ДУП-овите под контрола на Градот
Градот Скопје да дава согласност, а не само мислење за деталните урбанистички планови што ги изработуваат општините, а согласноста ќе се обезбеди со промена на Законот за Град Скопје. Ова е заедничкиот заклучок од средбата на градоначалничкиот кандидат Коце Трајановски со архитекти, урбанисти и членови на Партиципативното тело за урбанизам. Трајановски образложи дека високо на неговата агенда се наоѓа измената на Генералниот урбанистички план, која ќе започне веднаш, а планира да ја заврши за две години.
Стручната јавност, а особено Градот Скопје, во иднина мора да има поголема контрола и врз процесот на донесување, но и на реализација на деталните планови. Општините ќе мора доследно да го почитуваат Генералниот урбанистички план, особено застапеноста на јавните простори, како што се зеленилото и паркиралиштата, кои се занемарени во борбата за поголема искористеност на просторот. (С.Н.)
|