Брoj 2696  вторник, 27 мај 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Груевски од митингот во Скопје побара триумфална победа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги наброја успесите, посебно потпишувањето на договорот со стечајците

Билјана Јовановска

Членови и симпатизери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ превезувани со автобуси и комбиња од македонските градови, но и многумина скопјани во неделата ги наполнија главните улици Скопје за централниот митинг на владејачката коалиција. Автобуси од целата држава во две колони беа наредени од Автокоманда, па до факултетите и во правец на скопското Кале, а иста беше глетката и низ „Партизанска“, каде што полицијата им дозволуваше пристап до пазарот „Буњаковец“.

На митингот на кој беа собрани челните луѓе од сите помали политички партии, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски рече дека постигнатите резултати во изминатите 20 месеци им даваат за право да ги погледнат граѓаните в очи. Тој нагласи: „По две години жестока работа и континуирано исполнување на предвиденото во програмата - земјоделците, пензионерите, студентите, учениците, родителите, младите брачни двојки и децата без родители ја почувствувале разликата која ја носи одговорното владеење и тежината на дадениот збор“. Притоа, Груевски потсети на зголемувањето на пензиите и на платите на администрација, како и на вчерашното потпишување на договорот со стечајците, по што, како што рече, ова е затворено прашање.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека ЕУ идната година ќе ги укине шенген-визите за македонските граѓани и дека „преродбата ќе резултира и со успешност во евроатлантските активности и интеграции“.

Груевски упати критики до опозицијата, прашувајќи каде беа да го решат прашањето со стечајците или со името на државата и напомена „дека тие се единствено загрижени за своите фотелји“. Опозицијата не' обвинува, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за патриотизам, но ние се гордееме со тоа. Иако истакна дека сега поддршката кај граѓаните е многу поголема отколку на претходните избори, Груевски, сепак, го побара нивниот глас, укажувајќи дека им е „потребна победа на изборите и тоа не обична, туку триумфална“.

Дел од насобраните не успеаја да го почекаат крајот на тричасовниот митинг и почнаа да го напуштаат плоштадот уште додека траеше обраќањето на Груевски. Централниот митинг заврши со огномет.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и овој пат максимално се погрижи своите членови и симпатизери да ги опреми со портокалови реквизити - маици, капчиња, платнени врвки за клучеви (децата со фризби и балони), но, сепак, не успеа да ја обезбеди посакуваната масовност. Најоптимистичките процени за посетеноста на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ се околу 20.000 луѓе, што е многу помалку од посетеноста на митинзите на оваа партија во времето на претходникот на Никола Груевски. Сепак, тоа не пречеше, како и во сите други градови, и скопскиот митинг да биде најавен „како најголем во историјата на градот“.


Статијата е прочитана 738 пати.

Испрати коментар

Од: мене
Датум: 27.05.2008 00:30:17
Па нормално бе Гујче не ти идат луѓето намитинг. Се едни исти луѓе по твоите митинзи каде и да ги одржуваш. Тоа ти се твоите членови. Не се надевај на анкетите. Тоа шо ти го покажуваат луѓето од твојата партија е само фарса. Те офарбаа во портокалово за да не ја видиш реалноста. Ама и ти добро знаеш што направи за македонскиот народ. За триумфална победа не се ни надевај. Реално може да очекуваш триумфален пораз. Тоа е денес реалноста во Македонија. 40% неопределни ќе ти кажат се на 1 јуни. До следното читање по први јуни биди ми поздравен и ти и твојот пулен и задоеник Латас
Од: ZA KOGO CE GLASAM
Датум: 27.05.2008 01:02:31
Ќе гласам зa оние кои имаат јасна визија- ВМРО-ДПМНЕ. Еве зошто: -На баба ми и дедо ми им ги покачија пензиите, им ги намалија цените на лековите кои им се потребни -Моите родители земаат поголема плата -Гимназијата каде учи мојот брат сега имаат интернет и компјутери -Студентите зедоа ваучери и нови компјутери -Дома имаме евтин интернет -Цените на мобилните телефони се намалени и трошиме многу помалку за оваа услуга која не врзува сите. Тоа е последица на вистинската конкуренција која дојде со третиот мобилен оператор-дојде неколку месеци откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.I najvaznoto rabotaat cesno I bez niedna afera ili skandal. -МУ ВЕРУВАМ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ! Asto napravija sds od ona sto vetija – nisto.Dosta mi se lagi I politicari so ulicarski vokabular.Dosta mi se ludje kako Pande Lazarov,Miteva Bucko Makraduli bacila I sds-OVCI sakam vizioneri koi gi ostvaruvaat I moite vizii
Од: do vcera-neopredelen
Датум: 27.05.2008 01:02:37
Taka e.Se slozuvam so predhodnikot.Zamislete ludje moi,od cela,ama bukvalno cela Makedonija se sobral dzganot VMRO-vski na plostadot.Ne 20 000,tuku i 50 000 da imalo-barem sme na cisto.Tolku se i ni eden povece.I taa brojka da ja mnozime so 2 pak ne izleguvaat za "triumf".Pa apasi edni bre,na mitinzite na "Sonce" da ne nema narod slucajno.?Pa neli gledate deka pocnuvajci od Stip,Kocani,preku Ohrid,Strumica,Gostivar,Gevgelija,Delcevo do Tetovo a se nadevam i vo Prilep,Skopje i Kumanovo se povece i povece cesen svet,koj i pokraj vasiot teror izleguva i plostadite se prepolni.Prepolni bez nitu eden avtobus od strana.So gospod napred posle prvi ce ve snema od prekrasnava ni drzavicka koja se drznavte da ja unistite.Napred so noviot premier Radmila Sekerinska.P.S namestenive anketi za navodniot rejting na "prerodbenicive" me natera da se opredelam za koalicijata"Sonce".
Од: MAKEDONEC
Датум: 27.05.2008 01:13:41
Na mitingot sto se gleda od snimkite sigurno imalo poveke od 20 000 luge, a sto se odnesuva do mitinzite na LJUBCO VOJVODATA nikoj ne moze da se ramni so posetenosta na negovite sobiri i so atmosferata sto ja sozdavase so negovite govori. DA ZIVEE MAKEDONIJA
Од: Patriot
Датум: 27.05.2008 07:39:52
Ништо друго не е за очекување освен дека еден СДС-БЈРМ-овски билтен-Утрински безочно ќе лаже. На плоштадот имаше помеѓу 60 и 100.000 луѓе, сакале вие или не, лажеле вие или не. Меѓутоа тоа не го спречува авторот кој својата статија ја смислува по партиска директива во мувлив подрум на мрачната Бихаќка да во комуњарска паника го намалува бројот на присутните. До т.н МЕНЕ кој во својата сдс-бјрм-овска помраченост плука в долж и попреку: Причекај на 1-ви Јуни и народот ќе ви даде жестока лекција како кај него поминува вашето плукање,лажење и манипулации. Ниту Латас може на Груевски да му го изгради рејтингот, ниту пак партискиот билтен Утрински може да го собори, туку тој си го изгради за овие две години со чесна и упорна,патриотска работа, нешто што за Шеќеринска и СДС-БЈРМ е блиску колку и колонии на Марс.
Од: SSSSSSSSSSSSS
Датум: 27.05.2008 07:56:25
E Gujo, Grujo, Crni Grujo !!!! Pa, neli ti bese mnogu golem (rejtingot, de). Dzabe tie e se, fakt e deka ne mozes ni od daleku da gi polnis plostadite kako tvojot prethodnik, koj bese harizmaticen i vistinski lider. Auf, kako fijasko bese sinoka vo Delchevo. Zakazavte vo 17.00 casot, a pocnavte vo 19.00, dodeka gi citavte vasite partneri vo Koalicijata, polovinata od decata vo portokalovi maici si trgnaa, a koga pocna da zboruva Grujo, navistina bese zalno da se gleda, a i smesno, oti eden od tie sto zboruvaa rece deka ovoj e najgolem miting vo ovoj grad. Da umres od smeski. Vo Delchevo ke ve zdrobime. Se gledame na 1 juni!!!!
Од: makedonec-ISTOCEN
Датум: 27.05.2008 08:25:43
Citam na mitingot vo Skopje imalo od 60000 do 100000, pak se lazat samite sebesi(toa i najdobro go znaat), znaci stvarno EPTEN se SAMOBENDISANI, onoj latas pak gi laze vmrovcite, a sto e najloso samiot se laze, izgleda samo toj videl tolku MNOGU narod-PUSTA ZELBA.
Од: Gogo
Датум: 27.05.2008 09:15:35
Nasiov narod vika Krivo sedi pravo kazi zatoa kolku i da ne im se dopaga na nekoi spored mene imase poveke raboti koi gi napravi vladata na VMRO DPMNE i koalicionite partneri koi stvarno se za respect!
Од: strumica
Датум: 27.05.2008 11:04:29
abe ZA KOGO CE GLASAM so zal mozam da konsatiram deka mnogu naivno si padnal vo stapicatana Grujo.Aj pred da se raduvas na visokite penzii na baba ti i dedoti i na ,,eftinite lekovi "' odi vidi kakvi lekovi siroti luge pijat. Samo kako za pr.Antibiotikot OSPEN e na pozitivna lista megutoa ako odis vo apteka za 20 denari ke ti dadat KIPARSKI ospen a toj na KRKA ke si go platis privatno 340 den.Taka sto razmileste sto piete i sto so sini kartoni zemate od aptekata inaku ne zboruvam na pamet za toa medicinata mi e rabota.Gi dovleckaa gubrinjata od lekovi za na takvi kako vas da vi gi davaat za bez pari zato prodolzete da se raduvate sto ve trujat
Од: Сандра
Датум: 27.05.2008 11:48:02
Иако посетеноста на митингот вчера не ја поминала бројката од 20000, ВМРО-ДПМНЕ има константно гласачко тело кое апроксимално се движи околу 300 000 гласа,така да посетеноста и не е некој силен индикатор за исходот на 1 Јуни.Но, се помалата посетеност на јавните собири организирани од било која партија укажува на незаинтерсираноста на јавноста за овие избори па не ечудо и излезеноста да биде доста помала во однос на минатите години.
Од: jas
Датум: 27.05.2008 11:48:32
Na mitingot imase preku 150 000 prisutni. Mi se javi eden prijatel od Aljaska pred deset dena i rece deka organizirano toj so svoite prijateli ke dojdat na mitngot vo Skopje, bidejki takvi sobiri nemalo vo povovata istorija. Inaku vo vremeto koga bese mitingot slucajno pominuvav pred Vladata i gledam gi nema figurite na Pasko! Go prasav policaecot od obezbeduvanje sto se slucilo, a toj mi rece deka se na miting na plostad. Sega ocekuvam da procitam kolku procenti od prisutnite na mitingot bile praznoglavi, pardon, bezglavi.
Од: Gox
Датум: 27.05.2008 11:53:41
Kolku za informacija,gradskiot plostad sobira pomegu 40-50 iljadi luge...Kolku togas imase na Z.Colic ? 10000 ??? Stvarno ste opsta katastrofa...Pa gledajte malce TV ako veke ne ste vo moznost vo zivo..A ti Delcevo,sto ke zgazite be,selo od 5000 ziteli...haha..kolku pratenicki mandati ke ukradete? O,5 ? Ne sum ni za tie ni za tie,bas k.r me zabole,ali drskata,arogantna,neprijatelska kampanja (samo taka i znaat vo nedostatok na konkretna programa) na SDSM me vodi kon toa mojot glas da ide vo VMRO-DPMNE !!!
Од: demokrati*bt99
Датум: 27.05.2008 12:26:33
Незнам зошто се плашите...100 000 по 4 миниум = 400 000 гласови...Замислете само овие....без да ги броиме уште илајади, илјади гласови...Па, МАКЕДОНИЈА Знае!
Од: od denes-opredelen VMRO DPMNE
Датум: 27.05.2008 13:23:48
Do vcera- neopredelen VMRO DPMNE raboti transparentno i ispolnuva.Avtobusite vo Ohrid bea transparentno parkirani na glavnata ulica i tuka nema lagi.Ama vo stilot na tvojata SDSM lazes i nevistina e,avtobusite na SDSM bea parkirani vo sporednite ulici.Anketite gi mestat ,,Bucko- fabrikite,, i pak odnosot e 3:1.Grujo e nasata idnina.Imas vreme da se predomislis.
Од: zoki
Датум: 27.05.2008 14:10:26
Laznite patrioti Gjujo i Gordana neka odat vo Gostivar, Tetovo ili barem Cair i simbolicno barem edno makedonsko zname neka postavat.Tamu makedonskiot simbol na drzavnosta i patriotizmot go nema.
Од: demokrat*sv.nikole
Датум: 27.05.2008 16:19:42
e bese miting ovoa 15 godini odam po mitinzi na vmro-dpmne moze da zboruvate sto sakate ama narod imase mnogu mnogu mnogu.sdsm neka uvezuva narod i od kina ako saka za da napravi vakov miting kako vo nedelata.
Од: erovshin
Датум: 27.05.2008 17:19:09
Читам и се чудам,како СДСМ го затупува народов.Тие не се луѓе,католици не им се рамни.
Од: МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ!
Датум: 27.05.2008 17:43:10
Груевски од митингот во Скопје побара триумфална победа! ЌЕ ЈА ДОБИЕ! ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ, ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Од: форцамкд
Датум: 27.05.2008 19:44:01
``Не успеаа да ја обезбедат посакуваната масовност``-не можам да поверувам што читам!!! Овие стварно имаат проблем со перцепцијата или пак си имаат некој друг проблем многу потежок!?!?!?!?! А каква масовност има СДСМ на митинзите? баш ке видиме вечер, пак ќе прават некои оптички варки, со бини на средина на плоштад и сл., ама џабе им е!
Од: Dobromiri-do SSSSSSSSS
Датум: 27.05.2008 21:01:52
abe ti delcevo grad go smetas jas mislam deka e carevo selo i kolku sakas da ima vo carevo selo hahahahacda zivee GRUJO

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Заев- Договорот со стечајците е лицемерство на власта
Либерална врие по излегувањето од власта
Кумановскиот градоначалник бара кредит за кампања, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
Со сеење страв не се чува власта, об��ини коалицијата „Сонце“
Коалиција на НВО „Владеење на правото“
ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се рекламираат преку владини проекти
Анкета_ Власта води - над 40 отсто апстиненти и неопределени