Број 3260  сабота, 17 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Култура

Избраните дела на Ристо Лазаров - оригинално издание на Саемот

Здружението на издавачите и книжарите на Македонија вчера ги врачи традиционалните награди

Невена Поповска

Во рамките на Саемот на книгата вчера беа доделени традиционалните награди за најдобро издание, најдобар книжар и најдобар библиотекар. За наградите одлучуваше петчлена комисија во состав: Паскал Гилевски, Горјан Петревски, Али Фахри, Ресул Шабани и Димо Димчев. Така, за најдобро оригинално издание, едиција или проект од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу два саема е избран проектот „Избрани дел“ од Ристо Лазаров, издание на „Дијалог“; наградата за најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга едиција, сликовница меѓу два саема им се додели на „Избраните дела“ од Вехби Исмаили, издание на „Logos-A“ и „Библиотеките во Битола“ од Анета Стефановска и надица Ѓорѓиевски, издание на НУУБ „Св Климент Охридски“-Битола. За најдобар книжар беше прогласен Бошко Ристов од книжарницата бр. 6 на „Просветно дело“ во Струмица, а плакетата за најдобар библиотекар и припадна на Наде Ивановска од Градската библиотека „Тане Георгиевски“,Тетово.

По отворањето на саемот на сите штандови, односно на сите издавачи им биле поделени известувања и пријави, како и апликациони листи за самостојно конкурирање со конкретен предлог на свое издание за награда. Според членовите на комисијата пристигнале скромен број пријави, а некои од изданијата кои конкурирале не соодветствувале со пропишаните пропозиции од Правилникот за наградување на Здружението на издавачи и книжари на Македонија и биле исклучени од разгледување. Членовите на комисијата се добри познавачи на пишаниот збор и поседуваат умешност за препознавање на добра книга, така што успешно ја совладале тешката задача да ги издвојат најдобрите дела.

Претходниот ден на Канадската писателка за деца, Криста В. Јохансен, која беше специјален гостин на 22. Меѓународен саем на книгата во Скопје, и беше врачена наградата „Ана Франк“ што и' ја додели издавачот „Феникс“. Жирито на наградата „Ана Франк“ ја награди писателката за книгата „Тори и принцот-змија“ поради нејзината магична авантура полна со акција и неодолив хумор.

Јохансен е авторка на десетина фантастични и научно-фантастични романи за деца и млади, збирки на раскази за возрасни, како и серијата на сликовници „Пипин и Мејбл“. Член е на Сојузот на писатели на Канада, Толкиновото здружение, како и Друштвото за проучување на раноанглиски текстови. Добитничка е на повеќе национални награди за литература, меѓу кои Наградата за рана ��етска писменост (2000), наградата „Френсис Е. Расел“ за истражување на детската литература (2004), наградата „Лила Стирлинг“ од Канадското друштво на писатели (2006) и наградата „Ен Конор Бример“ (2008).

Таа присуствуваше на промоцијата на македонското издание на нејзиниот фантастичен роман за деца „Тори и принцот-змија“, објавен од издавачката куќа „Вермилион“, со превод од англиски јазик на Марија Тодорова. За време на настанот авторката потпишуваше книги за посетителите на штандот на „Вермилион“.


#
Статијата е прочитана 333 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
МОБ со подобрени услови за работа
Скопскиот филмски фестивал со 70-ина филма
Оперската певица Дешира Ахмети настапи во Равена
Проекција на „Катињ“ во МКЦ
Александар Поповски го извлече најдоброто од актерите во „Гавела“