Кумановскиот градоначалник бара кредит за кампања, обвинува ВМРО- ДПМНЕ
КУМАНОВО - ВМРО-ДПМНЕ во Куманово го обвинува градоначалникот Зоран Дамјановски-Циц дека со кредитно задолжување на општината води „булдожер-кампања“ за сопствен рејтинг и рејтингот на коалицијата „Сонце“. Имено, на последната седница, Советот на општината донесе одлука за кредитно задолжување на Куманово во износ од 90 милиони денари, со рок на враќање од 7 до 10 години и грејс период од една година. Со парите би се завршиле сите почнати проекти од комуналната инфраструктура. Општинската одлука треба да ја одобри Министерството за финансии откако ќе се провери кредитниот рејтинг на локалната управа.
„Кредитниот рејтинг на Куманово во овој момент е тежок над 5 милиони евра, а ние бараме задолжување од само 90 милиони денари“, вели градоначалникот Зоран Дамјановски. Доколку добиеме пари, тогаш би се довршил проектот за регулација на речното корито на Кумановка, булеварите ,Октомври револуција, и ,Трета МУБ, градското шеталиште со спортско-рекреативен центар и повеќе проекти од комуналната инфраструктура на перифериите од градот.
Советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ жестоко се спротивставуваат на оваа иницијатива од градоначалникот, со образложение дека тој води „булдожер – кампања“ во деновите пред денот за гласање, но и во функција на сопствениот рејтинг за локалните избори идната година. И тоа без да води сметка дека кредитот ќе биде претежок камен околу вратот на граѓаните за подолг временски период.
Интересно е што против иницијативата на градоначалникот Дамјановски се и „неговите“ од СДСМ. Советниците од оваа партија, во моментот на гласањето на одлуката, ја напуштија седницата на Советот откако не успеаја да го убедат градоначалникот дека предлогот можеше да почека барем за по изборите. Веќе еден месец градоначалникот на Куманово не е член на СДСМ затоа што одби да се потпише на списокот за преевидентирање на членството во Општинската организација на СДСМ. (Ст.Б.)
Jas ne zanm koga ce go stavat ovoj kockar, organizator na urbana mafija vo kumanovo , sopstvenik na gradezni firmi koi gradat divogradbi, prijatel na drugi takvi, vo ZATVOR!!! Kade e Jankulovska da proveri malku niz Kumanovo?
Од: граѓанин на Куманово
Датум: 27.05.2008 11:56:41
Градоначалникот на Куманово воопшто не и помага на коалицијата Сонце,туку напротив си спрема терен за негово кандидирање не како СДСМ кандидат,туку како самостоен. Па зар после онакви препукувања тој ќе помага на СДСМ...А можеби и помага ако се земе во предвид дека неговиот братучед е кандидат во СОНЦЕ од редовите на ЛДП...Кој да ги знае
Од: demokrati*bt99
Датум: 27.05.2008 12:28:49
Срамота...Па, свесни дека ќе ја изгубат тотално довербата од народот, па користат последни моменти за кражба, за наредните кои ќе дојдат да не можат да се опорават со години...Па, ете ги после тие ќе дрдорат по ТВ....Ама, жалам народот знае и памети, таквите ваши игри завршија!