Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Скопскиот филмски фестивал со 70-ина филма

Ќе биде прикажана и ретроспектива на филмовите на Федерико Фелини

Катерина Богоева

Филмот „Јас, Дон Џовани“ на шпанскиот режисер Карлос Саура, на 21 април во киното „Милениум“, ќе го отвори годинешното, тринаесетто издание на Скопскиот филмски фестивал на кој ќе бидат прикажани над 70 филма, од кои голем дел се фестивалски победници. Филмовите освен во „Милениум“ ќе се прикажуваат во киното „Фросина“ и во Џепното кино на Младинскиот културен центар, каде со филмско изненадување на 29 април фестивалот треба и да заврши. Во МКЦ во рамките на фестивалот концерт ќе одржат и Која и „Дисциплина кичме“. „Годинава го кршиме малерот. Кога започна фестивалот, кино салите почнаа да се затвораат, а сега повторно има кино проекции во „Милениум“, посочи продуцентот Иво Антов, информирајќи дека во програмата освен проекциите во кино салите, се планирани низа настани што ќе се одвиваат во неколку кафулиња, во Старата скопска чаршија и во центарот на градот: Како поддршка на започнатиот „Велофест“, ќе биде реализирана и кино - проекција што публиката ќе може да ја следи на велосипед.

Со ретроспектива на дел од творештвото на Федерико Фелини, организирана по повод 90 годишнината од неговото раѓање, и во ова фестивалско издание ќе продолжи традицијата на презентирање на аудио визуелното културно наследство. Филмовите ќе бидат прикажувани шест дена во Кинотека на Македонија, почнувајќи од 22 април. Ќе можат да се погледнат познатите дела на италијанскиот мајстор на филмот, „Белиот шеик“, „Пробисвет“, „Сладок живот“, „Џулиета и духовите“, „Казанова“ и „Градот на жените“, а на отворањето на фестивалот, ќе присуствува директорот на Фондацијата Федерико Фелини, Виторио Боарини. Новина годинава е воведувањето на награда за најдобар балкански филм, во рамките на програмата Кратки филмови, за која според Антов има голем одзив од балканските автори. Тој е задоволен и од големиот одзив за учество на авторите на веќе завршениот конкурс за едноминутен филм, а потенцираше дека годинава публиката ќе учествува во изборот на најдобриот филм на фестивалот. Таа ќе има можност во еден ден да погледне четири филма за влезница од 250 денари. Селектори на програмата 13 -то фестивалско издание се Татјана Јаневска, Тони Шариќ, Петар Митриќ и Владимир Ангелов.

Во главната програма меѓу другите ќе бидат прикажани „Антихрист“ на режисерот Ларс фон Трир, „Живот за време на војна“, на Тод Солонц, „Сериозен човек“ во режија на Итан и Џоел Коен и др, а програмата за авторски филм, ја чинат и филмовите ���Лебанон“ на Самуел Маоз, „Алтиплиано“ во режија на Питер Бросенс и Џесика Хоуп Вудворт, „Бела молња“во режија на Доменик Марфи, „Прикривање“ на Хенрик Хелстром и Фредрик Вензел и др.


#
Статијата е прочитана 346 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
МОБ со подобрени услови за работа
Оперската певица Дешира Ахмети настапи во Равена
Избраните дела на Ристо Лазаров - оригинално издание на Саемот
Проекција на „Катињ“ во МКЦ
Александар Поповски го извлече најдоброто од актерите во „Гавела“