Претставници од четирите тетовски НВО: „ЕУ – Рома“, „Белависта“ и „Око Македонија“ вчера потпишаа Меморандум за соработка, со што ја промовираа коалицијата „Владеење на правото“. Коалицијата ќе го промовира почитувањето на законите, кое најевидентно се крши во време на избори, посебно во северозападна Македонија. „Кршењето на сите изборни закони во Македонија се случува со повеќе од 90 отсто во Полошкиот регион, а згора на тоа и многуте субјекти кои ги набљудуваат изборите досега покажаа дека не се гаранција за доследно почитување и владеење на правото“, изјави Небојша Захариевски од „Младинска алијанса“ на вчерашната прес-конференција.
Коалицијата на овие избори ќе имаат 105 набљудувачи, а на денот на изборите ќе имаат мобилни тимови. (Ж.Х.З.)