Доколку се продолжи со овој курс на водење на надворешната политика, допрва ќе следуваат катастрофални последици
Како по обичај, и оваа недела весниците известија за огромен број политички настани. Во Собранието се одвива расправа за уставни измени, што е само по себе настан со голем политички интензитет. Особено ако се согласувате со моето стојалиште дека на Уставот и каква било негова промена треба да се пристапува поретко и при голема нужност. Ова го кажав и во 2001 година кога Македонија го смени Уставот под притисок на ОВК и на меѓународната заедница... Оваа недела дознавме и, според тврдењето на еден колумнист, дека тој има нови сознанија во врска со атентатот на Глигоров. Бидејќи случајот тапка во место цели 13 години, ова е значаен момент. Се надевам дека не станува збор за потреба од медиумска сензација, туку дека нешто ново навистина ќе слушнеме, зашто, како што се одвиваа работите досега околу атентатот на Глигоров, никогаш нема да дознаеме што се случи навистина таа 2005 година.
Не помалку значајна е пораката на Оли Рен дека не заслуживме да добиеме датум за преговори оваа година. Тој во својата изјава рече дека Македонија се' уште не е подготвена за преговори со ЕУ. Уште една загубена година за мојата генерација, но и за сите Македонци кои тонат кон балканскиот заборав. На сево ова вицепремиерот задолжен за евроинтеграции одговара „забелешките од ЕУ се сосема очекувани и детерминирани“?! Искрено кажано, често ги следам неговите изјави со поголемо внимание и концентрација од изјавите на другите „првенци“ на македонската политика затоа што од поодамна забележав дека човекот обожава да се тепа со термини кои, верувам, и самиот не ги разбира, а секако таму каде што ги пика, не им е местото. Бидејќи на неговите бисери по повод нашиот контроверзен однос со ЕУ треба да се посветат цели текстови, сега само ќе кажам дека воопшто не сум воодушевен, ниту пак хипнотизиран (што веројатно се очек��ва кога се зборува брзо и без врска, со голем број неологизми и странцизми) кога ќе чујам 100 збора за 10 секунди (од него) кои немаат никаква врска со тоа што треба да го работи тој.
Во исто време се појави и информацијата дека владините функционери биле членови во по 3-4 управни одбори. Како по правило, станува збор за луѓе од кабинети на влијателните министри. Тие, веројатно, за награда за лојалноста и наводната преоптовареност на своите соработници од доверба им овозможиле да добиваат приходи од повеќе места. Се сеќавам на првото владеење на ВМРО-ДПМНЕ во 1998 и ми се чини дека една од причините за губењето на довербата од нашите поддржувачи беше токму лакомоста на некои наши функционери. Истата работа како да почнува да се повторува. Само што има една квалитетно различна работа. Овој пат имињата на луѓето за кои што пишуваат весниците не се многу препознатливи како вмровски функционери. Останува да се заклучи дека ова се луѓе кои се приватно блиски со министрите...
Морам да признам дека мало освежување во целава тензија ми беше информацијата и сликата на двајца наши пратеници кои биле на бања во Исланд. Нивната слика ја украси насловната страница на еден наш високотиражен весник. Сигурен сум дека оваа нивна необична активност во банкротираната и егзотична земја беше добро интермецо за македонските читатели помеѓу два сериозни политички настана. Барем за мене беше и не додржав да не ја коментирам. Без бањарките оваа недела ќе беше многу помрачна. Ох, има и други настани, но просторот ми е ограничен, па затоа ќе преминам на уште еден случај кој предизвика многу внимание.
Можеби ќе ви изгледа небитно што државата Конго решила да го смени својот став и отсега да ни се обраќа со референцата. Ќе си кажете, чекај да се сетам каде е Конго! Меѓутоа, Конго не е единствената држава којашто го промени својот став. Истото го стори неодамна и Мексико, а се спомнува и Панама. Не поминува подолго време од една недела, а грчката страна соопштува дека одредена држава го сменила својот став околу името на Македонија. Ова покажува дека тие многу работат на терен, а терен е целата карта на светот. Она што го земаме ние како здраво за готово, за нив е предизвик за работење. Логично е да се прашате што работи нашата дипломатија? Каков е нашиот одговор на последните маневрирања на Грците низ светот? Која е нашата стратегија? По се', до каде е Македонија со воспоставувањето и одржувањето на дипломатските контакти? Колку нашата дипломатија има квалитетни информации за тоа што ни се случува на меѓународен план?
Наместо каков било квалитетен одговор на кое било прашање што може да си го поставите по прашањата од надлежност на македонското Министерство за надворешни работи, очекувајте дека секоја активност на Грција ќе биде покривана со соопштенија дека нивните информации не се вистинити, дека Грција само врши пропаганда. Практично, со пропаганда ќе се обвинуваат други за пропаганда. Ќе одговара ли веќе еднаш некој за неколкугодишната импровизација која кулминира во последниот период со безочно ширење дезинформации и невистини од официјален државен орган. МНР нема право да си игра со нас, информирајќи не' дека Грција лаже и дека Конго и Мексико не се повлекле од своите позиции за признавање на уставното име на Македонија. Замислете, немало официјална информација од тие држави. И затоа што ја нема, или некој можеби ја крие од јавноста, се продолжува со кампања која ја покрива некомпетентноста на министерот и неговото опкружување да се има каква било стратегија и концепција како ќе се води надворешната политика на Македонија.
Но, има уште еден елемент кој предупредува дека импровизацијата и лагата имаат земено голем залет во МНР и се единствен метод за работа. Имено, минатата недела МНР, обидувајќи се да создаде привид дека нешто сепак работат, лиферуваше невистинита информација дека Русија и натаму ќе ја поддржува Македонија во однос на уставното име. Тоа, наводно, го договорил нашиот министер при средбата со рускиот министер Лавров. Некои весници од ова направија фама, најбитна вест на неделата. И навистина кога губиш здив на сите страни, кога паѓаат држави за кои се вложени години дипломатски активности, секако дека е потребно да се пофалиш пропагандистички дека ете, големата Русија, останува на својот став дека ќе ни се обраќа со уставното име. Но, дали е сосема така? Да не е и ова пропаганден трик кој треба да покрие некомпетенција? Моите информации кажуваат, што секако може да се провери, дека по изјавата на министерот, која во Македонија беше пласирана за внатрешни потреби, веќе утредента портпаролот на руското МНР изјавил дека Русија ќе го почитува заеднички договореното име помеѓу Грција и Македонија. Мммм... Не е ли ова сосема спротивно од она што ни се сервира? И што е најдобро, може да се провери во руските весници, Интернет-страници, да речеме во весникот „Известија“. Доколку се продолжи со овој курс на водење на надворешната политика, допрва ќе следуваат катастрофални последици, сериозни последици, а истовремено повеќето македонски граѓани ќе мислат дека Македонија е најпознатата држава во светот.
Bravo mladicu!!!se porealen stanuvas i povozrasen i educiran...toa me raduva. plus si gi trgnal antickite lavovi od blogot i toa me raduva posebno.
Од: ROMPLUS
Датум: 25.10.2008 00:53:03
I pokraj toa deka znam za kolumnistot Filip Petrovski deka e ,, dobar,, ;len na DPMNE ovj pat moram da mu ;estitam na iskreno mislewe izneseno vo kolumnata, a koe se sovpa\a i so moe mislewe.
Од: Петар
Датум: 25.10.2008 01:44:01
малку off topic:
ова е од блогот:
"фотографија, филм, унетност"
Се мисли на уметност, нели?
Од: Igor
Датум: 25.10.2008 02:07:20
Атентатот на Глигоров беше во 1995, а не во 2005.
Се согласувам со ставовите околу дилентантизмот кој владее во надворешната политика на земјава. Државава изгледа несериозно.
Од: rezim
Датум: 25.10.2008 03:44:52
Nemas vrska. Mnogu docna ti ja pustile kolumnava. Plivas na suvo, za tvoja zal.
Од: Bravo Filip
Датум: 25.10.2008 04:17:48
Filipco navistina me voodusevuvas. Moram da priznam deka edno vreme ic ne te sakav. Mi deluvase nekako grubo ne zrelo agresivno antipaticno isto kako ovoj denesniov zeleniov so repceto Vlatko Gorcev no denes moram raka da ti pruzam. BRAVO za SVE SI VO PRAVO. Tesko nas so vakva Vlada pogotovo so Ministri kako Bocevski i Milosevski. Ja unistija Makedonija.
Од: shkupi
Датум: 25.10.2008 07:22:15
HAHA si gi trgnal antickite lavovi od blogot ,sekoja god se popameten biduvas,
Од: x.x.
Датум: 25.10.2008 09:22:48
Нема што да се коментира. Се е кажано во колумната. Народот ја љуби вистината, па било каква и да е. Ова е зрело и реално согледување на фактите. Поздрав.
Од: citatel
Датум: 25.10.2008 09:34:21
Koga Filip (co) pocna da objavuva kolimni niz vesnicite na pocetokot so golemo zadovoslstvo gi citav, i si rekov "eve eden mlad covek so diploma koj ke se obide da napravei nesto poveke za Makedonija niz svetskite medii". Za zal negoviot entuzijazam se izduva, Dali se razocara sto ne go "sogledaat" negoviot kvalitet ili nesto drugo? Ne znam. Pocna da se sozivuva so ulogata "znam ama ne sakam da vi kazam" . Kvalitetot na kolumnite pocna da opadja. Koga vo eden napis sretnav deka e na listate na "Brat Ljube", veke mi stana jasno deka namesto na svetska scena toj definitivno odluci teorijata od politikata da ja primeniva doma - Kale, Topaana, Nerezi, Keramidnica, Centar,... seedno. Site ke mu aplaudiraat i ke velat "aferim, pameten covek"
Од: jak
Датум: 25.10.2008 09:53:02
Detevo pocna da zree, heee, Pocna malku i za Russia da pisuva, arno ama i toj kako i ministerceto za nadvoresni raboti kasno se setile deka osven NATO i EU ima na planetava i drugi svetovi.Denes nema placki po NATO, hee
Од: Skolski na privremena rab vo Svajcarija
Датум: 25.10.2008 12:19:51
E bravo. Stvarno iznenaduvanje od tebe. Mnogu jak tekst i pred i se realen.Samo za informacija, i jas sum "tezok" VMRO-vec no vo potpolnost se slagam so napisanoto. Samo ne mi e jasno , od kaj go "iskopaa" Bocevski? Bez navreda kon negovata licnost, no mene politicki mi izgleda kako tezok poltron i demagog. Pozdrav
Од: Информиран
Датум: 25.10.2008 14:32:40
Бидејќи беше малку во дипломатијата и виде се што се случува и што не се ти накалемија после, добро би било да една колумна посветиш на нашето Министерство, состојбите во него, кое не се од пред 2,3 ичи 5 години, туку од почетокот. Како се избираат луѓето на челни позиции, како се праќаат во странство, без знаење на нбиту еден јазик, или се праќа човек со англиски во Франција, или со франсцуски во англија, што е увреда за тие земаји за оние кои разбираат што е дипломатија. Замислете во англиското министерство да зборувате ранцуски или обратно. И на крајот, Филип, треба да напишеш нешто за нашите амбасадори кои како во ниту една земја се прави феудалци, со лични шофери за приватни работи, кои трошат огромни пари при што и приватно е службено, кои никој не ги прашува каде и зошто патуваат со службените мерцедеси и со дневници, кои не приредиле ниту еден работен ручек дома во функција на својата мисија и многу други работи. Ни премиерот и МНР немаат такво однесување и привилегии.
Од: od Maja
Датум: 25.10.2008 20:44:20
Filip,Filip!
Mnogu bi sakale da go napisat ili kazat istoto,ama se plasat ili krenale race.Nema kriticna masa na intelektualci vo nasava zemja ili nema koj da gi vodi,za da se promenat sostojbite.Sekoj go cuva svoeto parce leb kako bogastvo i ni zbor za sostojbite,za da nema reperkusii.Bravo za hrabrosta i zelbata da ja vidis Makedonija na drugo nivo.
Од: bil
Датум: 26.10.2008 10:23:05
Go procitav predhodniot komentar za toa na koj nacin se izbiraat pretstavnici vo nasite ambasadi i konzulati.Slusnav edna storija za toa deka od vo Pert, Z.Avstralija za pocesen konzul e izbran nekojsi "covek "koj samo se rasprava so tuzbi protiv nasinci za nego "neposlusni" i so kogo MPC vodi sud zatoa sto ovoj gospodin nezakonski otugil vakovski imot i posle istiot go izgubil.Za ova pismeno bile izvesteni i premierot i Ministerot za nadvoresni Raboti na RM,a niv uvo ne gi boli.