Проекција на „Катињ“ во МКЦ
По повод обележувањето на седумдесетгодишнината од масакрот во Катињ, и неодамнешната трагична несреќа во која животите ги изгубија Претседателот на Република Полска, Лех Качињски и голем дел од полската државна и политичка елита, Амбасадата на Република Полска во соработка со Младинскиот културен центар, организира вонредна филмска проекција на која ќе биде прикажан филмот „Катињ“ во режија на Анджеј Вајда.
Станува збор за еден од позначајните филмски остварувања на полската кинематографија, во кој се обработува еден од најконтроверзните и најболните настани од Втората светска војна, кој и до ден денес сеуште не и доволно познат на пошироката јавност.
Проекцијата е закажана за в понеделник во 20 часот. (Н.П.) |