Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Албанските кандидати за Бутел без надеж за победа

Зад шестмина кандидати стојат партии, а само еден е независен

 

Снежана Калабакова



Во Општина Бутел, покрај актуелниот градоначалник Петре Латиновски, мандат од граѓаните на локалните избори ќе борат уште шестмина кандидати. Од нив еден е независен, а зад другите стојат политички партии. Четворица од седутемина кандидати се Албанци, Но, иако побројни, тие не се убедени дека во општина во која најголем процент од населението се Македонци, за градоначалник може да победи албански кандидат. Латиновски со поддршка на матичната партија ВМРО-ДПМНЕ ќе бара втор мандат од граѓаните. Роден е 1954 година, а по професија е дипломиран професор по географија и се занимава со семеен бизнис. Првото вработување му било во Средното економско училиште „Арсени Јовков“, а четири години ги поминал и како директор. Тој е член на Географското друштво на Македонија и учесник во изработка на програмите по географија за средното стручно образование.

Зад Баки Мустафа не стои политичка партија и тој изборната трка за градоначалник на Бутел ќе ја трча како независен. Роден е 1975 година, а завршил Педагошки факултет. Првото вработување му било во полициската станица во Бутел, а по дообуката во Букурешт, бил ангажиран во МВР во Одделението за борба против наркотици. Веќе две години е вработен како технички директор на градски гробишта „Бутел“.

И неговиот колега од Нова демократија, Мамер Шабани, има завршено Педагошки факултет. Тој има 45 години и веќе четири години работи како универзитетски професор на Педагошкиот факултет во Скопје. Првото вработување го остварил како наставник во основно училиште во општината во која живее и сега. Шабани досега не бил на политичка функција и првпат влегува во политиката.

Фа��мир Зука се кандидирал за градоначалник по наговор на сопартијците од ДПА. Тој е правник, роден е во 1985 година и е татко на два сина.

„Не се занимавам со она што студирав и работам во приватна трговска фирма. Во ДПА сум од нејзиното формирање. Се кандидирав по сугестија на моите сопартијци и покрај тоа што не се надевам дека ќе победам. Сите сакаат да станат капетани на лаѓа, па си реков, ајде да пробам и јас“, се шегува Зука.

Во градоначалничката трка за Бутел изборниот круг на локалните избори ќе го трча и Исмаил Абази, кандидат на ДУИ. Тој е стоматолог, а роден е 1957 година. Сега е директор на Студентскиот дом „Пелагонија“, а претходно директорувал и во средношколскиот дом „Томе Стефановски-Сениќ“. Вели дека ако стане градоначалник полесно ќе може да менаџира со локалните проблеми, бидејќи тоа го работи и сега.

За гласовите од граѓаните ќе се бори и Љубомир Кајсторовски, кандидатот за градоначалник од ЛДП. Роден е 1949 година во Скопје, студирал машинство во Австрија и како дипломиран машински инженер првото вработување го добил во автомобилска компанија во Австрија, а потоа преминал да работи во текстилна фабрика. Од 1987 е приватен стопанственик и сопственик на текстилен погон. Татко е на две ќерки, од кои едната е негов застапник за кандидатурата. Таа е копилот во ЈАТ и за својот татко вели дека знае да препознае добра идеја и попусто не дава ветувања.

Од опозицискиот СДСМ кандидат за градоначалник е Миодраг Цениќ, роден 1947 година. Тој е дипломиран политиколог, а работи како новинар во неделникот „Поглед“. Истовремено, е и претседател на Општинската организација на СДСМ, а бил и член на Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“. Неговиот застапник за кандидатурата вели дека тој е единствен претседател кој има службено возило, а се вози со автобус.

 


Статијата е прочитана 454 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Градот Скопје како посебна урбана целина
Ќе се заменат 18 километри азбестни водоводни цевки
ДУП-овите под контрола на Градот