Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Судот се сомнева дека новинарот Танески е убиен!

Обвинителството бара дополнителна истрага поради сомневање од траги на насилство на телото

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО – Постојат индиции дека новинарот Владо Танески не си го одзел сам животот во притворското одделение на тетовскиот затвор, туку е можно да станува збор за убиство, во кое учествувале непознати сторители. Ова се последните сознанија добиени од тетовскиот суд, каде што во тек е истражната постапка за случајот со смртта на кичевскиот новинар Владо Танески, кој полицијата го приведе поради сомневање дека извршил неколку убиства на жени во Кичево.

Како што дознаваме, Јавното обвинителство во Тетово бара преземање дополнителни истражни дејства за случајот со смртта на новинарот Владо Танески. Барањето било преземено по добиените сознанија од обдукциониот протокол, според кој во тетовското Обвинителство дошле до заклучок дека имало показатели во вид на повреди на телото на Танески, кои евентуално биле нанесени од други лица.

Оттаму и основаноста за истражни дејства против непознати сторители за сторено кривично дело убиство, кое произлегува од член 123 од Кривичниот законик на Македонија. Со новото вештачење по барање на обвинителот ќе се утврдува правецот за натамошно насочување на новите дејства. Одредени сомневања за смртта на Танески се појавија и за време на обдукцијата во Скопје, каде што на Институтот за судска медицина беа утврдени модринки на телото на новинарот, кои форензичарите не можеа да утврдат како настанале и дали можеби му биле нанесени откако бил пронајден во кофата со вода, кога му била давана брза помош.

Нејаснотии останаа и околу содржината на кофата со вода, во која беше пронајден удавен новинарот. Иако се претпоставуваше дека е можно во неа да имало токсични материи, од полицијата информираа дека водата е чиста.
Во постапката која веќе е во тек, истражниот судија при Основниот суд во Тетово ќе ги преиспитува и ќе ја насочи потрагата кон нови сознанија. Јавното обвинителство се' уште го нема добиено комплетното графолошко вештачење, особено за автентичноста на ракописот на прошталното писмо испишано на задната страница од решението за притвор на новинарот Владо Танески. Во писмото кое било пронајдено под неговиот душек, на креветот каде што отспа само една вечер, тој тврдел дека не ги извршил убиствата на жените и дека е горд на своето семејство. Неговата сопруга Виолета во неколку наврати за медиумите тврдеше дека никогаш не го видела и не и' било покажано писмото, со цел да посведочи дали станува збор за ракописот на Танески.

Кичевскиот новинар беше пронајден мртов на 23 јуни околу 2 часот по полноќ во една од ќелиите на Општинскиот затвор во Тетово, каде што само 30 часа пред тоа од истражен судија на Основниот суд во Гостивар бил упатен во притвор. Беше осомничен како сериски убиец на неколку жени во кичевскиот крај.


Статијата е прочитана 2130 пати.

Испрати коментар

Од: mitko csi debar maalo
Датум: 18.07.2008 02:30:36
Ajde bre drzavni organi nemojte tuka da ni se pravite na idioti. Nie ne pieme nafta, nitu veruvame deka sme Hunzi, nitu glasame za VMRO. Ednostavno najdete gi lugeto sto go macea da priznae i eden od niv e krivecot, a drugite soucesnici i gotova rabota. Samo nemojte onie selajcistana sto spiea so nego lazno da gi obvinite.
Од: Dime
Датум: 18.07.2008 08:37:09
Најверојатно применувале waterboarding техника во испрашувањето ама не биле доволно внимателни и го удавиле.
Од: Stradalnik
Датум: 18.07.2008 08:48:55
Pa se razbira deka e ubien. Nemoze da izdrzi prisilen sam da ja drzi glavata vo voda a da ne proraboti instinktot za spasuvanje.Toe e isto kako nekoj da si rece deka saka da umre i da prestane da ne dise. E toa ne e mozno. A ubijci se sigurno tie sto bile vo negovata soba.
Од: d-dorf
Датум: 18.07.2008 11:54:28
Glupo e veke bilo kakov komentar da se dade za slucajot !!! DA BESE PADNAT VO BUNAR da poveruva covek, ama ovaa vo KOFA VODA ???? Pogolema glupost nemam slusano, se prasuvam kako mozat nasite sudii ,pravnici .policija, obviniteli i site tie sto se zadolzeni za PRAVDA vo zemjata da poveruvat vo prikaznata, pod uslov ako nee naracano ubutstvo? Inako kako moze da se objasni, vozrasen covek kakov sto bese Tanevski vo kofa voda da se udavi, Vakov slucaj ne e zabelezan nikade vo svetot- dokolku ne e naracano ubitstvo!!!!! Ke se zataska i ovaa rabota kako i mnogute raboti- sekoje cudo trae , dva tri dena ,i potoa se zaborava na sekakvo cudo!!!!!!
Од: Aco
Датум: 18.07.2008 12:17:51
do sega nemam cueno Covek da se udavi od edna kofa voda ??? samoubistvo sramota za Drzavata ...
Од: toni
Датум: 18.07.2008 12:56:09
abre VMRO-OVCI , stvarno ste ovci koga covekot sto ste go ubile ste go namestile kako da se udavil vo kofa voda. Pa toa go nema nitu na filmovite. ama vie sigurno ziveete vo nekoj film koj za zal go gleda makedonija. Ne se sekirajte sega pretsedatel na Vrhoven sud e covek koj neznael deka ke bide izbran i neznael deka e kum na spikerot na parlamentot.
Од: B-Od Germanija
Датум: 18.07.2008 13:04:01
KONECNO uvidoa i sudiite i istrazitelite pa i vlasta deka"Monstrumot" e ubien... E sega uste da go/gi fatat Ubiecot/ubijcite... i BRAVO! Ete, pravna drzava!.... Ama izborot e mnogu golem... ima celi trojca zatvorenici koi mozele toa da go storat... Sto mislite, koj od ovie trojca sega ke se udavi vo kofa voda??? Koj e naracatelot??? Zosto nekoj go naracal ova ubistvo? Sto e so ozboruvanjata deka Taneski bil na traga na trgovci so covecki organi? Ima li vmesani polnoglavci od vladata??? Dali naviastina Taneski gi ubi zenite ili i toa mu e namesteno isto kako kako davanjeto... Dali mene i nekoi drugi sto pisuvaat vo ovoj stil ke gi fati vladata i ke ne zatvori za koj znae sto???? Ej BANANO-Drzavo!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
На магарешка клупа во Советот на Европа
Уапсен Зоран Заев, опозицијата го напушти парламентот
Претходен број
Драмата на Егејците (17)
Александар Кан
Бурекот е странски, а „дорина“ домашен производ!
На Груевски нема кој да му каже
Дијалог
Јован Вангеловски - нов претседател на Врховниот суд
Доцнат ли големите ветени странски инвестиции?
Verbatim
Млекарниците ја симнаа цената за откуп на млекото
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе