Брoj 2820  сабота, 25 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Газдите ќе одлучуваат за храната и превозот

Износот од 3.000 до 4.000 денари веќе нема да биде обврска за работодавците

Соња Маџовска


Исплатата на храната и превозот од 1 јануари идната година, со воведувањето на концептот бруто-плата, ќе зависи од добрата волја на работодавците. Овие две ставки, кои изнесуваат околу 3.000 - 4000 денари, и воопшто не се сума за потценување, веќе нема да бидат обврска за работодавците. Тие ќе можат, но и нема да мора да ги вградат во единствената бруто-сума, на која ќе се плаќаат придонеси во висина од 28,4 отсто. Значи, на работодавците, доколку сакаат да си ги намалат придонесите, со оглед на тоа што и храната и превозот ќе влезат во пресметките за бруто-плата, им одат на рака измените што ги предлага Владата, бидејќи на своите вработени нема да мора да им го вградат тој износ во бруто-платата.

Министерот за финансии Трајко Славески признава дека тоа е избор на работодавецот. Најновите измени министерот ги оправдува со ставот дека доколку сакаат, и сега работодавците можат да предложат промени и да им ги намалат платите на своите работници, а не да чекаат да профункционира бруто-платата. „Зар мислите дека денес работодавец што исплаќа најниски 7.200 денари, само во различни категории - плата, храна и превоз, од 1 јануари ќе може да обезбеди некој што ќе му работи за 4.000 денари. Некои односи се регулираат на самиот пазар на труд“, истакна Славески на вчерашната прес-конференција, на која го презентираше Предлог-законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

Министерот Славески може да гарантира дека укинувањето на храната и превозот нема да се случи кај државната администрација, но тој е уверен дека и приватниците нема да преземат таков чекор. На прашањето дали неговата убеденост се должи на разговорите со работодавците при подготовката на законот, сепак, тој одговори дека не се разговарало за тоа. „Никој не спомнал такво нешто. Тука нема некаква задна намера, затоа што и сега работодавците можат да ги преполоват платите доколку сакаат. Целта не е тоа, целта на секој работодавец е во рамките на она што е рентабилност и профитабилност да обез��еди и плата за работникот“, изјави Славески. Според него, на работодавците им се важни две работи. „Тие прво го гледаат работникот како трошок што влегува во калкулацијата за пресметката на трошоците. Но, од друга страна, работодавците се заинтересирани и колку пари работниците ќе однесат дома. Секој сака лојален работник и намалување на отсуствата од работа“, одговори Славески.

Се воведува и горен праг, односно максимален износ до кој ќе се плаќаат придонеси, кој се позиционира на износ од четири просечни плати. Тоа значи дека за платите повисоки од 1.000 евра, над тој износ нема да се плаќаат придонеси.

Преку симулации, министерот објасни дека ако вкупната сума на една бруто-плата со храна и превоз изнесува 30 илјади денари, работникот ќе однесе дома 20.012 денари, или ако таа е 13 илјади денари, 8.728 денари е сумата што како плата ќе ја добие работникот. Во Предлог-законот остануваат и казните што се движат од 2 до 3 илјади евра за работодавецот и од 500 до 1.000 евра за работникот доколку не е исплатена плата или нема доказ за плаќање придонеси.


Статијата е прочитана 2009 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 25.10.2008 00:17:37
I kazete mi sega koj e toj rabotodavec sto bi se slozil na toa... ama ne se krivi rabotodavcite... krivi sme nie sto si glasavme na 1.06.2008 godina, a gospodinot Slaveski trebase ova objasnuvanje da go dade pred izbori... togas vaka ne zborese... Aferim, da ni e nazdravje, a pak ponedelnik Tanja bubamarkata i VMRO-vcite neka delat beli bumbari.. po gla im skokale da dade Gospod...
Од: jimmy1
Датум: 25.10.2008 06:54:54
A koi se tie rabotodavci, istite sto sedat vo vladata, aramiite koi preku noc gi prvatiziraja kompaniite, odnosno gi prisvoija. Baravme kapitalisticki sistem kade sto rabotnikot nema nikakva zastita, nitu pak dobiva dovolo za ona sto go raboti. Ovaa fasisticko teroristicka vlada gi ukinuva beneficiite na rabotnikot a vnesuva kazni od 50 evra za plukanje ili frlanje na cigara. Sve sto donesuvaat udira samo po dzebot na obicnite gragani, a za niv si izglasaa razni privilegii pa nivnite familii da bidat finansiski obezbedeni za nekolku pokelenia, pa duri i po nivnoto zaminuvanje od politikata. Toa li e pravda? Pravdata e vo narodot, ama nokoj ne ni e kriv koga sme zaspani. Cela taa stoka treba da se protera od vladata zosto aramii, kriminalci, lazgovci i teroristi ne zasluzuvaat da ni vodat drzava nitu pak da ni delat pravda. Toa sto baravme, toa ke go gledame.
Од: stojan
Датум: 25.10.2008 07:46:41
Robovi sveste se.Imperatorot Gruevski edinstveno gi saka robovladetelite. slednata rabota 'e bide gladijatorstvot, ke im sluzima kako hrana na zverovite.
Од: rabotnik
Датум: 25.10.2008 08:52:12
Eve vi sansa na site svojt revolt da go kazete na Golemiot protest na SSM koj ke se odrzi na 14.10.2008 na plostadot vo Skopje. Stop na osiromasuvanje na nasite rabotnici, izlezete site ,samo taka ke moze da se natera ova vlada da go cue glasot na narodot . DA NAPRAVIIME 1000 CEKORI I DA KAZEME DOSTA E .
Од: tt
Датум: 25.10.2008 09:18:06
Pa ve molam kako si zamisluvate vie deka vmro ke ja finansira kampanjata za prestojnite izbori,mora da napravi da ima priliv na pari od negde samo koga ke se svestime?Prvo cekaj dke gi pokacime platite 10% pa posle ke ja pokacime strujata 13% pa ke gi pokacime proizvodite 50 % i na kraj da go zakopame makedonskiot narod ke doneseme zakon za bruto plata kade ekoj ke izgubi po 3000 do 4000 denari .GENIJALNO!!!!!!!!!!!! Narode Makedonski svestise ne spij ti!!!!!!!
Од: Od Orce-Australija
Датум: 25.10.2008 09:21:27
Po mene licno vladata ovdeka nema poveke nisto sto da napravi vo vrska so gore napisanpto ,tuki samo da donese eden priblizen koeficient na plata ,vo zavisnost od kategorijata na vraboteni ne se misli na privatnot sektor,bidejki se odi kon kapitalizam ,kade i ovdeka vo Australija e toa slucaj,kade postoi eden koeficient na plati .koj kaj razni rabotodavci e razlicen ,no e barem priblizen i skoj si ima svoj nacin na rabota ,se misli za rabotodavci od ist tip na rabota i sekoj razlicno vrednuva ,samo pak da naglasam -priblizno , a vo drzavniot skoro site se isti se misli na staz i kfalifikaciji.Mnogu pozdarvi od Orce Sazdov do site vo RM i vladata ne moze sto da napravi samo da gi sledi svetskite i evropskite razmeri pa i da se trudi sto moze da se priblizi poblisku do niv.So golem pocit do site vo RM.
Од: ZAPADNA
Датум: 25.10.2008 10:20:58
Работник на 14.ноември 2оо8....ССМ..ама ако од другите градови немаме можност да идеме во СК,па тоа е дното е постигнато...следи арена и зверови да не изедат како свежо месо.......а знаете како пропаднала Византија,мислам како пропаднал Констатинопол....Џими1....се надевам дека и коментаториве на крај на приказнава наша наречена Македонија,која гледаат на секој начин да е нема ке се согласиме во едно Македонскиот народ треба да оди во борба....а ССМ незнам и недостасува Џони Ковак....нема таков мислам
Од: tina
Датум: 25.10.2008 12:22:24
Namaluvanjeto na stapkata na pridonesi ne znaci pomali trosoci za rabotodavecot, naprotiv pogolemi zatoa sto sumata ke se odnesuva na bruto plata, sto e pogolem iznos. Stetata ke ja trpi najverojatno rabotnikot so toa sto ke dobiva pomala plata, zatoa sto ne veruvam deka rabotodavcite se spremni da izdvojuvaat tolkavi sumi za pridonesi.
Од: Никола
Датум: 25.10.2008 13:08:12
Чорба Македонче. Тоа се вика капитализам. Баравме, си го добивме. Кога не сме способни да се избориме и да одржуваме друг систем, тоа е тоа.
Од: Trajko
Датум: 25.10.2008 13:44:16
Ne mi se jasni voopsto komentarive na temata: rabotodavcite veke nema da mora da im plakaat na vrabotenite po 3,000 denari mesecno so noviot zakon?!? A zarem so segasniot zakon rabotodavcite imaat obvrska kolkava plata da isplakaat na rabotnicite? NE! Platata e dogovor pomegu rabotnikot i rabotodavecot i ja odreduva pazarot. Kakva e taa glupost vo segasniot zakon kade sto 3-4,000 denari se zakonska obvrska (za hranarina.patarina) a ostanatite 10,000 i poveke denari ne se! Na 1 januari sekoj rabotnik ke si zeme plata kolku sto se dogovoril so rabotodavecot, nisto poveke, nisto pomalku, a dali se vika del od platata hranarina ili patarina, na nikoj ne mu znaci toa!
Од: tomi
Датум: 25.10.2008 13:45:15
prerodbata prodolzuva e pa makedonce e pa kopaj vazno praznici i falenje kolko sakas i teranje predavnici drugo nema vo vmro dpmne dolu vlada i grujo
Од: ДимоАго
Датум: 25.10.2008 14:43:49
Контрадикторноста на министерот Славковски.Се предлага закон со кој се укинува задолжителната храна и превоз а од друга страна е убеден дека работодавците и понатаму ќе ги плаќаат овие додатоци.Која е поентата тогаш на носењето на ваков закон.Порака и до нашата дијаспора,да не ни солат многу памет бидејќи ниту се во тек,ниту се засегнати, ниту се удира по нивниот џеб.Лесно им е на нив таму некаде далеку,можат дури и слепо да ја подржуваат владата без да ги сносат последиците за тоа.Поздрав
Од: ljube
Датум: 25.10.2008 15:08:16
E pa moi ,gi glasavte,pa sega gledajte,t.e TRPETE i pak glasaj te gi.Nazdravje
Од: Vladimir Postolovski
Датум: 25.10.2008 15:38:15
Platite ke ripnat i ke bidat porealni a pridonesite ke se plakaat a nema da ima siva ekonomija.Plata ke bide negde okulu 500evra so novite zakoni. A ekonomijata ke ripne i ke se oseti blagosostojbata.Makedoncite se mnogu nervozni bez potreba i samo se karaat i raspravaat.Treba da se sedne i da se raboti,a danocit ei taxite idat vo investicii toa e podobro za nas .Ubavi chisti ulici dobra usluga podobar javen prevoz poveke rabotni mesta kvalitetot na zhivot ke ripne na povisoko nivo.Nema da ima bitpazar SDSM sitem diva liga siva ekonomija i plati shto ne se isplakaat so godini i stechajci.Razmisltet si site vie shto plukate tuka i shto samo seete nervoza.
Од: meto
Датум: 25.10.2008 17:51:58
За оние што се бунат дека ова не било во кампањата.100-те чекори поминаа.Овој предлог е 101 затоа го немаше во кампањата.Што се бунат ВМРОвците .Платена кампања толку носи.Секое чудо за три дена.Не го разбирам само делот во написот кајшто вели.За плати поголеми од 1000 евра нема да се плакаат придонеси.Ако може некој од ВМРО да ми го објасни ова.
Од: anonimen
Датум: 25.10.2008 20:42:43
Zosto sega placete,neli gi glasavte i gruevski dobi ubedlivo.Sledniot pat pak glasajte za niv ama togash ova ke bide drzava bez luge
Од: pero
Датум: 25.10.2008 21:50:27
kolku poveke stap po rabotnicite tolku poveke rabotnici za kanada i avstralija
Од: ostvaruvame
Датум: 25.10.2008 22:18:08
vidi, vidi, znaci vece nema hranarina za rabotnickata klasa, iskreno ne sum licno mnogu zasegnat posto rabotam vo drzavna administracija, za nas ne vazi ova. ama sekap ne e fer vaka i mislam deka koga premierot ke razbere sto napravil min. za finasii odma ke go iskara na otvorena vlada i min. kako malo detence ke veti deka ke ja smeni odlukata. Patem premierot znae koj go glasase, pa rabotnickata klas e taja go saka i ako vaka prodolzi ke nema koj da glasa za nego. Za nas administrativcite vata taka grujo e dobar. ne glasam za nego posto znam deka negovata politika ke ne dotera do dno i potoa pak onie jadnite od sdsm ke mora da ja opravaat rabotata i pak nepopularni reformi i potoa pak vmrovcite ke dojdat i ke trosat i taka se dodeka eden ubav den ne se donese zakon i se zabrani vladata da se reklamira i da trosi pari sto ne se nejzini. Ja predlagam vladata da im ispati na sekoj rabotni po 300den. ako rabotodavecot ne go stori toa. Ostvaruvame
Од: petar
Датум: 25.10.2008 22:26:16
со самото носење на новиот закон веќе почнува да се притиска да се спроведи во ТУТ-КОМ Прилеп на тој начин што сакаат да ни го намалат бодот од 10ден. на 7ден. и нека ми објасни Славески како ќе преживее едно семејство со 4500 ден а пак господата што ни ги прати владата земаат по 3000евра и молчете вработени ако вие добро
Од: igimak-london
Датум: 25.10.2008 23:08:03
konecno nekoj dobar zakon, samo treba da se dopolni so minimalna drzavna plata i so toa ke bide kompletiran. gi citam komentarive i ne mozam da veruvam- dobro be vie imate gram mozok za da razmislite kako bi rabotel ovoj zakon? moe rabotno iskustvo od anglija- pravis dogovor so gazdata za visinata na platata spored nacionalna cena na trudot( vo zavosnost koj sto kvalifikacija ima) od koi se odeluvaat 23% za kralicata a ostanatoto e na rabotnikot-pravenje sendvici ili gubenje po dva tri saata za da dojdes na rabota i da si otides i samiot si go plakas prevozot. taka da ako sakate nesto ( vles u eu) nemoj da se predomisluvate na sekoi pet minuti. bidete malce po svesni za toa kako stojat rabotite. druga rabota zosto ovoj zakon e dobar : koj kolku si raboti tolkav procent na doprinos ke plaka i tolkav procent na penzija ke si ima a toa znaci -platite ke se gledaat od realnata strana a ne kako do sega na zimi majka pozdrav i prodolzete po patot sto go cekorite no samo pravo
Од: pece-avstralija momentalno
Датум: 26.10.2008 04:56:05
od toa so citam od komentarite nema mnogu sto da se vidi istata prikazna so godini VMRO ili SDSM samo se napagate edni so drugi pa kako sakate da se odi napred zatoa ova se slucuva i se dodeka ova trae najmnogu znaete koj ke pati siromasniot narod i dosta veke so tie protesti sega ednite ne cinat posle koga ke se smenat drugite nema da cinat go vidovme airot od site do sega kaj se videlo na siromasite da im se krati sto zemaat po 5 000 ili 6 000 plata samo vo Makedonija .ova se odnesuva samo za narodot da se svesti malku inace nema spas .
Од: димитар - Ѓорче Петров
Датум: 26.10.2008 15:52:29
Ало, сопартијци, нели сме народна партија? Зашто носиме сакони во корист на богатите!?
Од: Vesna
Датум: 26.10.2008 20:43:12
kako ne im e sram i da pomislat ,da im dadat takva opcija na rabotodavcite.... tie edvaj toa i go chekaat... a se poskape za 40-50% , aram da mu e na "Ministerot" ...kako i moze ovaa vlada posle site enormni poskapuvanja na lichnite troshoci , da go donese i ova .......... sram da im e....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Скопје е најсиромашната метропола во Југоисточна Европа
Зденко
Лоши вести од соседството
Струјата ќе поскапи за 13,5 проценти
Партиска прослава
Молк по средбата на државниот врв за предлозите на Нимиц
Не попуштаат ни патријархот Павле ни ВМА
Македонци во соседството ги продаваат органите за пари
Стоките поевтинуваат - парите поскапуваат!
Притвор за Бајруш Сејдиу, под лупа и ексдиректорката на УЈП
Машката судбина на албанските „заколнати девици“
Најпознатата држава во светот
Прогонството на Македонците од Грција (4)
Вербатим