema kaenje.
Од: makedonec
Датум: 18.07.2008 00:18:34
Od vakvi kvazi makedonci kako vas gospodine Rizaov Makedonija stigna na ova deredze. koga site balkanski drzavi se osloboduvaa od otomanskoto ropstvo lugeto kako vas velea "navednata glava sabja ne ja sece" ili poslikovito vicot so kuburata kade makedonceto ja cuva za ne daj boze. Znam deka komentarot nema da go objavite ama bar kr vi kazam ako vi e strav od posledicite so toa sto ke ja branite Makedonija nemojte da im odmognuvate na tie sto imaat hrabrost toa da go storat
Од: Buntovnik
Датум: 18.07.2008 00:27:18
Gospodine Riazov. Prijatelite na Gruevski istinata mu ja kazuvaat vo oci, zatoa sto nikoj nema hrabrost da mu ja kaze vo usi.
Од: Apostol
Датум: 18.07.2008 00:59:25
Po kojznae koj pat, cestitam gospodine Rizaov . Za zal mi se cini deka dobar del od gradjanite vo RM ne ja razbiraat sustinata na pogubnata politika na Gruevski, koja vie tolku jasno ja kazuvate. Ne treba golema mudrost da se zakluci deka pozitivnoto resavanje na "egejskoto prasanje" ima pogolemi izgledi koga RM ce bide polnopravna clenka na EU. Cudni raboti se slucuvaat vo RM. Dali navistina se saka totalitarna vlast ? Posiroko, gradjanite sto ziveat tamu treba da go sogledaat toa. Primer; ako se pokaze bespredmetno spektakularnoto apsenje na Zaev i ostanatite (negovi sorabotnici), gradjanite treba podlaboko i popragmaticno da razmislat sto se im nudat ludjeto koi dobija vlast na izborite.
Од: Ana
Датум: 18.07.2008 01:15:49
Bravo!
Од: Pirin
Датум: 18.07.2008 01:20:14
nema koj da mu kaze na grujo, pa etee ti stalno kazuvas sepak neznam dali gi citas komentarite na tvoeto kazuvanje a ako gi citas togas daj si komentar sam, grujo ne dojde sam na vlast so sila nego go glasaa site gragani i sto e sega krivicata, sto opozicijata e slaba kon dobroto za makedonija, ama vo kriminalot sepak e neprestigliva.
Од: Pero
Датум: 18.07.2008 01:57:43
Erole, so godini se obiduvas ovie tikvari dagi nasocis vo relna demokratija no neti ide od raka. I ne veruvam deka ke uspees. Ovoj nas makedonski narod e vo edna zabluda kako germancite pred vtorata svetska vojna. No toa e toa i nemoze sto drugo da se pravi. Gospod nekani pomogne!..No ne veruvam, ne veruam od prosta pricina zatoa sto i gospod vide deka sme ligusi. Za zal vistinata e mnogu gorceliva!..
Од: lav
Датум: 18.07.2008 01:58:34
komunist
Од: mitko da vi protolkuva
Датум: 18.07.2008 02:44:44
Ne znam sto ne vi e jasno? Celo vreme trgnuvate vo svoite razmisluvanja od Makedonija, Nato, Egejcite so imotite i sl. Ne razmisluvajte taka. Trgnete od samiot Grujo. Prvo, toj fino si go znae narodot. Fino si go nasska i sega celo vreme ovoj ke glasa za nego. Grujo na vlast ke ostane mnogu poveke od cetiri godini veruvajte vo toa. Vtoro, si go resi problemot so UCK, koi lesno si go prodadoa gzot. Taci ke graka od bes ama vo osnova e bespomosen. Vazno nema da ima vnatresna nestabilnost. Treto, Grujo temelno i postepeno celosno ja zgazi opozicijata. Kakva e, ne mu e ni tesko .Sega za kraj nekoj ke kaze kako ovoj Erol RM nema da vleze nitu vo NATO nitu vo EU, RM ke bide najzaostanata drzava vo regionot, imotite na Egejcite na ovoj nacin nikogas nema da im se vratat. Pa sto ako? Grujo ke nasadi nekolku drvca ke gi potseti graganite deka takvo nesto SDSM (edinstveniot konkurent) toa ni na son ne bi napravilo i ke si prodolzi da si vladee srekno i veselo.
Од: risto mackovski las vegas USA.
Датум: 18.07.2008 04:07:02
gospodine rizaev vie ovoj pat se pojavuvate samo novinar reporter a ne kako politicar i politicki strateg. sakam da svatite deka korenite se podlaboki.zada me razberete polesno ke vi napomnam.slednoto:slucajot vo bukurest ne bese slucaen,paktot so usa ne e slucaen, sostanokot na nasite clenovi od drzavata so presedatelot bush ne bea ne sodrzaini, sodrzinata na pismoto i namerata i shoditeod nego,ne se povrsni i nema tuka da zastane i ke se uverite naskoro.grcija ne e taa sto ja zamisluvate vie,amerika ne e niti gluvonema niti nekadara.za poveke okolu ova mozete da mi se obratite.srdacno risto
Од: do Itar Pejo
Датум: 18.07.2008 04:13:58
Aj kazi vo sto e odlicnosta na komentarot.Deka dosega nikoj nemase m...nja da go otvori toa prasanje a sega Gruevski go otvori.A sto ti Itar Pejo kako sto se vikas ako ti imase imot i rodnini vo Grcija i nemase da odis da gi posetis?Da tocno e deka prvi juni nema vekje kaenje ama toa kjeda ke bide za vas komunjarite.A vie g-dine Rizaov-monotoni ste.Sekoj vas tekst e Gruevski zosto vaka -Gruevski zosto taka?E pa zatoa sto e Premier na Makedonija i ima poddrska od 500 000 tvoi NEISTOMISLENICI g-dine Rizaov!!!Za tvoja zal
Од: Dok
Датум: 18.07.2008 04:21:00
A be rizaov a pod cija kontrola bese sudot dosega a i setoa toa sto mu prefrlash na gruevski pomislise pod cija kontrola kontrola bea site tie institucii za poslednote 17 godini kade bese ti togash d akomentiras koga cela evropa s ebunese deka sudstvoto nee nezavisno, kako imas lice ti d apishuvash ovde ednostrana analiza, ama takvi ste vie komunjarite ne gledate od nosot potamu
Од: Angele L. vretoski
Датум: 18.07.2008 04:36:08
SDSM imase i ima bezbrojni sovetnici od tvojot tip pa kade se sega? Znaci Grcija ima provo na se a nie nemame pravo ni da pobarame ona sto e so iljadnici godini nase. G-din Riasov ako navistina barem malku ja sakas Makedonija i Makedonskiot narod - napisi nesto za korista na Makedonskiot narod od Egejskiot i Pirinskiot del koi sega vo vasata mila Evropa i NATO.
Од: mile
Датум: 18.07.2008 05:27:22
E dosta nie od vakvi bajati "analiticari" i "eksperti'. Gruevski na izbori ja dobi vlasta, a pred izbori ja objavi svojata programa i celi. Narodot go sakase toa i go izglasa. A ti g-dine ako imas hrabrost ne se krij tuku aktiviraj se politicki, napravi svoja programa, kazi ja javno, pa bujrum na izboti. GUBITNIK SO NAVEDNATA GLAVA-PREDAVNIK
Од: r.r.
Датум: 18.07.2008 06:20:10
pa, g-ne Rizaov, mudrecu neviden, vo sprotivno, koga Grcija ke i "dozvoli na Makedonija da stane clenka na NATO i na "bludnicata"
Од: citatel
Датум: 18.07.2008 06:46:43
Ti si velish.a i jas si velam deka toa sto go pishuvash nemna vrska so zdraviot mozok,mene mi lichi deka gatash.
Од: Esenta na Patrijarhot
Датум: 18.07.2008 07:04:28
Problemot na Gruevski e mentalniot sklop na negovata licnost, koj kako da poteknuva od stalinovo vreme. Iako se deklarira kako antikomunist i antipod na komunizmot, toj so zacuduvacka lesnotija pri vodenjeto na drzavata gi prifati site elemnti i metodi nas najortodoksniot , stalinoviot komunizam:Vovede apsolutno monopol nad pravoto i vistinata( ona sto kazuva toj e vistina i ispravno , sekoe drugo m,islenje e antidrzavno i neprijatelski, "sindrom na Stalin")gizede site polugi na vlasta vo svoi race Vladata , drzavnaa administracija, Parlamentot isudstvoto ( pokraj Sudskiot sovet go "doprivatizira" i Vrhovniot Sud)se opkruzi so tesen krug na amoralna politicki nepismena so podanicki mentalitet podlizurkovska kamarila, koja go opsipuva so podanicka voshitenost i hipokrizija, i so nevideno agresivna propaganda mu go bida rejtingot. Krajno e vreme Nikola da ja procita" Esenta na Patrijarhot"od Markes, mozebi nesto i ce svati.
Од: jak
Датум: 18.07.2008 07:16:30
"и како еден не баш сакан претседател како Туѓман создаде стабилна Хрватска и и' ги отвори европските перспективи"., zavrsen citat. Pa ti Rizaov da ne bese na Mars koga tvojot sakan Tugjman bese megju zivite vo Hrvatska.Tugjman ne ja napravi Hrvatska stabilna, prasaj nekoj mozebi ce ti kaze povece, kako ti na Grujo sto sakas da mu kazes.Vtor citat"да се убедат центрите на моќ, големите сили, Европската унија и Брисел, и Вашингтон, и сите наши пријатели дека Македонија е подготвена за достоинствен компромис" pa ovie se prijateli na Grcija, a ne na Makedonija, pak nekoj treba da ti kaze, neli.Tebe ako ti se odi licno vo NATO, odi, mozebi ce ti dadat nesto da piskaras tamu, ili nekoja metla.Vakvi planetarni ponizuvanja nemam procitano.
Од: Раскажувач
Датум: 18.07.2008 07:53:09
Дојде време да се направи „римејк“ на старата приказна (коментаров е за оние кои читале бајки и басни): „Царевото ново руво“.
Од: smv
Датум: 18.07.2008 08:01:19
E moj Erole. Da se setese tvojot mentor B.C. i nasiot omolen K.G. duri zarevte i palevte vo Makedonija i vo tvojata "Nova Makedonija" koga bese eden od glavnite da go postavite ova prasanje , sega cel svet ke znaese za grckiot genocid. Ama za zal Vie znaete samo da ukazuvate a ne da srabotite
Од: Irena
Датум: 18.07.2008 08:16:59
Pa, Erole sto da kazam....napravi takva analiza, sto jas bi te predlozila za pretsedatelski kandidat od redovite na SDSM, se razbira:-) So tvoite politicki mudrosti i itrostini, ke treba da pocekame samo uste nekolku generacii egejci i makedonci za izumrat i potoa koj ke prezivee ke si zivee vo mir i vo blagosostojba:-( Erol za pretsedatel!:-)))))))
Од: ЗСС - Скопје
Датум: 18.07.2008 08:24:23
Сосема извесно станува она сто сака г. Груевски - што подалеку од НАТО и од ЕУ, за да има повеќе време да ја суреди Македоја според сопствените интерси и интересите на бизнис елитата на ВМРО, зошти, многу добро, знае дека без пари нема ниту доаѓање, ниту задржување на власт.
Од: ilarion
Датум: 18.07.2008 08:27:12
kolku i da gi cenzuriras komentarite dzabe ti e, moras da se soocis so niv, javno ili skrisum (cuvaj si gi sebe). a deka si nesposoben komunjar koj ne moze da napise vo svoj tekst edno dobro delo na gruevski tuku samo pluka po nego ... toa e fakt! novinarite vo makedonija se nevidena bedotija a ti si LIDER vo bedotijata (komunjarski, razbira se) ... cuvaj si go komentarot za ukras
Од: od makedonija
Датум: 18.07.2008 08:29:50
vnimavaj erol ne pisuvaj takvi raboti za grujo,utre mozat da ti sprovedat spektakularno apsenje poradi zloupotreba na pisaniot zbor,pa ne znaes li deka site treba da bideme istomislenici...sramota za grujo
Од: abc...
Датум: 18.07.2008 08:32:20
Нема компромис кога е во прашање македонскиот национален идентитет.Железната завеса беше спуштена на границата со Грција,децении наназад,но таа постои и денес.Ако мислите дека ќе бидеме посреќни и побогати во ЕУ,сериозно се лажете.Ќе биде подобра само за шака луѓе,како што е и сега,за политичари и новопечени газди од промашената транзиција.Народот не гледа аир од тие бесмислени европски и НАТО уцани.
Од: Aerodromec
Датум: 18.07.2008 08:38:04
Potpolno se slagam so vaseto mislenje, makedonija moze da zavrsi vo graganska vojna, i kompletno da se podeli i da ne postoi, zasto istoto ke ni se sluci kako sto se sluci na kosovo. Albancite ke vidat koj nacionalist e gruevski i nema da sakaat da bidat so nego ke sakaat svoja drzava. Ako vaka se prodolzi tesko deka do nekade ke stasame na ovoj kal-liv pat.
Од: emil
Датум: 18.07.2008 08:41:03
Ednostavna e matematikata. Totalna izolacija so svetot, a potoa ke dotrcat Bugarite i ke ni kazat : Tuk e majka B'lgarija i ste ve spasi. I sonot na Gruevski i kompanija na VMRO ke bide ostvaren. Golema Bugarija
Од: Стариот Бате
Датум: 18.07.2008 09:09:10
ЕУ и НАТО веќе ни кажаа, само нема кој да поверува во тоа. На некој и да му нацрташ нема да верува, а копнее само по нови предизвици, односно стално брка со стапче во септичка јама. Човекот што сонувал, сака да биде реалност, за да преку ден се смее и радува на сонот како дворска будала. Ваква власт со детски памет и мисли несазлужува нешто повеќе, освен да се дави во сопствените смрдливи игри. Грција тоа го сака, вето и сега спрема.
Од: Коко
Датум: 18.07.2008 09:14:20
Господине на кого им кажуваш. Зарем не знаеш дека ВМРОовциве се тешкоглавци. Тие уживаат земјата да пропадне, да биде изолирана, да прават што сакаат. Се гледа дека го враќаат едноумието во сила. Се однесуваат бетер од "комуњарите". Создаваат омраза меѓу македонскиот народ.
Од: Saso
Датум: 18.07.2008 09:33:17
I da ima nekoj da mu kaze - ovoj nema da go razbere. Zatoa, olabavete go patorov, toj ubavo si cekori kon provalija, opien e od premnogu vlast, voveduva diktatura, apsi, instalira svoi poslusnici sekade, se zaebava so narodnite, drzavni pari,a siromaskiot ne smeta deka NARODOT ova go gleda i deka taka najubavo se padja. Brzo, mogu brzo ke se pokajat mnogu od onie sto go izglasaa...
Од: dijana
Датум: 18.07.2008 09:33:27
Ne mozam da razberam g-dine Rizaov,dali Vie predlagate kako i dosega uste 60 godini da se molci i zaradi mir nikoj i nikako i po nikoja cena da ne gi spomne i zastiti (barem javnosta evropska nesto sto znae mnogu dobro neka i go slusne)decata begalci.Ne razbiram sto uste treba da napravime a ne sme napravile za da vlezeme vo Pravednata Evropa?A,da da go smenime imeto,da ne se narekuvame makedonci da ne spomnuvame deka imame deca begalci( patem vo vasiov feljton za nivnite sudbini pisuvate a,jas so krajni napori izbegnuvam da gi citam oti mnogu mi e tesko i zal za niv) E, togas ke ne primat vo pravednata evropa i se ke bidi dobro i site problemi ke se resat kako so carobno stapce i site ke ziveeme srekno i vselo.No g-dine Rizaov ne zaboravajte oti nie ne sme poveke deca i ne veruvame vo bajki a kako sto gledam i g-din Gruevski ne veruva vo niv i zatoa ostavete go da si ja raboti rabotata i nemojte da go sporeduvate so drugi pretsedateli nevkusno e i za nego i za vas.
Од: Pero
Датум: 18.07.2008 09:35:15
albancite vo Kosovo i ovde Vi se primer kako treba da se brani sopstvenata nacija ...a takvite kako tebe 65 godini napikani vo toplite mesta na politicarcinjata prodavaat magla i se pravata da ne se razbranuva barata.Ne znam dali nekoj sto se vika Erol Rizaov moze da razmisluva za Makedonija isto kako mene.
Од: Дордо
Датум: 18.07.2008 09:41:34
Ако почитуваниот премиер и по овој коректен напис не стави прст на чело и не се запраша каде го води овој веќе хаварисан брод, тогаш е очигледно само едно. Прстот, од само нему познати причини, го става на погрешно место! И уште полошо размислува со тоа “погрешно“ место!
Од: Партиски неопределен
Датум: 18.07.2008 10:07:04
Млатите празна слама Г-дине Ризаов. Го правите луд овој народ, Вашите нестомисленици. Но имате право на реч. Исходот да го видиме па ќе разговараме, да сме здрави и живи. До тогаш Ви посакувам чисти мисли.
Од: FIROM-ec:)
Датум: 18.07.2008 10:19:52
Mirot (po pravilo) - e od drugata strana na vojnata... Nemojte da zaboravite, deka nasi - Makedonici se obezspraveni kaj nasiot juzen sosed! Da, moze vo ovoj period sme iscekor nazad so iniciranje na prasanjeto, no se zaprasal li nekoj kako bi se custvuval sega ako negovata familija go prosla egzodusot pred polovina vek! Ne pravite analiza na sahovskata tabla, da si go gledame INTERESOT!!!
Од: Dac
Датум: 18.07.2008 10:27:04
Читам и не ми се верува. Се зборува само Влез во Европа и во Нато. Демек ако сме влезеле ке течело мед и млеко во Македонија. ГЛУПОСТИ. И да ви кажам право подобро горд Македонец надвор од Европска унија, отколку магаре во Европска унија. Некогаш целта не е побитна од идентитетот.
Од: d-dorf
Датум: 18.07.2008 10:29:30
Nitu me interesiralo nitu sum sakal da clenuvam vo nekoja MK.partija, informativno go pisuvam ovaa za da ne pocnat da me KAMENUVAT kako i VAS Gos.RIZAOV so nivnite zborovi-vrabotenite komentatori-platenici na nekoji partii. Ama ovaa sto go napisavte e samo za lugeto sto ne se oslepeni od partiska pripadnost. Kako sto napisal " Apostol " koj znae po koj pat i jas ke napisam " CESTITKA". Imav nekade procitano vo vladenjeto na Komunizmot, na celo so Tito, Dodeka mu se nudese NATO- zapadnata Alijansa, toj so svojot Galeb krstarese po Africkite zemji i stvaresa nekoja nezavisnost so Etiopskiot Car Haile Selasije i Egipetskiot Predsedatel Naser. ...Istorijata go potvrdi deka pogresni potezi bez se vlecea od strana na Tito. Tokmu posetata na Princot od Pakistan vo MK.me poseti na ovaa vo MK. Se slozuvam so VAS Gos. Erole, poleka no sigurno MK. tone vo morskite dlabini,gledano od izjavite na zapadnite politicari. Edna Arapska mudrost "NE OTVARAJ VRATA STO NE UMEES DA JA ZATVORIS"
Од: marjan
Датум: 18.07.2008 11:03:09
dobro be erol,te citam i se nesto filozofiras a nikako da se fatis za rabota. so filozofii i prazni muabeti ne se vodi drzava.sto ne se najde maz da go otvori ova prasanje celi 18 godini,a toa kazi mi ti? i sega ova ti smeta ....ova ne ti cini sto e pokrenato ova mnogu vazno prasanje. a ne vaka da se komentira pesimisticki,lesno e vaka sekoj znae da iskomentira vaka. nikoj ne se trudi da najde resenie i nekoj koga ke pocne da bara resenije odma se negira toa.ostaj vremeto ke pokaze jas ne vikam deka si komunis,toa ti si znaes sto si.
Од: Makedonka
Датум: 18.07.2008 11:12:11
Erol, ova so Tugman e utka 100%. Sto bese Milosevik za Srbija, toa bese Tuman za Hrvatska, razlikata e samo vo toa sto Hag ne mu sudese bidejki ne bese megu zivite. Po Gruevski mozete da plukate kolku sto sakate. Gruevski go napravi samo ona sto trebase da go napravat SDSM-ovcite mnogu odamna. Posle odbivanjeto vo Bukurest i izvestajot od EU da si go sredime imeto so Grcija, ne gledam pricina da se premolcuva ova prasanje. Stejt departmentot mnogu ubavo kaza deka Egejskoto prasanje e izmegu Grcija i MK i ne sakaat da se mesaat, no istiot toj Stejt Department kaza deka vo Grcija postoi Makedonsko i Tursko malcinstvo koe ne e priznato. Ako citate megu redovi, Egejskoto prasanje po odbivanjeto Grcija, sto naverojatno ke se sluci, treba da odi na megunaroden sud sto se nadevam i deka vladata ke go napravi toj poteg, no ne smee nikako da se mesa so pravata na Makedoncite vo Grcija. Vladata za ovaa problematika treba da vkluci vrvni naucnici od MK i stranstvo.
Од: Анита
Датум: 18.07.2008 11:12:14
На остроумниот Македонец не му е потребно да чита било какви колумни за да извлече сопствени заклучоци. За жал во нашево мизерно државиче малкумина се такви. Перењето мозоци функционира на ангро. Но едно е јасно. Живееме во жабокречина, а наскоро нема да можеме да дишеме бидијќи и на шкргите им е потребна чиста вода. Иако сето она што го заклучува г-нот Ризаов не е ниту ново ниту непознато, тоа е точно. Сега сме на чекор од бездната, а ако наскоро не се освестиме комективно ќе паднеме во амбисот. Нема да можеме да се фатиме за Грујо, бидејќи доколку тој се спаси себеси и своето семејство ќе ужива во принципатот во гостопримството на принцот на Хинзите.
Од: bub
Датум: 18.07.2008 11:24:20
Kade bevte po 1948 do 2001, koga Makedoncite od Egejot bea gragani od vtor red, a sega sobiraat gholemi poeni so niv. Togash nikoj ne gi ni spomenuvashe, sega samo e borba za glasovi
Од: SDSM-DPMNE
Датум: 18.07.2008 11:30:02
Posle 1 juni nema nazad :))))))))))))))))). Grujo ke ve vodi vo bolji zivot Makedonci i toa minimum 4 godini nema menuvanje, ako Makedonija do togas ne se raspadne vo gragjanska vojna, posto VMRO dosega uspevaat obicno 2 godini da fasiziraat pred da nastane nekoe sranje.
Од: Tomislav Stojanovski
Датум: 18.07.2008 11:36:22
G-dina Apostol. Potpolno ste vo pravo. Totalitarizmot ni e poznat u{e od 1933 godina (me razbirate na koja drzava) aludiram. Istoto denes se slucuva vo Makedonija. Za tie sto ne mislat isto moze da se sluci i da se gradat ne zatvori tuku konc-logori. Za Makedonija ova e na zalost kraj, a so pismoto na doticniot g-din (namerno so mala bukva) si ja zapecativme sudbinata. Za 4-5 godini makedonija nema da ja ima na kartata na Evropa. Toa go saka istata taa Evropa zaedno so Grcija i Bugarija. Ako sega narodot ne se krene ni nema spas.
Од: Маја
Датум: 18.07.2008 11:56:02
Искрено, Македонија никогаш НЕ ТРЕБА НИ ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА на Европската унија и НАТО, туку само нивен најдобар ПРИЈАТЕЛ. Тоа значи дека треба да работиме и да ја подобруваме ситуацијата и со тоа да дојдеме до исто ниво со тие ЕУ членки. Не само да плачеме за ЕУ и НАТО... и да фрламе камен по се што е наше. Досадни сме веќе со тие плачки...
Од: prijatel1807.2008
Датум: 18.07.2008 11:58:57
Браво Ризаов штета кога мора да пишуваш во оваа бедна и јадна Грујова Македонија.Се е точно,само тие што треба да го слушнат и разберат сето тоа тие не сеоваа Македонија да остане туку сакаат да ја припојат кон источниот сосед и Грујо да си ја исполни ветената задача пред неговите комити.Наздравје македонци ако ве има.
Од: biljanaka
Датум: 18.07.2008 12:29:57
Na Rizaov nema koj da mu kaze da si odi vo penzija.
Од: gragjanin
Датум: 18.07.2008 12:51:16
Apologetot na novata turbo-stvarnost olicetvorena vo usrekjuvachkata vlada na zaboravot na se’ shto e relevantno, Mirka Velinovska, sinokja vo “Glasot na narodot” reche deka Gruevski ne mora nishto da napravi, dovolno e toa shto go otvoril Egejskoto prashanje (! ?). Taa nema osnovni poznavanja od politika i izgleda izgubena vo vreme i prostor: ne e rabotata samo da otvorash prashanja tuku koga otvarash nekoe prashanje mora pred toa da imash tochna procenka vo koj moment go otvarash i da znaesh deka na krajot toa ke bide povolno resheno! Inaku, samo sozdavash problem plus vo prosperitetot na nacijata. Kakvi tragovi ke ostavime na generaciite posle nas? Osven, za zhal, megalomanski zapochnati pa izgubeni bitki, ostvame i patetika od solzi i zaludni ochekuvanja
Од: od mene
Датум: 18.07.2008 13:13:19
moj dragi prijatele novinar....navistina ne mozam da te razberam....ke se posluzam so del od tvojot napis "мир, стабилност, развој и демократија. Само овие клучни предуслови овозможуваат благосостојба, економски напредок, висок личен и општествен стандард, правна држава. Македонија не може да ги оствари овие цели без членство во ЕУ и во НАТО, "...zarem navistina vaka razmisluvas...zaboravi li deka NATO ima tezok bagaz so bombardiranjeto na Srbija, pa Irak pa sega i Iran i t..i sto napravi..mir, blagosostojba, sreka itn...zalno e sto nesakas da pogledas....do vcera vodevme politika na nevrzanite i kolku sto mozam da se setam ni bese predobro....zosto mislis deka NATO i EU ke ni postelat crven kilim po koj ke odime....tezata deka so clenstvoto vo NATO ke se zgolemat investiciite e najgolemata notorna glupost sto im se servira na narodot...te ubeduvam deka treba da im bideme blagodarni na grcite sto ne blokiraat i ke ni gi otvorat ocite...clenstvoto na Hrvatska vo NATO e 1,3 milini evra.
Од: граѓанин-ох
Датум: 18.07.2008 15:09:52
Добро бе луѓе толку ли сте наивни дека со едно писмо на премиерот ке се реши егејското прашање. Да беше така едноставно досега ќе беше решено безброј пати.
Од: devicanecot
Датум: 18.07.2008 15:31:38
Koja e idejata na pisatelot. Kazuva deka e mnogu lesno da se otvori, a mnogu tesko da se zatvori prasanjeto za begalcite. A kako bre brat da se zatvori, ako ne se otvori. Ete 60 godini ne se otvoreni. Uste li ce se pravime na Toso? Do koga? Ima edna srpska pogovorka: Lakse je pisati, nego kopati. Jas ne go delam tvoeto mislenje deka premierot pogresil sto go otvoril prasanjeto na imotite. Naprotiv, hrabar e kazal ona sto go mislel, a i taka e. Od kolevkata na demokratijata, proterani se masa makedonci. Da ne si im bil brat vo kozata nivna togas vo 1948-ta godina.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
На магарешка клупа во Советот на Европа
Уапсен Зоран Заев, опозицијата го напушти парламентот
Претходен број
Судот се сомнева дека новинарот Владо Танески е убиен!
Драмата на Егејците (17)
Александар Кан
Бурекот е странски, а „дорина“ домашен производ!
Дијалог
Јован Вангеловски - нов претседател на Врховниот суд
Доцнат ли големите ветени странски инвестиции?
Verbatim
Млекарниците ја симнаа цената за откуп на млекото
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе