Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Јован Вангеловски - нов претседател на Врховниот суд

За скопскиот адвокат гласале сите 11 члена на Судскиот совет

Гордана Дувњак

Македонското судство од вчера доби нов човек. За претседател на Врховниот суд едногласно е избран поранешниот скопски адвокат Јован Вангеловски, кој по функција станува и претседател на Судскиот буџетски совет, како и член на Судскиот совет и на Управниот одбор на Академијата за обука на судии и обвинители. Неговиот избор беше примен без големо изненадување во судските кругови, бидејќи тој и досега важеше за фаворит во трката за највисоката судска функција поради кумовската врска со актуелниот претседател на Собранието Трајко Вељановски.

Вангеловски беше избран во експресна постапка, бидејќи за помалку од еден час тој беше изгласан и веднаш повикан да даде свечена изјава. Наследникот на Илиев е избран меѓу двајца кандидати, а за него гласале сите 11 присутни члена. Судскиот совет во моментот на изборот броеше 13 члена ( поради оставката на Љубен Алексиевски и изминатиот мандат на досегашниот претседател на Дане Илиев), а на седница не присуствуваа членовите Васил Грчев и Бојан Ефтимовски.

Коментирајќи го изборот, претседателот на Судскиот совет Беќир Исени потенцираше дека и двајцата кандидати биле добри, но гласале за оној што мислеле дека е подобар.

„Натежнаа квалитетите на Вангеловски, кој е врвен адвокат и правник, иако и другиот кандидат, врховниот судија Никола Николовски, е одличен и може слободно да биде претседател“, додаде Исени. Тој рече дека ја анализирале работата на двајцата кандидати и ги разгледале нивните програми за работа.

На прашањето дали изборот е направен по партиска препорака, Исени иронично кажа дека „ако ги сметате сите членови дека имаат некаква пар��иска определба, тогаш може и така да се каже“.

Исеини потврди дека иако Вангеловски има искуство на врховен судија од само еден месец, тој и порано работел како судија во Стопански суд. Тој вели дека не знае оти Вангеловски е познат во јавноста како адвокат кој ги бранел вмровските кадри.

Брзањето со изборот тој го објасни со итноста на состојбите во судството. „Дојдовме во ситуација многу работи да не се извршуваат. Немаше кој да го брани судството при ребалансот на Буџетот, бидејќи тоа е работа на претседателот на Судски буџетски совет, кој не само што не свика седница на Судскиот буџетски совет, туку не одреди и заменик“, појасни Исени.

Во првата изјава за медиумите, новоизбраниот претседател на Врховниот суд рече дека бил пријатно изненаден од изборот. Тој вели дека е свесен за одговорноста на функцијата, бидејќи доаѓа во клучен период за реформите во судската власт. Се надева дека функцијата ќе ја врши успешно и во целост ќе го спроведе она што го навел во програмата.

Новиот претседател на највисокиот суд не мисли дека македонското судството е исполитизирано. „Судството е независно, така е поставено според Уставот и ќе се уверите дека така ќе биде“.

Вангеловски не очекува партиски притисоци, а за релациите со Вељановски додава: „Ако некој е со некого во кумовски врски, тоа е негова приватна работа. На сите ви е познато дека претседателот на Собранието не учествува ниту во изборот на судиите, ниту на претседателите на судовите“. Коментарот, пак, на Исени беше дека членовите на Судскиот совет не се членови на Трајко Вељановски. Но, тој имаше потреба да појасни дека и покрај тоа што приватно бил поблизок со Николовски, сепак, гласал за Вангеловски.

На крајот, Исени информираше дека во Судскиот совет тече постапка за избор на нов член на Судскиот совет. Според законските рокови, изборот треба да заврши меѓу 5 и 6 септември, а најдоцна до почетокот на септември ќе се пополни и последното испразнето место во Врховниот суд, како и останатите места во другите судови.


Статијата е прочитана 399 пати.

Испрати коментар

Од: Дордо
Датум: 18.07.2008 02:29:05
Еве ни дојде и тоа чудо. Месец дена судија и оп, бато, претседател на Врховен суд! Ма каков Занзибар, тоа го нема ни кај пингвините на магелановиот мореуз...
Од: kole
Датум: 18.07.2008 08:45:30
Glasanjevo vo zemjata na Grujo e isto kako kaj Fidel Kastro... Grujo=miniKastro!!!
Од: toni
Датум: 18.07.2008 13:01:00
koga vo nekoe tetovsko selo, celo selo ke glasa za nekoja partija togas toa se neregularni izbori. a koga 11 vrhovni sudii ke glesat ednoglasno za eden "kum" togas toa e regularno i za pofalba, bidejki site isto mislat(kako grujo). pozdrav od Kuba.
Од: makedonka
Датум: 18.07.2008 15:17:36
Ovde nesto gi nema komentatorite od Vmro,a sto i da komentiraat mozebi za nezavisno sudstvo,kompetenti sudii ili kako nepotizmot ja unistuva Makedonija .Pa pocituvani vo lagite se kratki nozete,vi trebase ovaa apsenje na Zaev da ja prikriete koalicijata so onie koi do vcera gi narekuvavte teroristi,vakvite izbori na nezavisni sudii vo nezavisno sudstvo,inflacija koja ne mozete da ja soprete,budzet koj ni amerika go ima ama poleka,poleka ke go pocuvstvuva narodot blagodetot od vaseto vladeenje,ne ste vie tolku jaki kolku sto opozicijata bese slaba,vremeto raboti protiv vas

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
На магарешка клупа во Советот на Европа
Уапсен Зоран Заев, опозицијата го напушти парламентот
Претходен број
Судот се сомнева дека новинарот Владо Танески е убиен!
Драмата на Егејците (17)
Александар Кан
Бурекот е странски, а „дорина“ домашен производ!
На Груевски нема кој да му каже
Дијалог
Доцнат ли големите ветени странски инвестиции?
Verbatim
Млекарниците ја симнаа цената за откуп на млекото
Саркози и' дал орден на судијката што го разведе