Македонци во соседството ги продаваат органите за пари
Еден бубрег чини и до 30.000 евра, доколку се има право на избор на донорот
Јасмина Јовановска
Македонски граѓани во странство ги продаваат своите органи за пари. Илегалната продажба, најверојатно, се случува во соседните земји, каде што има одредени центри во кои доаѓаат странски лекарски тимови и за одредена сума пари го оперираат пациентот кој се решил да го продаде својот орган за пари. Најчесто се продаваат бубрези. Се тврди дека еден бубрег чини и до 30.000 евра, па и повеќе доколку се има право на избор на донорот. Иако никој не може со сигурност да тврди дека лица од нашата земја се вклучени во илегалната продажба со органи надвор од земјава, сепак, постојат јасни индиции дека и Македонија е дел од синџирот на организираниот криминал со човечки органи. До лекарскиот тим што работи на трансплантација на бубрезите стасуваат понуди од одредени лица дека се подготвени да го дадат бубрегот ако им се плати.
„Над 30 лица досега ми понудиле дека би сакале да дадат бубрег ако им се плати. Нормално тие се одбиваат. Но, ако тие веќе биле подготвени да го продадат органот во земјава, зошто тоа не би го сториле во соседството“, вели д-р Нинослав Ивановски од Клиниката за нефрологија, кој е дел од тимот за трансплантација на бубрези. „Мотивот да се продаде органот е најчесто сиромаштијата“, додава нефрологот Ивановски, со што трговијата со човечки органи, која беше ексклузивитет на земјите од третиот свет, опасно се приближува на „цивилизираната“ Европа, што се должи на се' поголемата сиромаштија што ги преплавува земјите, посебно оние од поранешниот источен блок.
Никој не знае кој е каналот за шверцување на органите, но постојат индиректни информации дека се одвива во околината. „Сомневањата за трговијата во соседството ми беа потврдени и од турските колеги на конгресот во Истанбул, сомневања што добија на тежина уште повеќе кога се дозна дека во Суботица се прави полулегална трансплантација на бубрег од жив дарител во некоја приватна болница“, објаснува д-р Ивановски. А зошто не би имало вакви центри кога и Карла дел ��онте излезе со свои информации за трговија со органи на просторот на бивша Југославија.
Тоа дека во криминалот со органи сме поврзани на некој начин, д-р Ивановски уште еднаш потврди и со тоа што многу наши пациенти заминуваат во земјите на Далечен Исток, каде што се трансплантираат со купен бубрег. Како топ-дестинации се Индија и Пакистан, а во последно време и Египет. „Ваквите пациенти обично се враќаат на клиниката поради инфекции или некои други компликации и ние ги лекуваме, зашто тие се наши осигуреници“, вели д-р Ивановски, кој посочи дека досега имале околу 30 пациенти од Македонија и уште толку од Косово, кои се трансплантирани преку тој организиран синџир на илегален бизнис со човечки органи. Македонските случаи се пријавени во полиција.
За да се спречи оваа зло, на светско ниво неодамна во Истанбул е донесена Декларација за борба против трговијата со човечки органи. На истанбулската декларација потписник е и д-р Ивановски, со што и нашата земја се обврзува дека се вклучува во глобалната борба против криминалот со човечките органи. Декларацијата деновиве ќе му биде предадена на Министерството за здравство со цел да се официјализира. Со неа, како што објасни д-р Ивановски, секоја држава се обврзува дека ќе се грижи за своите пациенти и тие нема да патуваат во странство за органи. Една од мерките е да се донесе легислатива и за донирање органи и од живи дарители и од умрени лица. „Да се соработува на полето на легална размена на органи и да се заштитат и дарителите на органите со тоа што ќе бидат покриени со здравствено осигурување, зашто дарувањето органи е благороден чин“, исто така се дел од мерките за глобалниот и институционалниот отпор спрема ова светско зло.
A sto da pravat sirotite, mora da se zrtvuvaat za svojata familija... sto li doceka Zalna Makedonija, nejzinite ziteli da prodavaat organi za pari pritisnati od ogromnata siromastija... Kojznae, mozda Prerodbata "ke ne spasi" ...
Од: jimmy1
Датум: 25.10.2008 07:14:04
Zapadna kaza sve, samo edno, narodot treba da im gi vadi organite na politicarite, pa duri togas ke uvidat sto mu napravija na narodot i do koe deredze go donesoja.
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 25.10.2008 13:29:39
Баба Ката од Секулицу има ед’н предлог.Не ќе да е за одмет. К’д Влада отвори тоуку слободне економски зоне по црну земљу Македонију, па ето, странци се, просто, тепав измеѓу себе кој прв да уѓе и да остави своје паре на нашу Владу, може да ОТВОРИ ЈОШ ЈЕДНУ СЛОБОДНУ ЕКОНОМСКУ ЗОНУ. ЗА ВАДЕЊЕ И СЛОБОДНУ ПРОДАЈУ НА НАШЕ БУБРЕГЕ, ЏИГЕРИЦУ, Ж’ЧКУ итд. Па да имају неку фајду и продавац и Владу, зашто к’д имамо докторе, паре за аперацију да ни остају код комшије. А за ДДВ и остале порезе и да не зборим. Ето нека та зона бидне у Штип у нову универзитетску клинику па да се ЗАОКРУЖИ ЦИРКУС с’с новог медицинског факутета. Мене, среќа моја ќе ме земе куде себе Господ, па нема да дочекам да ме лечев штипски доктори...
Од: KIRO USA
Датум: 25.10.2008 14:36:10
Do kade go donesovte narodot AJVANI nizaedni !!!
Bedotija nevidena kaj mladite generacii ocigledno e deka od siromastijata se teshaat so alkohol i prostitucija ,gleajki deka nema kraj na ovaa beda i sega so prodavanje na organi koe i ne e nikakva tajna vo najsiromasnite delovi na svetot. SRAM DA VI E . Ribata smrdi od glavata pa na takov prosjacki stap go donesoa narodot UZAS.
Од: zabegan
Датум: 25.10.2008 14:38:43
JASMINE;tekstot tie super samo sledniot da pojdes kaj nasive politicari da gi prasas za kolku tie bi prodale eden bubreg.siroti se za zalejne eve sto mu pravat na sirotiov narod pa neka vidat kako se bori siromastiava da prezive.ako ne sakat da prodavat barem da gi slusneme nivnite komentari.
Од: Makedonec
Датум: 25.10.2008 15:56:07
Другар Ј.Б.Тито стани да видиш колку му е добро сега на Македончето а не како во твое време, сега имаме преродба.
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 25.10.2008 17:28:04
Ова веќе не е з дебата по веснициве, туку работата веќе е зрела за Државниот обвинител да си ги покажи своите квалитети и знаенја во борбата против трговијата со чоечки органи
крсте поп/стефанија
Од: Darko_Prilep
Датум: 25.10.2008 19:31:35
Ova ne e nisto novo samo sega novinarite gi otvorija ocite i napisaja za ova zlo. so godini ovoj kriminal gi goni siromasnite sto nemaat leb da jadat... hm zalno no vistinito... procitajteja knigata na karla del ponte pa ce razberite maku pojce kako albanskata mafija sobirase pari za oruzje...
Од: don kihot
Датум: 25.10.2008 20:54:29
Se ke se stori samo da se dojde do lesna para, ke se zrtvuva i zdravjeto samo da se zeme pogolema para na kupce, motivot ne e ogromnata siromastia, tuku brzoto doaganje do golema suma na pari.Ako eden rabotnik raboti i zarabotuva 250 evra na mesec za da zastedi 30,000 mu treba baagi vreme a vaka e "polesno" na nos, i parite se tuka.Za mene ovie licnosti kako licnosti se bolni i voopsto nekorisni ponatamu vo opstestvoto, labilni licnosti i nisto drugo.Ne ja zaboravajte onaa nasata lepce i solca ama pret se zdravje.
Од: lirim
Датум: 26.10.2008 12:09:52
ova e za plakjne pusto siromashtija zal mije mnogu ne znaem kako mozam da im pomagam na ovie lugje bez obzir koj stoe site drzavjanite isto gi zakam pozdrav na site ot zvajcarija
Од: rodjon
Датум: 26.10.2008 14:51:49
Samo edna informacija za zapadov t.n. human. Ne samo sto se prodavaat organi, tuku i krvta si ja prodavaat, se so cel da ne im ja pijat badijala. A site vie sto se pojavuvate na forumov samo za da pluknete nekogo imate moznost na i-net toa da go proverite. I nemojte da izleguvate na iZBORI pred da se raspisat. Cuvajte ja Makedonija. Edna e. Bez nea ke ostanete i bez dusata.
Од: makedonka od paris
Датум: 26.10.2008 18:31:02
pa tie ako se budali i glavata neka si ja prodadat nikoj ne im e kriv za pusti pari im zinala dupkata mislat za aden nok da bidat bogatasi pa nikoj ne im e kriv .ni makedonija ni vladata do siromastija se dovagja samo so ne rabotenje kaj nas se mrzelivi ne sakaat da rabotat mislat so sedenje doma ke im padne od gospod .