Фудбалски вести
Фановите на Галакси, кој одигра 2:2 со Милан, му порачаа на Бекам да се врати од таму каде што дошол
На Тевез му ја купија куќата на Роналдо
Богатите газди на Манчестер Сити му купија куќа на најголемото засилување Аргентинецот Карлос Тевез. Станува збор за објектот во кој досега живееше бившата ѕвезда на Јунајтед, Кристијано Роналдо. Нејзината вредност е пет милиони евра. Покрај базенот, џакузито и неколкуте соби куќата има и фудбалско игралиште, што на Тевез најмногу му се допадна.
Дека навивачите на Сити се презадоволни од доаѓањето на Тевез зборува и огромниот билборд кој беше поставен во центарот на градот. На него пишува: „Добредојде во Манчестер!“.
„Им благодарам на сите навивачи. Ќе им се оддолжам со голови“, изјави Тевез.
Фраj го засили Базел
Капитенот на Швајцарија Александар Фрај потпиша тригодишен договор со Базел. Швајцарците за услугите на Фрај мораа да и платат на Борусија Дортмунд 4.25 милиони евра. Челниците на Борусија сакаат Фрај да го замени Иван Класниќ, кој минатата сезона играше за Нант: „Никако не можев да се адаптирам на францускиот фудбал“, изјави пред неколку дена Класниќ.
Лапорта: Не сме како Реал М.
Претседателот на Барселона Хуан Лапорта одговори на критиките и споредбите со Реал М, по веста дека Златан Ибрахимовиќ доаѓа на „Ноу камп“. Каталонците се обвинети за лицемерие откако упатија тешки зборови на сметка на Флорентино Перез и неговото трошење пари. Ибрахимовиќ треба да стигне во Барселона за 40 милиони евра, Самуел Ето и едногодишна позајмица на Хлеб. Меѓутоа Лапорта тврди дека начинот на кој Швеѓанецот ќе дојде во Барселона не може да се пореди со она што го прави Реал: „Договорот околу Ибрахимовиќ е поинаков, бидејќи според него во другиот правец одат ��ва играча. Тоа е потполно различно од начинот на кој Реал М ги троши парите“, смета Лапорта, кој досега потроши 4,5 милиони евра за доведување на Максвел од Интер.
Навивачите на Галакси го навредуваа Бекам во мечот со Милан
Дејвид Бекам не уживаше баш во првиот свој меч за Л.А Галакси, иронично против Милан, откаде се врати пред десетина дена. Домашните навивачи го навредуваа нарекувајќи го предавник и му порачаа да се врати од таму каде што дошол. Секој негов допир со топката навивачите го испратија со свирежи. Покрај тоа беа закачени транспаренти на кои пишуваше: „Врати се дома, 23“ или „Тука сме пред тебе, ќе бидеме и по тебе“. Некои навивачи беа толку изнервирани што се обидоа и физички да го нападнат кога излегуваше на терен, но редарската служба спречи инцидент. „На полувреме отидов на трибините за да се ракувам со навивачите и им кажав да се смират. Без разлика на тоа што некои чувствуваат, јас тоа не го заслужив. Покажа дека немаат почит кон мене“, изјави разочарано Бекам.
Ќиро со пцости кон Европската униjа
Селекторот на БиХ Ќиро Блажевиќ повторно се најде на насловните страница на многу медиуми. Овојпат поради тоа што и ја пцуеше мајката на Европската унија, која одлучи да го укине визниот режим за Србија, Македонија и Црна Гора, но не и за БиХ. „Тоа е неправда. Срамота. Нормален е овој револт кај достоинствениот народ. Ма, да им е..м матер, тоа е дополнителна причина да ги мотивирам моите момчиња уште повеќе. Ќе најдеме место под сонцето, иако како што гледате не удираат од сите страни“, кажа нервозно Ќиро.
Вилjареал даде 27 гола за 90 минути
Против кого и да играш звучи неверојатно да дадеш 27 гола. Но тоа им појде од нога на фудбалерите на Вилјареал во пријателскиот натпревар со нискорангираниот каталонски клуб Нават. Се шутираше кон голот од сите страни и што е најважно - се влегуваше. Најмногу голови, дури седум даде Џонатан Переира, кој овој преоден рок стигна од Саантандер, а по четири реализираа Љоренте и Рубен, уште едно ново лице во соблекувалната од Рекреативо Хуелва.
Роналдо призна дека се облекува како девојче!
Конечно! Призна дека сака да се облекува како девојче, поентира британскиот печат откако Кристијано Роналдо со новинарите разговараше за облекувањето. За неговиот фудбал одамна се знае, модниот дел е поголема енигма. Секогаш грижливо среден, тој практично е пример за она што сега во модерниов свет се нарекува метросексуалец.
„Кога станува збор за облекувањето, секогаш се трудам добро да ги копирам мајка ми и сестра ми“, откри Роналдо и предизвика чудење кај присутните новинари. Не е баш честа појава мажите да наоѓаат модни примери во жените.
„Не е секогаш лесно да се биде како нив, тоа е невозможно. Имено, и двете се многу поубави од мене“, се пошегува Португалецот.
Овие изјави, со оглед на неговите порано видени комбинации, и не мора да се шега. Сепак, се чини дека Роналдо во своите изјави беше циничен. „Гледам дека големо внимание обрнувате на моите жешки гаќички и драго ми е поради тоа. Многу сакам кратки гаќички. О, да, одлично е чувството да носиш такво нешто“, ги коментираше Роналдо новинарските написи.
Платини: Ако Роналдо вреди 94 милиони, Јас вредев 95!
Претседателот на УЕФА Мишел Платини не престанува да ги критикува големите клубови, особено Реал М. за високите суми што ги дава за фудбалерите. За него тоа е перверзија која мора да се спречи.
„Мислам само едно - Реал М. го уништи фудбалскиот пазар“, кажа Платини, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. И тој во свое време беше на висока цена, но тие времиња ни во лудило не може да се споредуваат со она што се случува денес. Платини во 1982 година дојде во Јувентус од Сент Етјен за симболична отштета. Велат дека бил најисплатлив играч во историјата на фудбалот до појавата на правилото Босман.
„Ако, Кристијано денес со своите 23 години вреди 94 милиони, јас во тие години вредев 95 милиони!“, смета Платини, но не беше толку наострен сам да се фали: „Мислам на 95 милиони франци“, со насмевка додаде Платини. Преведено, тој кажа дека вредел 6,5 пати помалку од Роналдо. Потоа се врати на посериозни теми. „Флорентино Перез создава инфлација во фудбалот. Се она што го прави има негативно влијание на остатокот од Европа“, порача Платини. |