Број 3041  вторник, 21 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Содерлинг преку Бастад до четвртиот АТП трофеј во кариерата

Швеѓанецот Робин Содерлинг ја забележа четвртата турнирска победа во кариерата. Во финалето во Бастад, турнир вреден 450.000 евра, во два сета (6:3, 7:6) тој беше подобар од Аргентинецот Хуан Монако и заслужено го подогна првиот АТП трофеј на земјена подлога. За Содерлинг ова беше 11 финале, а само второ на земја по годинашниот Ролан Гарос. Пред Бастад шведскиот тенисер, инаку 12 светски рекет, победи уште на три турнири, во Лион во 2004 година и 2008 и во Милано во 2005.

Содерлинг имаше извонредна недела на турнирот на домашно тло. Го освои Бастад без загубен сет во четири меча што е само уште една потврда за фантастичната форма во која се наоѓа. По финалето на Отвореното тениско првенство на Франција и пласманот во осминафиналето на Вимблдон, Содерлинг отиде до крај и на домашна територија и на најдобар можен начин го најави својот перформанс за американската турнеја турнири на тврда подлога.

Содерлинг е само трет Швеѓанец кој го освои пехарот во 54 годишната историја на турнирот во Бастад, прв по Магнус Норман, кој победничкиот трофеј го подигна пред точно девет години.

Викендот ја забележа и четвртата победа во низа над Монако и во меѓусебните дуели Швеѓанецот води со 4:1.

Монако, пак, останува на три турнирски победи од осум финални мечеви, сите остварени во 2007 година. Како утеха за поразот во Бастад тој ќе добие 39,700 евра и 150 АТП поени.

Финале, Бастад: Содерлинг (2., Шведска) - Монако (Аргентина) 6:3, 7:6.


Статијата е прочитана 109 пати.

Испрати комент��р
Најди! во Утрински
Спорт
Дарио Милевски победник во два натпревара
Со подмладен состав за подобар резултат
Французите живеат за Тур де Франс
Фудбалски вести
Фаворитите без пардон на стартот од ДП