Брoj 2820  сабота, 25 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Едиторијал

Лоши вести од соседството

Соња Крамарска

Лоши вести одекнаа од соседството доцна попладнето во четвртокот. Во центарот на Загреб е ликвидиран сопственикот на хрватски „Национал“, Иво Пуканиќ. Случајно или не, во експлозијата предизвикана од пеколната машина поставена крај неговиот автомобил загина и негов близок соработник. Хрватска, а и целиот регион се во шок. Тоа е второ убиство за две недели откако со неколку куршуми в глава беше ликвидирана ќерката на познат хрватски адвокат.

Хрватска деновиве е во паника. Претседателот Стипе Месиќ, за кого медиумите шпекулираат дека бил во блиски пријателски врски со контроверзниот Пуканиќ, издаде соопштение во кое рече „или тие или ние“. Мислеше на нарачателите и извршителите на овие злосторства што шефот на хрватската држава ги квалификува како тероризам.

Жртвата на завчерашниот атентат во Хрватска е една исклучително контроверзна личност на која и' припишуваат дури и врски со подземјето. Но, исто така, станува збор за новинар кој направи интервју со Анте Готовина додека беше во бегство. Медиумите во регионов по веста за неговото ликвидирање го опишуваат како човек близок и до подземјето, но и до актуелната владејачка клика во Хрватска.

Во шокот што уследи по проширувањето на веста дека на улиците во Загреб се случила уште една крвава егзекуција, претседателот Стипе Месиќ се закани со жесток одговор до извршителите и нарачателите, а премиерот Иво Санадер емотивно порача дека нема да дозволи Хрватска да се претвори во Бејрут. Реакции со осуда пристигнаа и од Европската комисија и Парламентарното собрание на Советот на Европа. Еврокомесарот Оли Рен дури даде и изјава за настанот. Брисел гледа на атентатот врз сопственикот на „Национал“ како на напад врз новинар и атака врз слободата на медиумите.

Хрватскиот крвав октомври најдобро илустрира колку тешко се стабилизира Балканскиот регион од кој е дел и нашата земја. Хрватска е држава за која вчера претседателот Џорџ Буш потпиша протокол за влез во НАТО, а завчера Оли Рен изјави дека в година ќе ги заврши преговорите за членство во ЕУ. Но, излезе дека не било толку едноставно.

Како и кај сите држави на Балканот, се покажа дека и во Хрватска тешко оди справувањето со сеништата од минатото и дека тешко се снаоѓа во лавиринтот на политичките игри и криминалот. Иако во изминатите неколку години се трудеше да покаже дека ги надминала балканските болести.

Но, што треба да осознае Македонија од овие настани во Хрватска. Како прво, завчерашниот бомбашки напад, чиј епицентар беше пред зградата на „Национал“, како концентрични кругови може да се прошири врз соседните земји Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија. Секоја од овие земји е во различна фаза од процедурата за зачленување во евроатлантските интеграции. Некои се понапред, некои се поназад. Но, сите со еднакво нетрпение чекаат да станат дел од Европа и од светот.

Бугарија, која заедно со Романија на 1 јануари 2007 година стана полноправна членка на ЕУ, веќе шири огромен скептицизам кон Брисел дека зачленувањето можеби било прерано. Повод за таквата разочараност во ЕУ е растечката корупција кај нашиот источен сосед и неуспехот на владата ефикасно да се справува со криминалот. Последните шокантни вести од Хрватска уште повеќе можат да го зацврстат уверувањето кај бриселските функционери дека со Балканот треба претпазливо и полека.

За жал, Македонија како дел од овој регион мора да ги дели и лошите и добрите вести со своите соседи. Впрочем, Европа така и не' „посматра“ нас Балканците. Како земји што произлегоа од поранешна Југославија, а оцените и критиките кон секоја од државите го имаат заедничкиот именител за степенот на зрелоста и силата на институциите да одговорат на предизвиците како што се корупцијата, организираниот криминал и политичките влијанија. Ете, затоа лошата вест од Хрватска е лоша вест и за Македонија.

 


Статијата е прочитана 1346 пати.

Испрати коментар

Од: S
Датум: 26.10.2008 12:03:19
zbor "ataka" NE POSTOI bre lugje..ili e napad, ili e atak.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Скопје е најсиромашната метропола во Југоисточна Европа
Зденко
Храната и превозот ќе ни зависат од волјата на „газдите“
Струјата ќе поскапи за 13,5 проценти
Партиска прослава
Молк по средбата на државниот врв за предлозите на Нимиц
Не попуштаат ни патријархот Павле ни ВМА
Македонци во соседството ги продаваат органите за пари
Стоките поевтинуваат - парите поскапуваат!
Притвор за Бајруш Сејдиу, под лупа и ексдиректорката на УЈП
Машката судбина на албанските „заколнати девици“
Најпознатата држава во светот
Прогонството на Македонците од Грција (4)
Вербатим