Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

МОБ со подобрени услови за работа

Македонската опера и балет во изминатите две години има подобрени услови за работа на вработените, што резултира со повисок квалитет на претставите и со зголемена посетеност.

Министерката за култура, Елизабета Канческа - Милевска, вчера ја посети институцијата во која во 2007, 2008 и 2009 година беа инвестирани 72 милиона денари. Таа информираше дека со парите е обновена фасадата на објектот, целосно е променета сценската технологија што овозможи балетските претстави да се изведуваат со истовремен настап на Оркестарот на МОБ, а не на снимена музика како пред тоа. Целосно е санирана и покривната конструкција и нема протекувања, реновирани се главниот влез, фоајето, санитарните јазли, билетарницата, пристапот до паркингот, а првпат по 30 години откако објектот е во функција целосно се обновени и 55 работни простории за музичарите, балетските играчи и за вработените во администрацијата. Покрај инвестирањето во инфраструктурата, зголемени се и платите, а 150 ангажирани со договори станаа редовно вработени.

„Имаме значајно зголемување на платите и мега вработувања, како што немаше во изминатите 25 години откако сум јас во оваа куќа“, рече Оливер Арсовски, директор на МОБ.

Тој соопшти дека покрај средствата од Владата и од Министерството за култура кои се главни инвеститори во обновата на МОБ вложиле и 10 милиони денари сопствени средства, но има и донации. Куќата е во преговори со донација наскоро да ги замени столчињата и паркетот во салонот.

„Уметниците се среќни што работат во подобрени услови. Тоа ја зголеми значително и посетеноста и гледалиштето на претставите е до 80 отсто исполнето. Добрите услови носат и добри гости и звучни уметнички имиња, особено на „Мајските оперски вечери“, рече Арсовски. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 391 пати.

Испрати коментар

Од: Zoran
Датум: 17.04.2010 07:31:08
Ne e tocno deka so g-dinot Arsovski se zgolemeni platite. Vo negovo vreme gi dobija parite za koi vo Operata poveke od 20 godini rabotese na toa, strajkuvase i protestirase pred razni institucii. Bevme svedoci kolku umetnicite od operata se borea za toa pokacuvanje, a i g-dinot Stefanovski isto taka rabotese na toa da se renovira i poprava teatarot. Inaku i pred "negovoto vreme" imalo zvucni i kvalitetni umetnici koi nastapuvale vo tekot na godinata kako i na Majskite operski veceri.
Од: Јован АН
Датум: 17.04.2010 12:52:08
Добро е што е обновена МОБ,но имам една јазична замерка.Над билетарницата стои напишано билетара.Ако продавачите на билети решат да штрајкуваат не ќе се знае да ли штрајкуваат билетарите (оние кои продаваат билети) или билетарниците.Како млекарите наместо млекарницита па не се знае да ли се бунтуваат млекарите(млекарниците) кои го преработуваат млекото или млекарите произведувачи на млекото!
Од: nekoj
Датум: 17.04.2010 17:39:51
Fali me usto,da ne te iskinam!Mesto samite da zboruvaat vo ime na vrabotenite neka napravat edna anonimna anketa kolku vrabotenite im se navistina "srekni" i "zadovolni"!Rezultatite ke bidat porazitelni i zatoa e celata ovaa mediumska kampanja od strana na direktorite vo MOB....................Navistina zalno i pod sekoe nivo!

Најди! во Утрински
Култура
Скопскиот филмски фестивал со 70-ина филма
Оперската певица Дешира Ахмети настапи во Равена
Избраните дела на Ристо Лазаров - оригинално издание на Саемот
Проекција на „Катињ“ во МКЦ
Александар Поповски го извлече најдоброто од актерите во „Гавела“