Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Либерална врие по излегувањето од власта

Дваесет и три општински организации на Либералната партија се дистанциираат од коалицирањето на лидерот Стојан Андов со „Сонце - коалиција за Европа“, бидејќи сметаат дека станува збор за самоволие. Тие ги повикаа своите симпатизери да гласаат за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи досега не била донесена одлука за коалицирање во највисокото тело на партијата - Републичкиот одбор. Од ваквите обвинувања вчера јавно се огради Либералната партија предводена од лидерот Стојан Андов, која ваквите активности ги нарече „незаконски и нелегитимини“.

„Поголемиот дел од членовите на Извршниот комитет и членови на Републичкиот одбор укажаа дека остануваат членови на ЛП, но во овој момент процена е на општинските организации дека треба да ја продлабочат соработката со стратегискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Драган Василевски, член на Извршниот одбор и претседател на прилепската организација на вчерашната прес-конференција, на која присуствуваа и други членови од партијата.

Претставници на овие организации најавија дека ќе побараат свикување на Републичкиот одбор, кој е највисоко тело на партијата, затоа што досега не било сторено тоа од страна на лидерот. „Статутот е грубо прекршен, а 23 општински организации укажаа дека е прескокнат највисокиот орган - Републичкиот одбор, а затоа и нема одлука за коалицирање, туку за преговори“, рече Василевски.

Тој вели дека поднеле кривична пријава против генералниот секретар на партијата, Ивон Величковски, за злоупотреба на функцијата, бидејќи сметаат дека го злоупотребил печатот на партијата.

Најави за кривично гонење за сите оние што лажно се претставуваат во име на ЛП вчера пристигнаа и од седиштето на партијата.

„Сите иницијативи и обиди за организирање активности и состаноци во име на ЛП од страна на нејзини поранешни високи државни и локални функционери кои сега се активисти на ВМРО-ДПМНЕ се противстатутарни, незаконски и не ја претставуваат ЛП“, се вели во соопштението. Во него се додава дека ниту одлуките на овие членови немаат легитимност или правно дејство. (Ж.Х.З.)


























Статијата е прочитана 786 пати.

Испрати коментар

Од: Петруш Стефанов
Датум: 27.05.2008 11:59:46
Што очекуваа она малкуте членови на Либералната партија? Дека Стојан Андов ќе го гледа поширокиот интерес? Пред шест години му зборував на Зоран Крстевски дека на крајот и тој ќе се свести и ќе се тргне од Стојан Андов. Превеаниот итроман, чии скаламбуции веќе не можеше да ги трпи Никола Груевски, ја прелажа Радмила Шеќеринска и толкав СДСМ и им се нацрта на нивна изборна листа и на големи постери. Зоран Крстевски, Слободан Даневски и други го обвинуваат Андов дека не го почитувал статутот на партијата. А кога го почитувал? Само што сега тоа го почувствуваа на своја кожа. Почнува дефинитивното соголување на Стојан Андов. Искрено ми е жал за Шеќеринска, таа заслужува респект, се бори за партијата, ама од зад грб и демне опасност.
Од: Gox
Датум: 27.05.2008 12:07:44
Epa ako Andov misli deka e drugarot Josip Broz-Tito,sigurno gadno se zeznal...
Од: demokrati*bt99
Датум: 27.05.2008 12:23:30
Па, добро Столе и можеби домашните ќе гласаат за СОНЦЕТО:) Доста се гласови!
Од: Горјан
Датум: 27.05.2008 17:38:40
Сите го напиштаат бродот кој тоне. За среќа Македонија е на друг посигурен пат! Да живее Македонија, да живее ВМРО-ДПМНЕ и партнерите! Победуваме на 1-ви јуни!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Заев- Договорот со стечајците е лицемерство на власта
Груевски од митингот во Скопје побара триумфална победа
Кумановскиот градоначалник бара кредит за кампања, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
Со сеење страв не се чува власта, обвини коалицијата „Сонце“
Коалиција на НВО „Владеење на правото“
ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се рекламираат преку владини проекти
Анкета_ Власта води - над 40 отсто апстиненти и неопределени